АНАЛИЗА: Каква должничка иднина не чека?
Детали
Создадено на Понеделник, 12 Мај 2014 14:05
Датум на објавување
Категорија:
Економија
Двојниот изборен циклус и оваа година ги помати економските сметки – дупката во државната каса тешко ќе се оддржи на планираното ниво, а токму буџетскиот дефицит практично значи – задолжување, без разлика дали е од домашни или странски кредитори.
Очекувањата и проекциите за буџетскиот дефицит, односно за Јавниот долг, на домашните и на меѓународните финансиски се различни. Според Европската Комисија дефицитот за оваа година нема да изнесува 3,5%, како што напиша Владата туку 4,2% од БДП. И во најновото истражување на Центарот за економски анализи се посочува дека Владата прокетира стапки на раст и буџетски дефицити што потоа самата ги пробива или не ги почитува.
Што прогнозира Меѓународниот фактор?
Таргетите на Владата за консолидација на буџетскиот дефицит, односно забавување на темпото на идни задолжувања тешко дека ќе се оставри. Во својот најнов “Пролетен Извештај“ Европската Комисија предвиде раст и на буџетскиот дефицит и на Јавниот долг. Со слична проекција излезе и Меѓународниот Монетарен Фонд.
Проекции на Европската Комисија:
„Оваа година, целта за општ дефицит е поставена на 3,5 проценти, а на 3,2 отсто за 2015 година. Сепак, изворот на буџетски заштеди за поддршка на консолидацијата е нејасен. Амбициозната програма за јавни инвестиции, зголемувањето на пензиите и другиот пренос на плаќања, како и понатамошното предвидено зголемување на платите во јавниот сектор, укажуваат дека ќе продолжат притисоци врз вкупните трошоци. Владата останува посветена на ниските даноци и плановите за намалување на соодносот на приходите на 31,3 отсто од БДП меѓу 2014 и 2016 година. Генерално, дефицитот може да се прошири во 2014 година и да продолжи, ако трошењето продолжи по изборите“, се наведува во прогнозата.
Еве што прогнозира преку бројки Европската Комисија:
Буџетски дефицит:
2013 -4,1%
2014 -4,2%
2015 -3,9%
Долг на Општа Влада:
2013 36,0%
2014 38,7%
2015 40,8%
Прокеции на Меѓународниот Монетарен Фонд:
Веќе втора недела во Македонија престојува тим на ММФ предводен од шефицата на мисијата Ивана Владкова Холар. Постизборно, но во редовна контрола фондовците се контрола која треба да покаже дали економијата е во адекватна финансиска кондиција навреме да ги плаќа долговите, особено оние кон странство.
Како лреходница на оваа контрола, на почетокот од годинава Бордот на директори на ММФ ја објави оценката за тоа како Владата го трошеше заемот за Кредитна претпазливост што го зеде во 2011 та година, токму пред предвремените парламентарни избори.
Директорскиот Борд на ММФ очекува позитивни стапки на економски раст, кои во следните неколку години ќе достигнат и до 4%, но во исто време и нтамошен раст на задолжувањата. Во оценката се посочува и на кредитите што ги земаат Јавните претријатија а зад кои како гаранција стои државата.
“Јавното претпријатие за државни патишта потпиша кредитна линија од 550 милиони евра со кинеската Ексим банката, која треба да биде
исплатени во текот на 2014-2018 година. Македонската банка за развој
(МБПР) има склучено договор за дополнителни кредитна линија од околу 100 милиони евра од ЕИБ. Генерално, се предвидува дека
Јавниот долг ќе се зголеми од 41% до 49 проценти од БДП во периодот од 2013 та до 2018 та година“ – пишува во оценката на ММФ.
Според најновите прогнози на ММФ, обелоднети на Пролетните средби на Фондот и на Светска Банка, македонската економија ќе продлжи со растечки стапки на БДП, кои во 2019 та година би достигнале 4%.
Проекција за раст на БДП:
2014 3,1%
2015 3,4%
2016 3,8%
2017 3,9%
2018 4,0%
2019 4,0%
За три години треба да вратат скоро 1 милијарда евра...
Според “Фискална стратегија“ Владата прокетираше поголем оптимизам за период што доаѓа. За две години, според владините прогнози економијата ќе испорача раст од цели 4,5%. Заздравувањето на приватниот сектор, според оценките, е клучната причина за овие очекувња. Еве какви стапки на раст предвидува Влада:
2014 3,2%
2015 3,8%
2016 4,5%
Во исто време Владата прокетираше намалување на буџетскиот дефицит, едни бројки на хартија но во реалноста состојбата е поинаква.
Така, според “Фисканата стратегија“ лани буџетскиот дефицит изнесувал 3,6% од БДП ( годината заврши со дефицит од скоро 4%, а според Европската Комисија тој изнесувал 4,1%), за годинава Владата прокетираше дефицит од 3,5% ( според прогнозите на ЕК тој ќе изнесува 4,2%), во 2015 прокетиран дефицит од 3,2% ( според прогнозите на ЕК 3,9%).
Според податоците во 2014 та, 2015 та и во 2016 та година по основ на отплата на домашни и странски задолжувања за финаисрање само на буџетскиот дефицит, Македонија треба да плати 950 милиони евра односно скоро 1 милијарда евра долг кон домашни и странски кредитори.
“Државниот долг е планирано да се задржи во проектираните рамки, односно да има умерен раст кој нема да ја загрози оддржливоста на јавните финансии, па оттука се очекува државниот долг да не надмине ниво од 37,6% од БДП на крајот од 2016 година.“ – пишува во “Фискалната стратегија“.
Според најновите, достапни податоци на Министерството за финанасии, заклучно со првиот квартал, односно со месец март, Јавниот долг на Централната Влада изнесува 2 милијарди и 850 милиони евра или 35,7% од БДП.
Експертите од Центарот за економски анализи во последното најново истражување посочија дека Владата проектира стапки на економски раст и на буџетски дефицит што потоа не се исполнуваат односно се пробиваат.
“Владата редовно проценува и пристрасни, многу повисоки стапки на раст со голема статистичка грешка што укажува на низок квалитет на макроекономските проценки. Владата редовно го пробива планот за буџетскиот баланс, не ги почитува сопствените фискални правила и покажува пристрасност кон буџетски дефицити“ – се посочува во истражувањето на ЦЕА.
За да се одржи ниво на Јавен долг околку 34% од БДП, според пресметките на економистите годинава Буџетот треба да заврши, не со минус во буџетската каса туку со суфицит нешто над нулата.
извор: Порталб
http://portalb.mk/CategoryContent/RenderSingleContent/71-Analiza-ekonomike/39602-ANALIZE-cfare-ardhmerie-me-borxhe-na-pret- [DOUBLEPOST=1399929001][/DOUBLEPOST]------------------------------------------------------------------------------------------------------
Инаку интересот за ова во јавноста спадна. Очигледно единствена причина за форсирање на оваа тема беше СДСМ во 2012/2013. Ова не е на агенда веќе на СДСМ и сите „заборавија“ или беа платени за да памтат.