Веќе се навестува пролетната модна сезона.Она што ќе биде интересно се едноставните парчиња облека наменети за секојдневните излегувања, во кои ќе доминира жолтата боја.Но ќе доминираат и едноставните лесни кроеви кои ивизможуваат релаксиран изглед и не се пренападни, при што овозможуваат "опуштени" движења низ улиците,по парковите, на терасите од кафе-баровите..Се работи за панталони кои не ја следат строго линијата на телото, туку едноставно се широки и имаат висока половина,а модните дизајнери советуваат тие да се носат со едноставни прошарани маички.Воодушевуваат и кратките фустани со апстрактни фигури, кои ја задржуваат балон-структурата од минатите сезони.Долгите фустани, пак, се тесни во горниот дел, а ширењето започнува надоле, од под градите.Кратките панталони кои личат на бермуди се комбинирани со кошули кои даваат малку претерана строгост, а она што е најбитно за да се разбие навидум едноставната нота на креациите се секако модните додатоци во вид на масивни ѓердани и алки изработени од дрво.
подоцна ќе ставам и слики:lollipop: