Нено Богдан има бравурозна теза во својата колумна во најновиот број на неделеникот Фокус:
Зарем има поубава политичка опција од тоа ем цело време дабиваш кредити од Запад ем цело време да плукаш по тој истиот Запад? И да тераш инает и ништо од неговите барања да не исполнуваш, знаејќи дека колку повеќе не го фермаш, толку повеќе кредити ќе ти даде, демјек - за да те купи конечно, со се душата? Сигурно ќе си помисли секој што тера таква политика "колку ли се само глупави овие што ми даваат кредити, очекувајќи да бидам покорен, а јас не ги вртам ни два посто, и они пак ми даваат кредити"!
И свињата сигурно си вика така кога гледа дека ем не мора да се мази како мачето и кучето, ниту пак мора да работи ништо како коњот и магарето ем не мора да дава ни млеко ни волна ни јајца како кравата овцата и кокошката, и сепак добива храна редовно, дури и кога не го ферма оној што ја храни ни два посто!
Но свињите освен што поради анатомијата на нивниот врат не можат да ја кренат главата и да ги видат ѕвездите, исто така поради тоа што се животни не можат да ја видат ни својата иднина и причината поради која толку упорно ги храни нивниот сопственик.
Колку повеќе јаде толку подебела е свињата, па потешко ќе и биде да избега или да се одбрани кога ќе дојде касапот со сатарот да ја заколе. Колку повеќе една влада може да зема кредити и да ги троши за купување гласови толку повеќе нејзините гласачи ќе ги заглави да бидат зависни од субвенции пензии и плати во администрација и толку потешко ќе и биде да тера инает кога ќе дојде заканата за секнување на кредитите.