Млеко и неговото место во исхраната

Какво млеко пиете ?

  • Кравјо.

    Гласови: 67 91,8%
  • Овчо.

    Гласови: 0 0,0%
  • Козјо.

    Гласови: 6 8,2%

  • Вкупно гласачи
    73
L

Luki Junior

Гостин
Млекце, млекце и само млекце.. Кравјо, козјо, овчо, кисело, благо, топло, ладно, какво се најде.... Здрав како топ...
 
T

Tamora

Гостин
И кадри и некадри почнаа да преведуваат и да препишуваат статии на нет .Нема ден а да не излези некоја статија каде што луѓето плукаат по млекото и го кудат како да се работи за наголем отров. Од сите работи кои секојдневно ги кознимираме се испостави дека мекото не чини .
Да не се лажиме храната од растително потекло протеините минералите од растително потекло не можат да ги надополнот оние од животинско потекло , различни се сосема. Од тука и телото ги користи на поинаков начин посебно калциумот од зеленчук какви бакрачи се знај кој е примарниот извор
 

Psyside

Nocturnal
Член од
30 јануари 2009
Мислења
18.744
Поени од реакции
18.492
Млекце, млекце и само млекце.. Кравјо, козјо, овчо, кисело, благо, топло, ладно, какво се најде.... Здрав како топ...
Ова важеше пред 20 години,сега со 2 тона адитиви, глутен и што уште не, млекото е све, само здраво не.
 

bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.330
Поени од реакции
7.799
Млеко од кравина цицка во шише пластично и кај мене во двор, синоќа молзено сабајле кај мене такво пијам :icon_lol:.
 
T

Tamora

Гостин
Ова важеше пред 20 години,сега со 2 тона адитиви, глутен и што уште не, млекото е све, само здраво не.
Се сложвам , ама па во се има адитиви , додатоци конзерванси и шо уште не :)
 

bobipp

Let's cook!
Член од
15 август 2008
Мислења
11.996
Поени од реакции
7.152
млекото воопшто не е здраво како што упорно се труди и препорачува

да требало да го пиеш до смрт ќе беше обесен на цицка,ама како што гледаш само бебињата цицаат,после организмот се преструктуира за варење на тврда храна

за човекот најздрава варијанта на млеко би била да пие човечко млеко кое од бебе треба да израсти човек(70-80 килограми),а вие пиете кравско кое треба да израсти од теле - вол над пола тон

калциумот го имате во зеленчукот и тоа во многу поголеми количини него во млекото - арно ама млечната индустрија и пропагандата упорно трубат дека млекото било најдобар извор на калциум

млекото кое потрошувачите го добиваат е преработено со додавање конзерванси и вода во него,прашање е дали тоа што го пишува на амбалажата и го добивате или плаќате и пиете мислејќи дека тоа е млеко..............

Јас си немам ваква мака, од крава дирек в тенџере, се вари и в чаша ;)
 
T

Tamora

Гостин
Да и јас имам слушнато за оваа теорија дека возрасните не треба да пијат млеко и искрено не се сложвам .
Мене не ми држи место муабетот дека е од крава па затоа не треба да се конзумира не ја гледам логиката која е., милион производи конзумираме од животинско потекло .
Калциумот од млеко не е ист со калциум од зеленчук како што пишав и претходно , друга работа не е толкав башибозук како што си мислиме дека дотураат вода и што уште не ставаат во млекото. Млекото како што се откупува од сточарите си оди на преглед во лабаратории и натаму се испитува исправноста дали прозивдителот дотура вода , афлатоксини и што уште не .
Сепак пиењето млеко како и се друго е личен избор.
 

Samurai Jack

Penspinner
Член од
15 април 2012
Мислења
3.667
Поени од реакции
8.725
Ако читате статии за која храна е штетна тогаш ќе умрете од глад.
 

Kaiser

Hidden Fortress
Член од
6 мај 2011
Мислења
3.202
Поени од реакции
2.443
Кравјо млеко варено или пастеризирано не е здрава храна и на многу луѓе им штети.

Овчото е поздраво а најздраво и најмалку штетно од варените е козјото.

Неварените млека се сите здрави по исти редослед, козјо, овчо, кравјо.

Сето ова ова важи колективно и за производите од нив како кисело млеко, јогурт, павлака, сирење и кашкавал.
 

Samurai Jack

Penspinner
Член од
15 април 2012
Мислења
3.667
Поени од реакции
8.725
Кравјо млеко варено или пастеризирано не е здрава храна и на многу луѓе им штети.

Овчото е поздраво а најздраво и најмалку штетно од варените е козјото.

Неварените млека се сите здрави по исти редослед, козјо, овчо, кравјо.

Сето ова ова важи колективно и за производите од нив како кисело млеко, јогурт, павлака, сирење и кашкавал.
Неварените млека се најздрави, кога ќе закачиш салмонела ќе им ја дознаеш цената на неварените млека. ;)
 
S

Stef Bachatero

Гостин
Прво мора да разликувате извори на вашите ресурси.
Млекото од Македонија не е исто како во САД.
Тука не се ставаат хормони за раст,а и да се ставаат не гледам дека нешто штетно ќе излезе од тоа.
Сите теории за млекото се од вегетаријанци и од луѓе што не сакаат да погледнат што вистински нуди млекото.
http://www.menshealth.com/mhlists/dairy_products/printer.php
Ако веќе сакате да читнете,барем читајте од луѓе што имаат знаење.
Alan Aragon е правиот човек за тоа :)
П.С секој вегетаријанец не може да одолее на сирење :)
 

Psyside

Nocturnal
Член од
30 јануари 2009
Мислења
18.744
Поени од реакции
18.492
Не, тој е човекот за кој повеќето од вас мислат дека е правиот, неможе процес во кој се умешани хормони и антибиотици да биде еднакво користен како природно добиено млеко или да не биде штетен.

Треба е само да употребиш малце логика, не треба никакви работи да се читаат нити да се изучува нешто...
 
S

Stef Bachatero

Гостин
И на кој начин твојата логика ја одредува една храна штетна?
Ќе те убие ли ако испиеш пола литар млеко на ден.
Нема сигурно да ти направи нешто лошо.
Јас секој ден на моето мени имам урда,млечни производи и сум здрав и прав.
И пивото и алкохолот (црвено вино) може да биде добро ако се пие умерено.
 

Kaiser

Hidden Fortress
Член од
6 мај 2011
Мислења
3.202
Поени од реакции
2.443
Неварените млека се најздрави, кога ќе закачиш салмонела ќе им ја дознаеш цената на неварените млека. ;)
У стил секој што пие неварено млеко ќе фати салмонела, смешно тврдење. Ако некој реши да пие неварено се знае како и под кои услови тоа се прави, не одиш во јавна млекара и да им бараш неварено млеко.

Млеко од здраво животно е безбедно под услов да се пази на хигиена што е посебно важно ако се пие млекото сурово.

Инаку и живи јајца тогаш не треба да се консумираат ради салмонела па има милион рецепти и огромна бројка кои ги консумираат и не се разболуваат повеќе од тие што јадат исклучиво варени јајца.

Сум зборел со фармер, не се работите така црно бели.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom