Може ли Македонија да ги врати воопшто кредитите што ги зема?

Член од
5 ноември 2012
Мислења
2.807
Поени од реакции
6.248
Владата в година ќе се задолжи со 473 милиони евра

Владата идната година треба да обезбеди 473 милиони евра преку задолжувања за да го финансира буџетскиот дефицит, но и за да ги врати старите долгови, покажуваат пресметките од Буџетот за 2014 година

Владата се задолжи за уште 115 милиони евра!

Денеска се одржаа три аукции на државни записи и две аукции на обврзници, едната со рок на доспевање од 2 години, а другата со рок на доспевање од 5 години. Инаку, денешната аукција е прва по едномесечната пауза.


( јака пауза направиле ? )

Расте јавниот долг: на домашен терен задолженост од 1 милијарда евра!

Нов пораст на Јавниот Долг. Заклучно со август државата дома и во странство, должи 2 милијади 687 милиони евра или 33,8 % од Бруто Домашниот Производ.

http://www.utrinski.mk/?ItemID=6C9B041C4FBB4C46970C7EBCE4287809

...Аукциите на државните хартии од вредност не се воопшто некоја интересна тема за овдешното граѓанство, но од нив може многу да се дознае за тоа како им оди во моментов на државните финансии.
Токму завчера, на пример, тие покажаа дека на Владата ургентно и' недостигале пари, за да може непречено да ги „кешира“ платите, пензиите, добавувачите...
Таа мораше во само еден ден да позајми дури 115 милиони евра, од кои 77 милиони експресно заминаа како отплати на стари долгови, а другите 38 останаа во буџетската каса и ќе се трошат за „други буџетски потреби“. За кои, засега не е познато.
само се знае дека овие 38 милиони евра се нов долг кој ќе се наталожи на македонската државна сметка....
( некој претходно спомна СПИРАЛА ? )

Добро утро Македонијо !
 
Член од
15 мај 2012
Мислења
117
Поени од реакции
79
Државата во седум дена, преку три огласи, отвори 2.300 работни места, исто колку што за седум години се вработени луѓе во фабриките во Бунарџик и сите слободни економски зони...

Сега се бараат нови 500 милиони евра од домашните банки ...

1379703_10151770681064773_559602689_n.jpg

Очигледно Македонија се уште не е дојдена до ситуација кога мора да објави банкрот.
Додека има од каде да се полни буџетот и додека државата може да се задолжува, работите ќе се тркалаат...
Но, компаниите за жал се во многу слаба кондиција. А во моментот кога државата ќе достигне плафонот со задолжувањата ќе стигне и вистинската цена на економските нелогични потези.
Тогаш веројатно ќе го гледаме истиот филм кој го гледаа граѓаните во Хрватска, Србија, Словенија, Грција...
 
Член од
5 ноември 2012
Мислења
2.807
Поени од реакции
6.248
Ново задолжување: На Владата и требаат 63 милиони евра!

По еднонеделно затишје, во вторник, на 15 ти октомври владата повторно ќе се задолжува на домашен терен. Преку две аукции на државни записи и една аукција на државна обврзница, ќе се обиде да обезбеди скоро 63 милиони евра од домашните кредитори.
Според веќе објавените податоци, најголем дел од парите, или 60,6 милиони евра ќе треба да се обезбедат преку продажба на краткорочни хартии од вредност за кои се нуди камата од 3,15 % односно 3,60%, во зависност од валутната клаузула. Обврзницата, со рок на доспевање од 5 години ќе се понуди со купонска камата од 4,60%.
Последното задолжување на домашен терен се случи на 1 во октомври кога државата планираше да обезбеди 77 милиони евра, но на крајот од денот се задолжи со скоро 115 милиони евра, или 40 тина милиони евра повеќе од првичниот план.
 
Член од
5 ноември 2012
Мислења
2.807
Поени од реакции
6.248
Ај да го одржиме континуитетот

Владата денес ќе се задолжи за 37 милиони евра, за утре да ги искористи за враќање стар долг

Владата за денеска планира да се задолжи со 37 милиони евра, а според распоредот, парите ќе ги потроши уште утре за да се раздолжи со домашните кредитори за истиот износ.
 

