Пролет/Лето 2008ма
Оваа сезона има свеж,мек и лесен пролетен дух.
Свилени, проѕирни фустани, цветните дезени ќе расцветаат наоколу, додека слаткото виолетово и сите нејзини нијанси ќе бидат центарот на вниманието.
Женствено, заводливо и блескаво светло, светлиот и мек џинс ќе заземе битна позиција, како и лелеавите здолништа.
И последното задоволство? - Сликани материјали.
Амблемот кој мора да го имате? - Ѕвезди,ѕвезди и само ѕвезди.
Ultra Violet
Дизајнерите ги „облажија’’ колекциите свила и шифон во шеќерливи нијанси на виолетово - од најсветло до најтемно.
Меки платна, воздушест тул и нежниот сатен го даваат најгламурозниот изглед на фустаните кои се лесни за носење.
’’Јоргованот’’ е романтична боја. Префинета е, дава простор за надополнување со смели детали и не остава незабележаност.
Наборите и плисето му даваат посебен сјај на фустаните и мантилите.
Уметничка дозвола
Модата и уметноста се спојуваат оваа сезона и прават експлозија од сликани принтови.
Драматични абстрактни „нашлакани’’ и романтични акварелни слики ги обојуваат сите платна, од дневни до вечерни фустани и секое изгледа како ремек дело.
Графички дамки и распрснати измешани бои на коктел фустаните им даваат некој примерен артистички изглед. Колекциите се експериментирање со бои,платна и идеи. Но,сепак не правете “уметничка изложба’’ од себеси, оставете ги косата и шминката едноставни и природни.
Chloe; Dolce&Gabanna
Осветлете се!
Ставете го темното индиго настрана овој период, новиот џинс е блед и мек. Искинатите фармерки и излижаните тексасни јакни се повторно назад.
Chanel; Alexander Wang
Цветни дезени
Цветните дезени расцутуваат оваа сезона уште еднаш. Од едноставни, нацртани и весели до деликатни рози, маргарити, хибискус и азалеа.
Аголни кројки и претерано тесни силуети ги водат ретро цветните дезени, на вас останува само да го одберете цветниот дезен кој одговара на вашето расположение.
Balenciaga; Dries Van Noten
Точки,ѕвезди и риги.
Придружете и се на модната парада, пролетниот стил има празнувачкиот дух, како што дизајнерите одлучија да се збогуваат со класичните принтови.
Новиот гламур го носат петтокраките ѕвезди, точките и графичките риги.
Екстра големите точки даваат волуминозен ефект, додека новиот тренд ги носи широките фустанчиња-кошулици.
Anna Sui; Chanel
Глобализирање
Јапонско кимоно, афрички сафари принтови, индиски сари, американски вез...дизајнерите патувале низ светот далеку оваа сезона, носејќи дома декоративни изгледи со светски стил.
Вклучете го етно изгледот, етно марамите,шаловите, накитот, како и антилопот. Најважен деколте-израз оваа сезона е оној со едно голо рамено.
Etro; Oscar De La Renta
Проѕирен сјај
Парчиња од екстремно проѕирен шифон и органза лесна како пердув, креираат летен и воздушест изглед.
Жолтата цитрус боја е онаа што изненадува, проѕирноста дава впечаток на елеганција и леснина.
Fendi; Jil Sander
Обувките
Осигурајте се дека се екстравагантни.
Вртоглаво високи полни потпетици, гладијаторски сандали, и оние со еден отворен прст.
Stella McCarney; Dolce&Gabanna
Плико-ташни
Aко инвестирате во една специјална ташна оваа пролет, нека биде тоа плико-ташничка. Таа е новиот најкупуван аксесоар.
Што поголема,тоа подобро.
Аlessandro Dell'Aqua; Alexander McQueen
Фетиши
Шапки, каиши, очила за сонце и додатоци за коса се хитот од аксесоарите оваа пролет.
За оние посмелите можни се и турбаните, дебелите каиши што ја опфаќаат цела половина и очила од најмали до екстра-големини.
Уште подобро ако се дезенирани.
Karl Lagerfield; Marc Jacobs
Yves Saint Laurent; Michael Kors
:pletalka:

Alberta Feretti; Michael Kors