Не ме разбираш, не зборувам за менаџирање со фабрики. Зборувам за прераспределба на богатството од богатите кон посиромашните.
И постои во Скандинавските држави. На малку поинаков начин постои и во Јапонија.
Инаку богатењето на мал број луѓе и создавањето сиромашни слоеви за сметка на средна класа е во историјата докажано како многу штетно. Тоа и се случувало на Византија и е една од причините за пропаѓањето.
Тоа ти е еден вид на социјализам.
За било каков социјализам теоретски,според Маркс,е потребно да бидат исполнети два основни услови - високо развиена свест на граѓаните и развиена/богата држава.
Ние не исполнуваме ни еден од тие два услови,а историјата покажува дека секој обид за стварање на социјализам,или социјална држава ако сакаш,без да бидат исполнети тие два услови пропаднал.
Нас во моментов ни треба стратегија прилагодена на нашите услови и можности,со која за кратко време(на долг рок сите сме мртви), ќе акумулираме капитал.
За тоа да го постигнеме мора да користиме конвенционални и неконвенционални методи.
За да не пишувам километарски пост ќе спомнам само некои од неконвенционалните.
-Препишување на холандскиот закон за марихуаната,со бришење на ограничувањата за производство и ако е потребно некои други прилагодувања.Целта е ограничено конзумирање а неограничено производство кое ќе си го најде патот надвор од земјата.
-Тргање на сите ограничувања кои моментално постојат за одгледување на афион (300 дозволи ти требаат,и инспекции проверуваат дали си го сечел).Целта е дериватите да си го најдат патот надвор од земјата а колку што е можно помалку да остане тука.Улогата на државата ќе биде засилена контрола на внатрешната трговија а мижење на двете очи,а кај што може и помагање на "извозниците" - нешто слично како црногорците со цигарите.
Кај овие две работи би можело и да се ограничи површината на која едно лице,кое задолжително мора да има државјанство, може да ги произведува горе наведените култури.Целта на таквото ограничување би била подобра распределба на приходот од тие култури и зачувување на останатите земјоделски култури.
-Укинување на акцизата на цигарите и нафтените деривати.Целта е зголемување на прометот на тие производи,преку странски државјани кои ќе купуваат од тука и шверц со истите.
-Оф-шор банкарски закони,ако некој сака да донесе пари од странство,ич кур да не не боли од каде му се.
За 10 евра кои сам си ги префрлив од манибукерс ми бараа да сум дал изјава од каде ми биле парите
Ние моментално вода у очите немаме а глумиме поголем католик од папата.
Пред некој месец гледам на тв ударни вести -полицијата фатила двајца велешани со хероин во вредност од 100 000 евра кој имале намера да го шверцуваат во западно-европските земји.
Значи наместо да добиеме 100 000 евра чисти пари во Македонија ние добивме двајца затвореници - уште и се фалиме со тоа.
Од франкфурт мафија што сега ги осудија за дела извршени во Австрија и Германија,ниту еден немаше никаков прекршок направен во Македонија,таму работеа,тука носеа и трошеа пари.
Тоа западно европските земји никогаш нема да го направат во обратна ситуација.
Видовме како они постапуваат кога е некој нивни во прашање,во случаите кога при возење на автопат во спротивна насока од страна на нивните војници гинеа наши државјани.Имаше неколку такви случаи и тогаш најдобро го покажаа своето лицемерие.
Така да,нема да измислиме топла вода,само ќе удриме со нивни камен.Грците со имигрантите не ги ни спомнувам ама и другиве покажаа дека моралот за нив важи само помеѓу нив,кога се други во прашање го забораваат.