Xibalba

Corona Australis
Член од
24 јануари 2012
Мислења
6.094
Поени од реакции
11.502
Ај да го одржиме континуитетот

Владата денес ќе се задолжи за 37 милиони евра, за утре да ги искористи за враќање стар долг

Владата за денеска планира да се задолжи со 37 милиони евра, а според распоредот, парите ќе ги потроши уште утре за да се раздолжи со домашните кредитори за истиот износ.
Силен пораст на долгорочните задолжувања!


Иако планираше да се задолжи со 37 милиони евра, Владата од домашните кредитори позајми 44,1 милион евра, или 7 милиони евра повеќе. И на вчершната аукција на државни записи интересот на банките, пензиските фондови и осигурителните компании беше поголем од понудата. На ваков начин, Владата обезбеди 37 милиони евра за да ги врати старите долгови по основ на доспеани записи, а во државната каса останаа за трошење уште доплнителни 7 милиони евра.
 
Член од
31 октомври 2013
Мислења
49
Поени од реакции
47
Одам вчера до кај комшивката на гости и гледам уклучила ринглите на тројка, машината на центрифуга, ќерка и со фенот и пеглата нешто се спрема за излазак, мажот го попуштил телeвизорот да се слуша до осми спрат. Абе резил! И тоа на скапа, можете да си замислите. И после ќе имало дефицит и требало кредити да се земаат. Епа ќе треба како ами. Ама ако само така ќе се научат на ред, оп криза и нема шетање низ стан по танги.
 

Stefus Corp.

Рационална Коза
Член од
22 август 2012
Мислења
2.097
Поени од реакции
1.821
АНАЛИЗА: Каква должничка иднина не чека?
Детали
Создадено на Понеделник, 12 Мај 2014 14:05
Датум на објавување
Категорија: Економија


Двојниот изборен циклус и оваа година ги помати економските сметки – дупката во државната каса тешко ќе се оддржи на планираното ниво, а токму буџетскиот дефицит практично значи – задолжување, без разлика дали е од домашни или странски кредитори.

Очекувањата и проекциите за буџетскиот дефицит, односно за Јавниот долг, на домашните и на меѓународните финансиски се различни. Според Европската Комисија дефицитот за оваа година нема да изнесува 3,5%, како што напиша Владата туку 4,2% од БДП. И во најновото истражување на Центарот за економски анализи се посочува дека Владата прокетира стапки на раст и буџетски дефицити што потоа самата ги пробива или не ги почитува.

Што прогнозира Меѓународниот фактор?

Таргетите на Владата за консолидација на буџетскиот дефицит, односно забавување на темпото на идни задолжувања тешко дека ќе се оставри. Во својот најнов “Пролетен Извештај“ Европската Комисија предвиде раст и на буџетскиот дефицит и на Јавниот долг. Со слична проекција излезе и Меѓународниот Монетарен Фонд.

Проекции на Европската Комисија:

„Оваа година, целта за општ дефицит е поставена на 3,5 проценти, а на 3,2 отсто за 2015 година. Сепак, изворот на буџетски заштеди за поддршка на консолидацијата е нејасен. Амбициозната програма за јавни инвестиции, зголемувањето на пензиите и другиот пренос на плаќања, како и понатамошното предвидено зголемување на платите во јавниот сектор, укажуваат дека ќе продолжат притисоци врз вкупните трошоци. Владата останува посветена на ниските даноци и плановите за намалување на соодносот на приходите на 31,3 отсто од БДП меѓу 2014 и 2016 година. Генерално, дефицитот може да се прошири во 2014 година и да продолжи, ако трошењето продолжи по изборите“, се наведува во прогнозата.

Еве што прогнозира преку бројки Европската Комисија:

Буџетски дефицит:

2013 -4,1%

2014 -4,2%

2015 -3,9%



Долг на Општа Влада:

2013 36,0%

2014 38,7%

2015 40,8%



Прокеции на Меѓународниот Монетарен Фонд:

Веќе втора недела во Македонија престојува тим на ММФ предводен од шефицата на мисијата Ивана Владкова Холар. Постизборно, но во редовна контрола фондовците се контрола која треба да покаже дали економијата е во адекватна финансиска кондиција навреме да ги плаќа долговите, особено оние кон странство.

