Словенци веќе пишуваат за него
http://webtv.3xw.si/index.php?option=co ... &Itemid=48
Дете родено во Словенија на 17.8.1990,татко Македонец за мајка не знаеме еден од подобри фудбалери во тој регион(Мурска Собота).Висок 190 а тежок 75кг.Играше прво во селски клуб(Ракичан),после го однеле во Мура,каде беше под тактрика на Џурич.За словенската репрезентација нема настап,а тоа најмногу им смета на новинарите,кога гледаат дека од Словенија многу деца играат за други репрезентации и дека словенците не видуваат такви таленти
Неговиот талент беше претставен во Италија(Удинезе)а и плус има интерес од страна на Динамо Загреб
Мене ме интересира кои се тие двајца браќа во репрезентација?
7 Станков Антонио 1991 ФК Рода-Холандија
19 Станков Александар 1991 ФК Рода- Холандија
http://www.ffm.com.mk/mak/vest.asp?id=2054
Одлично!
А тоа на првата слика не е Буфон на млади години?
Се надевам дека ќе го реализира огромниот талент и ќе стане еден од најдобрите голмани во Италија!
Има уште еден од Рода:
9 Урдинов Јани 1991 ФК Рода
Рода-Македонска колонија.:tv:
Инаку еве нешто ново:
Џејсон Најдоски - уште еден испуштен талент за Македонија?
Добро е познато дека австралискиот континент е преполн со млади фудбалери од македонско потекло кои имаат квалитет и кои би можеле да играат за нашата репрезентација, а никој се уште не чул за нив. Голем дел веќе се засекогаш загубени, но за дел од нив вреди и да се бориме бидејќи им претстои блескава фудбалска иднина. Меѓу нив е Џејсон Најдоски, еден од најголемите таленти во Австралија и уште едно име кое во иднина би можело да го облече македонскиот репрезентативен дрес.
Роден е на 19 јули 1989 година и во моментов игра за членот на А-лигата (австралиска прва лига) Њукасл Џетс. Двајцата негови родители Миле и Роза се родени во Македонија, па и покрај тоа што Џејсон досега беше член на речиси сите младински австралиски селекции, тој не е загубен за Македонија. Кога некој можеби малку би се позаинтересирал за него, можеби би можеле наскоро да го видиме во “црвено-жолтиот“ дрес. Со оглед на тоа што има само 19 години, Најдоски би бил долгорочно решение за националниот тим.
Како се развиваше вашата фудбалска кариера?
- Почнав да игра на само петгодишна возраст за еден локален тим. На 12 години се пресели во Bankstown city lions (Сиднеј Македонија) и уште две сезони играв за Маркони. Подоцна добив стипендија на НСВ Институтот и на 16 години дебитирав за првиот тим на Маркони.
Кога фудбалските тренери од Австралија го препознаа талентот кај тебе и од кога си член на младинските селекции на Австралија?
- Во периодот меѓу НСВ Институтот и Маркони бев поканет на тринеделна проба во Германија во тимот на Баерн Минхен. Но, таму останав само две недели во ноември 2004 година бидејќи доживеав истегнување на тетивата од трет степен додека тренирав со резервниот тим на Баерн. Бидејќи не можев целосно да покажам што знам, клубот ме повика на уште едномесечен престој во април следната година. Отидов и ми понудија договор на четири сезони, но јас одлучив да не прифатам затоа што бев многу млад, сакав да завршам школо и мислев дека не сум доволно зрел да го напуштам семејството и да се преселам во Европа. Се вратив назад и тогаш добив повик во селекцијата на Австралија до 23 години во квалификациите за Олимписките игри во Пекинг. Одиграв два натпревари од вкупно четири и бев убедливо најмлад бидејќи соиграчите беа на 21 и 22-годишна возраст. Повторно имав несреќа затоа што во април 2007 година доживеав тешка повреда на коленото и беше потребна целосна реконструкција која ме одвои од фудбалот шест месеци и ме оневозможи да играм во Пекинг.
Можете ли да ни кажете нешто повеќе за вас. Лани бевте прогласен за еден од најголемите австралиски таленти и го потпишавте првиот професионален договор со Њукасл Џетс...
- Да, откако се опоравив од повредата играв една сезона во втората лига на Австралија и на 12 натпревари постигнав 13 гола по што во април минатата година следуваше потпис на договорот. Досега настапив само на три натпревари за Њукасл затоа што долг период бев на подготовки со младата репрезентација на Австралија за квалификациите за светското првенство во 2009 година. Пропуштив вкупно 11 натпревари, а откако се вратив уште еднаш го повредив коленото и во моментов сум на рехабилитација. Се надевам дека до мај ќе се вратам на терените и дека ќе заздравам за светското младинско првенство што во септември се игра во Египет.
Имајќи предвид дека имате македонски корени, го следите ли македонскиот фудбал и знаете ли нешто за него?
- Знам неколку ситници за македонскиот фудбал. Клубовите кои ги знам се Вардар, Победа, Работнички и Пелистер. Знам дека не се толку лоши во квалификациите за Лигата на шампионите, но никогаш не се пласирале во групите. Навистина се надевам дека еден ден македонски клуб ќе игра во главната фаза од Лигата на шампионите и ќе ги направи горди Македонците од целиот свет.
Имаш голем број натпревари за младите селекции на Австралија, но се уште имаш и право да играш за сениорскиот национален тим на Македонија. Што мислиш за тоа и би прифатил ли понуда од земјата од каде потекнуваш?
- Знам дека се уште можам да играм за македонската репрезентација и ако добијам покана сигурно би бил почестен да заиграм за државата од каде потекнуваат моите родители. Но, факт е и дека се што научив досега, целата моја кариера ја поминав во Австралија и би било фер на некој начин да вратам за тоа. Сепак, кога ќе дојде време за да одлучувам за кого ќе играм, сериозно ќе размислам, ќе ги послушам чувствата и ќе слушнам што велат луѓето околу мене. Никогаш не велам никогаш.
Се гледа дека детето сака да игра за Македонија, мора да се направе нешто за да го земиме во репрезентацијата....