Некогаш озболно мислам дека комуњариве ги прават овие профили и коментари само за да се смееме на Вмро-овците
Значи, постираш податоци, јас ти враќам официјални податоци од НБ дека не е баш така - ти ми враќаш дека било криза ?
Вака, самите бројки не се секогаш реален показател дека народот живее подобро.
Како да ти објаснам сликовито ? Ако на Минчо наеднаш му се качи цената на челикот за 1000%, приходите на неговата Железара ќе зе зголемат, ама корист ќе има само Минчо, да не мислиш дека ќе им качи плата на работниците.
Може да се качи БДП во една држава, ама ако тое е резултат на 2-3 фирми, каде што целиот ќар оди кај 2 газди, не значи дека и народот има аир.
Понатаму, расте извозот. Точно. Може да го гледаш така.
Ама ако гледаш пошироко ќе видиш дека истовремено ти расте и увозот. Е сега, ако анализираш и видиш дека се зголемил прилив на девизи за 2 милј. а истовремено ти се зголемил одливот на девизи за 3 милј. тоа не е ситуација за фалење, напротив, ти се зголеми ( ионака ) негативниот трговски биланс !
Даље, не знам од каде ти се податоците за зголемено земјоделско производство. Ако гледаш на стат.гов.мк, мислам ( барем кога јас последен пат сум гледај ) дека со исклучок на 2-3 артикли, во глобала производството -паѓа ! Викаме дека сме земјоделска земја, а сме зависни од увоз на храна ! Гледај ги битните ставки - зависиме од увоз на сточна храна ( што автоматски значи дека не можеме да имаме евтино производство ), не покриваме потреби од месо, млеко !!! Ј*бала те земјоделска земја....
Намалување на невработеноста е друга прича...Обична игра со бројки.
Ако напикаш 100,000 луѓе по администрација, да, ќе ти се намали невработеноста, ама тука нема ништо добро, напротив, си го оптеретил стопанството.
Ако отвориш 100 факултети и младите наместо во завод, ги запишеш студенти, ако ти се отсели од државата , пример, 200,000 работоспособно население, и тоа како ќе имаш ( како бројка ) намалување на невработеноста !
Ама колку е тоа добро......[DOUBLEPOST=1442481165][/DOUBLEPOST]Еве една анализа на темата
НАМАЛЕНА НЕВРАБОТЕНОСТ: „Македонија вработува“ или „Македонија исселува“?
“Намалената стапка на невработеност е резултат на неколку мерки, односно фактори. Најпрво, тука се вработувањата во администрацијата. Потоа следуваат мерките на Владата за вработување во приватниот сектор, кои се нарекуваат активни мерки но тие имаат краткорочен ефект и се со буџетска поддршка. Сега се случува и операцијата за трансформација на вработени во државен сектор, и сите овие мерки имаа повеќе козметичка отколку економска димензија“
Еден од факторите кои имаат рефлексија на состојбата со намалување на невработеноста е токму одливот на работоспособно население во странство.
Според последните достапни мерења што ги спроведе Светска Банка, земјава веќе се соочува со драматичен одлив на граѓани. Од 1998 до 2011 година се отселиле 230 000 жители, односно 10 отсто од вкупниот број. Ако се продолжи со ова темпо, според проценка на Светска банка до 2030 година ќе има помалку од 1,8 милиони жители, наспроти сегашните 2,1 милион. Голем дел од исселените не само што се работоспособни, туку главно се и високо едуцирани лица, кои во потрага по егзистенција и подобар квалитет на живот, секојднавно ја напуштаат земјава