F
FARANG
Гостин
не знам зошто, но така е.
не мислам, туку најчесто така се живее, нормално има исклучоци али се подразбира дека не правиме муабет за исклучоци.
Не е. Тоа е индивидуално. Јас имам пријатели од повеќе нации и раси. Најдобрите другари од факс ми што го завршив пред 15тина год ми се сеуште добри другари и живееме супер. Плус има цел куп македонци овде, па ни тоа не ми фали, кога сакам да се дружам имам со кого, дури имам другар од иста населба со кој израснав во СК. Имам другарка на другата страна на градот со која одев во иста паралелка во основно и со неа се гледам од време на време исто. Значи не е проблем, може да се има друштво тоа е лесно, едноставно до тебе е. Ако сакаш да рмбаш во фабрика 12 саати и за тоа да си убаво платен, МОЖЕШ, тогаш нормално нема да имаш време. Ако сакаш да ЖИВЕЕШ тогаш можеш и 3 дена неделно да работиш и да живееш подобро него во МКД. Ако си државјанин (зборам за АУС) можеш да цицаш социјална помош од 1000 месечно и да подработуваш нешто на црно. Имам другари што така живеат 15 год. Се преселија во мало градче на плажа делат куќа и немаат еден ден стаж. Од сабајле до вечер се на плажа и око не им трепнува. Сега кажи ми ти дали тоа можеш во МКД?