Како лреходница на оваа контрола, на почетокот од годинава Бордот на директори на ММФ ја објави оценката за тоа како Владата го трошеше заемот за Кредитна претпазливост што го зеде во 2011 та година, токму пред предвремените парламентарни избори.

Директорскиот Борд на ММФ очекува позитивни стапки на економски раст, кои во следните неколку години ќе достигнат и до 4%, но во исто време и нтамошен раст на задолжувањата. Во оценката се посочува и на кредитите што ги земаат Јавните претријатија а зад кои како гаранција стои државата.

“Јавното претпријатие за државни патишта потпиша кредитна линија од 550 милиони евра со кинеската Ексим банката, која треба да биде

исплатени во текот на 2014-2018 година. Македонската банка за развој

(МБПР) има склучено договор за дополнителни кредитна линија од околу 100 милиони евра од ЕИБ. Генерално, се предвидува дека

Јавниот долг ќе се зголеми од 41% до 49 проценти од БДП во периодот од 2013 та до 2018 та година“ – пишува во оценката на ММФ.

Според најновите прогнози на ММФ, обелоднети на Пролетните средби на Фондот и на Светска Банка, македонската економија ќе продлжи со растечки стапки на БДП, кои во 2019 та година би достигнале 4%.

Проекција за раст на БДП:

2014 3,1%

2015 3,4%

2016 3,8%

2017 3,9%

2018 4,0%

2019 4,0%

За три години треба да вратат скоро 1 милијарда евра...

Според “Фискална стратегија“ Владата прокетираше поголем оптимизам за период што доаѓа. За две години, според владините прогнози економијата ќе испорача раст од цели 4,5%. Заздравувањето на приватниот сектор, според оценките, е клучната причина за овие очекувња. Еве какви стапки на раст предвидува Влада:

2014 3,2%

2015 3,8%

2016 4,5%

Во исто време Владата прокетираше намалување на буџетскиот дефицит, едни бројки на хартија но во реалноста состојбата е поинаква.

Така, според “Фисканата стратегија“ лани буџетскиот дефицит изнесувал 3,6% од БДП ( годината заврши со дефицит од скоро 4%, а според Европската Комисија тој изнесувал 4,1%), за годинава Владата прокетираше дефицит од 3,5% ( според прогнозите на ЕК тој ќе изнесува 4,2%), во 2015 прокетиран дефицит од 3,2% ( според прогнозите на ЕК 3,9%).

Според податоците во 2014 та, 2015 та и во 2016 та година по основ на отплата на домашни и странски задолжувања за финаисрање само на буџетскиот дефицит, Македонија треба да плати 950 милиони евра односно скоро 1 милијарда евра долг кон домашни и странски кредитори.

“Државниот долг е планирано да се задржи во проектираните рамки, односно да има умерен раст кој нема да ја загрози оддржливоста на јавните финансии, па оттука се очекува државниот долг да не надмине ниво од 37,6% од БДП на крајот од 2016 година.“ – пишува во “Фискалната стратегија“.

Според најновите, достапни податоци на Министерството за финанасии, заклучно со првиот квартал, односно со месец март, Јавниот долг на Централната Влада изнесува 2 милијарди и 850 милиони евра или 35,7% од БДП.

Експертите од Центарот за економски анализи во последното најново истражување посочија дека Владата проектира стапки на економски раст и на буџетски дефицит што потоа не се исполнуваат односно се пробиваат.

“Владата редовно проценува и пристрасни, многу повисоки стапки на раст со голема статистичка грешка што укажува на низок квалитет на макроекономските проценки. Владата редовно го пробива планот за буџетскиот баланс, не ги почитува сопствените фискални правила и покажува пристрасност кон буџетски дефицити“ – се посочува во истражувањето на ЦЕА.

За да се одржи ниво на Јавен долг околку 34% од БДП, според пресметките на економистите годинава Буџетот треба да заврши, не со минус во буџетската каса туку со суфицит нешто над нулата.

