- Член од
- 4 јули 2009
- Мислења
- 4.795
- Поени од реакции
- 3.493
Можеби е малку офтопик ама ајде ќе напишам,денеска играа Македонија-Унгарија до 17 години пријателски натпревар,бев да ги гледам.Само што влегов во стадионот го забележав Бобан Бабунски на трибините(и си викам еј добро е вака што ги следи ми се свиѓа тоа),но кога почна офцијалниот спикер да ги кажува кој се играчите и кога ДОРИЈАН БАБУНСКИ и веќе се ми беше јасно.Дечкото цела утакмица изиграваше Кристијано Роналдо или Лионел Меси,не трчаше воопшто,на своја половина не се врати нитуеднаш,пола утакмица беше во офсајд и немаше ама баш ниту една шанса т.е. кога соиграчите сакаа да го проиграат тој секогаш ја губеше топката.Во второ полувреме некаде во 75 минута Доријан излезе од игра на негово место влезе некој друг на кој не го запамтив името,ама дечкото одигра 15 минути,влезе во две шанси и даде еден гол.Така да додека е се со врски фудбал во Македонија и вистински таленти не гледаме.