Македонија може само да се извади од тињата у која што тоне ако иј текнеда почне да ги развива примарните индустрии.
1.Да се отвараат фабрики, да се стимулира земјоделството(ама не со субвенции од 2000 денари), да се развива металургијата и да се инвестира во образованието.
Од овие 4 гранки на индустрија што ги набројав горе (3+образование) ништо не ни е ни на просечно ниво у државава, а не пак нешто задоволително.
2.Ако сакаме да го зголемиме влезот во буџетот мора да се стимулира извозот. Ние дури ги увезуваме во огромен процент во Македонија и оние продукти кои овде ги имаме во изобилство: овошје, тутун, алкохолни пијалоци.... и притоа никој не им дава до свест на граѓаните зошто треба да се одлучат за домашни производи.
3. Огромен дел од позајмените пари се искористени за инвестиции (кои отишлуе у курац) што никад нема да се вратат: пензии, превработена администрација, превработеност во војска и полиција, измислување на непостоечки работни позиции, споменици, објекти и слично. За разлика од тоа, местата каде што треба да се развиваат индустриите од точка 1., фабриките, образовните центри и друго не е ни тревата искосена а не па нешто повеќе. Сетете се само на ситуацијаа по училиштата и студентските домови.
Според мојата пресметка секој од нас, секој граѓанини на РМ должи на државата по 1400 евра јавен долг.
Овие пари ќе ни бидат наплатени на еден или на друг начин (присилно).
Ова го зборам затоа што не дека неможе да се среди работата, да се расчистат превработените, да се инвестира во примарните индустрии и слично, а затоа што никоја влада до сега не прикажала интерес за да чепне во овие теми, и наместо да се трудиме нешто да се подобри, продолжува лудилото на превработување во администрацијата, полицијата и слично, се цица буџетот, се позајмуваат пари што не ги "произведуваме" на никој начин, и на крај ќе растат даноци и цени во недоглед, ќе казнува полицијата за секоја минимален прекршок затоа што треба да се полни буџетот и на еден или на друг начин ќе си ги платиме сите, кој повеќе кој помалу, во просек своите 1400 евра и ќе продолжиме да и се смееме на Грција колку е сиромашна, а тие незнаат колку пари имаат, ќе продолжат медиумите да не убедуваат колку богато живееме, а гледаш дома дека платата ти стига одвај за до пола месец и ќе си останеме престрижани овци се до некои темелни реформи.
Со оглед дека ја раширив малу темава, конкретно на прашањето, да, Македонија може да ги врати кредитите, ако уште денеска го среди проблемот со превработеноста и ако уште денеска почне да со тие пари да инвестира во земјоделие, металургија, фабрики, и образование, ако форсира домашни производи и намален и ограничен увоз.
Другата варијанта, да Македонија може да ги врати кредитите ако удри дирекно по џеот на правните и физичките лица, ако казнува за секој погрешен поглед, со тоа ако собере во просек по 1400 евра од човек, така множено со 2 милиона, да се добијат 2милијарди и 800 милиона колку што беше јавниот долг претходниот месец на РМ.