извор: Порталб

http://portalb.mk/CategoryContent/RenderSingleContent/71-Analiza-ekonomike/39602-ANALIZE-cfare-ardhmerie-me-borxhe-na-pret- [DOUBLEPOST=1399929001][/DOUBLEPOST]------------------------------------------------------------------------------------------------------
Инаку интересот за ова во јавноста спадна. Очигледно единствена причина за форсирање на оваа тема беше СДСМ во 2012/2013. Ова не е на агенда веќе на СДСМ и сите „заборавија“ или беа платени за да памтат.
 
Член од
7 април 2012
Мислења
961
Поени од реакции
703
Абе што се секирате за враќање....и да дојде нож до коска ќе се качат цигарите 200 денари и нагоре...бензинот ке иде 200...ддв 30 %...персонален 25 %...и се ќе се оддолжи на нула...
 

Stefus Corp.

Рационална Коза
Член од
22 август 2012
Мислења
2.097
Поени од реакции
1.821
Абе што се секирате за враќање....и да дојде нож до коска ќе се качат цигарите 200 денари и нагоре...бензинот ке иде 200...ддв 30 %...персонален 25 %...и се ќе се оддолжи на нула...
Плус навработеност оди 40% и БДП -5-10% ништо страшно...додуше не дека ќе биде нешто наскоро од ова. Мене ми е повеќе од јасно дека проблемов не е акутен но кога и да е ќе дојде. Моја проценка е за окулу 10-20 години Македонија ќе заврши како Грција. Ама далеку се 10-20 години...:cautious:
 
Член од
5 ноември 2012
Мислења
2.807
Поени од реакции
6.248


---------------------------------------------------------------------------------------
Инаку интересот за ова во јавноста спадна. Очигледно единствена причина за форсирање на оваа тема беше СДСМ во 2012/2013. Ова не е на агенда веќе на СДСМ и сите „заборавија“ или беа платени за да памтат.
Кога ја отварав темата пред година-две целта ми беше поинаква. Нема врска со политички партии, иако на мислење сум дека последниве маме ни е*аа

Која е целта на непродукитвно задолжување ?
Ако сите држави се задолжени , кај кого се задолжени ?
Кој ги контолира парите ? Ако не грешам на на некој од големите банкари му се припишува изјава “ дајте ми контрола на парите во некоја држава и не ме интересира кој е на власт и какви закони има “
Дали некому ( можеби ) му одговара прекумерно задолжување ? Ако ДА, со која цел ?
Дали сме свесни за поим ДОЛЖНИЧКО РОПСТВО ?
Која е улогата на СБ и ММФ во тоа? Дали е случајно што Ставревски е нивни човек ?
Дали , пример, Исланд ќе ја поминеше кризата ако потклекнеше пот притисоците од ММФ и миграше по нивни препораки ?
На крај, зошто толку малку се земаат во обзир ставови од релевантни личности кои кажуваат интересни работи окулу целaта работа . И колку е вистина
Joseph Stiglitz, професор по економија на Статфорд, бивш председател на Светка банка
John Perkins
 

C R E S

Chelsea Fan!
Член од
30 јуни 2006
Мислења
3.515
Поени од реакции
1.266
Какви долгови бе луѓе што ви е на вас:pos:
Не пратите тв или што е работава,владата упорно не убедува дека државата цвета и дека сме најмалце задолжени од сите балкански земји.Само го чекам денот коа ќе отидеме у скурца.
 
Член од
21 септември 2010
Мислења
349
Поени од реакции
181
Кога ја отварав темата пред година-две целта ми беше поинаква. Нема врска со политички партии, иако на мислење сум дека последниве маме ни е*аа

Која е целта на непродукитвно задолжување ? KONTROLA/ROBSTVO
Ако сите држави се задолжени , кај кого се задолжени ? KAJ SVETSKA BANKA, MMF, FEDERALNITE REZERVI
Кој ги контолира парите ? Ако не грешам на на некој од големите банкари му се припишува изјава “ дајте ми контрола на парите во некоја држава и не ме интересира кој е на власт и какви закони има “ BANKARITE/SVETSKA ELITA....
Дали некому ( можеби ) му одговара прекумерно задолжување ? Ако ДА, со која цел ? DA, KONTROLA, TOTALNA KONTROLA I ROBSTVO
Дали сме свесни за поим ДОЛЖНИЧКО РОПСТВО ? MALKUMINA, MNOGU MAL PROCENT OD COVESTVOTO
Која е улогата на СБ и ММФ во тоа? Дали е случајно што Ставревски е нивни човек ? ZADOLZUVANJE, NE E SLUCAJNO
Дали , пример, Исланд ќе ја поминеше кризата ако потклекнеше пот притисоците од ММФ и миграше по нивни препораки ?
На крај, зошто толку малку се земаат во обзир ставови од релевантни личности кои кажуваат интересни работи окулу целaта работа . И колку е вистина
Joseph Stiglitz, професор по економија на Статфорд, бивш председател на Светка банка
John Perkins
 
