Модерно ропство

Член од
8 април 2012
Мислења
116
Поени од реакции
95
Откога го гледав филмот, ми се гади мобилниот...

Не е ни најмал проблем мобилниот ниту работата ниту технологијата! Напротив тоа е напредок и добро. Проблемот е во АЛЧНОСТА! Сопствениците на тие компании наместо да се збогатат на пример за 10-15 години тие сакаат и се збогатуваат за година - две. Тоа што треба да оди како плата за тие што копаат оди на сметката на сопственикот на компанијата. Проблемот е во човечките глави и степенот на цивилизираност на сите особено на богатите и образованите зашто тие се мерило и лице на цивилизацијата на човештвото на планетата.
 

Zaptija Stojkov

Комунист
Член од
23 февруари 2010
Мислења
3.133
Поени од реакции
2.772
Некои работи од модерното ропство во нашата земја последниве неколку недели:

Принудно/присилно одење на тие што се вработени во државните институции да одат на кампањи/прослави за поканата за влез во НАТО. Ќе му речат или ќе ојш или ак не ојш од понеделник да си бараш друга работа... Ма дали си бил болен, неарен ич никој не те опитвит...

Истото е и за предизборни кампањи, митинзи, демонстрации, штрајкови, протести, контрапротести... Ретко некој што оди од срце по такви работи...

Порано во античко време и во средниот век исто принудно народот го земале да биде публика во арените и да гледа и да навива како жртвата се бори со некое диво животно (тигар, лав или леопард)...
 
Член од
1 јуни 2011
Мислења
25.909
Поени од реакции
41.872
За да ги вработат кога трчаа тогаш арно им беше, ама имаа корист, а сега кога треба да враќаат за услугата не им одговара. Нека ги носат секоја недела.

Ако не им се допаѓа нека одат да работат во Грујовите фабрики во 3 смени.

Sent from my Mi A1 using Tapatalk
 

Zaptija Stojkov

Комунист
Член од
23 февруари 2010
Мислења
3.133
Поени од реакции
2.772
За да ги вработат кога трчаа тогаш арно им беше, ама имаа корист, а сега кога треба да враќаат за услугата не им одговара. Нека ги носат секоја недела.

Ако не им се допаѓа нека одат да работат во Грујовите фабрики во 3 смени.

Sent from my Mi A1 using Tapatalk
Истото ти е. Изборот е чума или колера, или пак змија или магаре...

Во Грујовите фабрики не си обврзан да одиш ни на митинзи, ни на протести ни на контрапротести, ама плата ќе земиш колку да платиш за ЕВН, ЈП Водовод, ЈП Комуналец, Нискоградба и рата дрва на Шумсконо...
 
Член од
1 јуни 2011
Мислења
25.909
Поени од реакции
41.872
Од тие што работат таму знам дека со третата смена доаѓаат до 350-400 евра плата плус редовно к15 и 13та плата. Покачија нема кој да им работи, ама таква слобода на работа, дома за викенд и празник нема. Е тоа не им се допаѓа на овие другите.

Sent from my Mi A1 using Tapatalk
 

Zaptija Stojkov

Комунист
Член од
23 февруари 2010
Мислења
3.133
Поени од реакции
2.772
Не само што нема дома за викенд и празник туку во некои од тие Фабрики Костал, ОДВ Електрик, за време на работното време им е забрането дури и муабет да прават. Муабет правење само за време на ручекот од пол сат. И мобилни не смеат да користат. Мобилните ги чуваат во шкафот во соблекувална или пак на капија...
 
Член од
1 јуни 2011
Мислења
25.909
Поени од реакции
41.872
Нема ни 30 дена одмор, нема ни секој ден предвремено напуштање на работното време, дремење на телефоните и цел ден паузи си прават, да завршуваат приватни обврски, да ги шетаат сите бутици и да ги знаат цените и акциите во сите маркети.
Кога ќе видиш сите убави работи ги имаат и за само еден притисок за време на избори се жалат. Ни тоа не можат да го издржат и ако не им одговара тоа влечење по митинзи и протести нека пробаат во такви фабрики да работат, таму нема да одат.

Sent from my Mi A1 using Tapatalk
 

NEROMARE

Niente denaro, niente Svizzero.
Член од
5 јули 2018
Мислења
83
Поени од реакции
63
Најголемо ропство е кредитите, заемите, бракот и "9-5 rat race".
 

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
43.316
Поени од реакции
79.059
Принудно/присилно одење на тие што се вработени во државните институции да одат на кампањи/прослави за поканата за влез во НАТО. Ќе му речат или ќе ојш или ак не ојш од понеделник да си бараш друга работа... Ма дали си бил болен, неарен ич никој не те опитвит...

.
Oдлична можност за конечно намалување на јавната администрација.(y)
 

Kajgana Shop

На врв Bottom