Тоше напиша:
Мобимак се милион пати подобри од Космофон.
1. Кога некој ми праќа ММС од Космофон (јас сум на Мобимак), сликата не ми се прикажува веднаш туку ми дава да одам на некакаква си страница па од таму да ја земам. И ќе ти ги земе парите а ќе ти прикаже 404 Page Not Found!
Тоа може и да е до Мобимак. Најверојатно уште не се договорени за тие работи, не би требало да ги обвинуваш Космофон за тоа.
Тоше напиша:
2. Космофон наплаќаат прескапо за разговори кон Мобимак!
А Мобимак не наплаќаат прескапо за разговори кон мрежата на Космофон? Исти курац ти е, иста политика. Разговорите од една во друга мрежа се поскапи, не е до едниот оператор - туку до двата.
Тоше напиша:
3. Имаат некакви безвезни наградни игри кои не знаеш од кога до кога траат ниту дали си добил нешто.
Не знаеш затоа што не си корисник на Космофон и не си информиран, нормално.
Тоше напиша:
4. Немаат опција да ти прикажат уште колку пари имаш на кредит, туку треба да се јавиш на тој бројот за да провериш.
Не дека немаат, туку едноставно таква им е „политиката”. Можеби некој па го нервира да му стигнува известување после секој разговор, може сака сам да се провери. Воедно, така е и кај мене (пост-пејд на Мобимак). Не стигнува само известување, туку ти самиот си ја проверуваш состојбата на сметката.
Тоше напиша:
5. До едно време се наплаќаше за да ги провериш гласовните пораки!
Тоа било најголема глупост. Ама кога беше така, не плаќаше тој што ја оставаше пораката (така мислам дека беше), туку тој што ја примаше. На Мобимак е обратно. Ме фаќа глупото Мејли и ми кине пари.
Тоше напиша:
6. Не отруја со Тоше Проески како главно рекламно лице (а нему претходно спонзори му беа Мобимак) - Тоше аман веќе!
Немам коментар за ова. Ама не е до толку експониран во рекламните кампањи.
Тоше напиша:
7. Наводно продавале препарирани телефони (еднаш скршени па фабрички преправени)
Како бе препарирани телефони продавале? Како птиците а?
Гарант мислеше на репарирани, не препарирани. Ама и ова не ти држи бе. Ова најмалку ти држи. Збориме за Космфон и Мобимак мобилните оператори, а не шиткачи на телефони. Тоа се само муабети, никој неможе да ги потврди и колку што знам тоа се однесуваше за Германос, а не за Космофон.