Член од
28 мај 2008
Мислења
3.966
Поени од реакции
4.073
Абе што се секирате за враќање....и да дојде нож до коска ќе се качат цигарите 200 денари и нагоре...бензинот ке иде 200...ддв 30 %...персонален 25 %...и се ќе се оддолжи на нула...
Да бевме добра економија што ова може да го издржи, ти држи логиката. Со ова може само да се закопаме уште толку
 

Xibalba

Corona Australis
Член од
24 јануари 2012
Мислења
6.094
Поени од реакции
11.502
Ама далеку се 10-20 години...:cautious:
Со годишно задолжување од 4+ проценти тоа би му дошло на сегашните 40% плус нови 40 до 80% за 10-20 години. Зарем мислиш дека Мкд економија може да издржи 80 до 120% долг од БДП?
Јас им давам уште 5-6 години со ова темпо, најверојатно тиквата ќе пукне некаде 2019-2020 година.
 

Stefus Corp.

Рационална Коза
Член од
22 август 2012
Мислења
2.097
Поени од реакции
1.821
Со годишно задолжување од 4+ проценти тоа би му дошло на сегашните 40% плус нови 40 до 80% за 10-20 години. Зарем мислиш дека Мкд економија може да издржи 80 до 120% долг од БДП?
Јас им давам уште 5-6 години со ова темпо, најверојатно тиквата ќе пукне некаде 2019-2020 година.
4% e буџетски дефицит а не долг/БДП не земаш во предвид раст на БДП MMF veli 49% vo 2018 toa e OK i izdrzlivo najverojatno kje treba 70-80% za kriza a za toa kje treba da se ceka 2025-2030. Ako ne se smeni nesto.[DOUBLEPOST=1399968764][/DOUBLEPOST]
Кога ја отварав темата пред година-две целта ми беше поинаква. Нема врска со политички партии, иако на мислење сум дека последниве маме ни е*аа

Која е целта на непродукитвно задолжување ?
Ако сите држави се задолжени , кај кого се задолжени ?
Кој ги контолира парите ? Ако не грешам на на некој од големите банкари му се припишува изјава “ дајте ми контрола на парите во некоја држава и не ме интересира кој е на власт и какви закони има “
Дали некому ( можеби ) му одговара прекумерно задолжување ? Ако ДА, со која цел ?
Дали сме свесни за поим ДОЛЖНИЧКО РОПСТВО ?
Која е улогата на СБ и ММФ во тоа? Дали е случајно што Ставревски е нивни човек ?
Дали , пример, Исланд ќе ја поминеше кризата ако потклекнеше пот притисоците од ММФ и миграше по нивни препораки ?
На крај, зошто толку малку се земаат во обзир ставови од релевантни личности кои кажуваат интересни работи окулу целaта работа . И колку е вистина
Joseph Stiglitz, професор по економија на Статфорд, бивш председател на Светка банка
John Perkins
Toчно тогаш баш СДСМ тупеше за ова и се тепаа во парламентот. Тешко да е случајност.
Дека долгот е реален проблем тој е ама дека се беше политички исфорсирано и опозициски се гледа од небо. Да долгот е проблем ама е далеку од акутен.И дека постои некој светски заговор против МК тоа е ретардирана глупост.
Инаку јас ММФ и СБ не ги кривам напротив тие се „добрите дечки“ криво е нашето општество што има погрешни вредности и се однесува неразумно. Не е крив ММФ СБ ФЕД или НСП криви сме јас ти и Миле што сакаме социјална држава а немаме пари да го платиме тоа. Криви се обичните граѓани што веруваат и сакаат глупости. Проблемот е македонскиот социјализам и национализам.
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

На врв Bottom