Ајде малку астрономија и митологија.
Знаеме дека меѓу Марс и Јупитер се наоѓа т.н. астероиден појас, составен од астероиди, меѓу кои Веста и Церес, со дијаметар над 400 километри. Церес, патем, е џуџеста планета со радиус 500 км (3 пати помал од Месечината).
Но, како настанал овој астероиден појас? Една од теориите е дека во оваа орбита имало планета / планети. Едната од нив хипотетички е наречена Фаетон, по синот на богот на сонцето Хелиос, кој ја украл соларната кола на татка си и возел низ сончевиот систем, заради што како казна бил уништен од Зевс. Научниците претпоставуваат дека астероидниот појас е резултат на уништената планета Фаетон, која била удрена од некое друго големо тело кое поминало во нашиот систем. Церес е една од месечините која преживеала (има правилна форма).
Ако се пресмета, се забележува дека меѓу Марс и Јупитер има доволно растојание за повеќе од една орбита на планета.
Дали митолошките богови и ангелите од Библијата, биле соседи на луѓето, отаде Марс?
--- надополнето: Sep 10, 2011 12:24 AM ---
Пророкот Езекиел, Стар Завет 1:4 - 1:21
4 Погледав, кога ете од север удри силен виор, голем облак, пламнат оган обвиткан со сјај; среде него, среде огнот, нешто слично на сјајна ковина.
5 Среде тоа нешто како
четири суштества по облик слични на човек;
6 секое од нив со четири лица, во секое четири крила.
7 Нозете им беа рамни, а стапалата како кај теле; светкаа како блескава бронза.
8 Под крилата имаа на сите четири страни
човечки раце. И секое од четирите имаше свое лице и свои крила.
9 Крилата им се допираа едно со другото. Одејќи не се вртеа: секое се движе-ше напред.
10 И во сите четири суштества беше
човечко лице, во сите четири оддесно лавско лице; во сите четири одлево воловско лице; и о-релско лице во сите четири.
11 Лицата им беа такви, а крилата им беа растегнати нагоре. Секое имаше две крила што се соединуваа и две крила со кои го покриваа телото.
12 И секој одеше само напред. А одеа онаму каде што духот ги гонеше. И одејќи не се завртуваа.
13 А среде тие суштества се гледаше нешто како некакви вжарени јаглења, како гламни што гореа, што се движеа меѓу нив; огнот светкаше, и молњи блескаа.
14 Суштествата трчаа и пак се враќаа како секавица.
15 Додека јас набљудував, ете: на земјата покрај секое од четирите суштества
по едно тркало пред нивните лица.
16 Тркалата му беа слични на хрисолит, сите четири со ист облик; според обликот и правењето
беа како едното тркало да е во другото.
17 При движењето можеа да одат во сите четири правци, а не требаа да се вратат.
18 А краевите им беа високи и страшни, а кога набљудував подобро, ете,
на сите страни полни со очи.
19 Како суштествата тргнуваа, тргнуваа со нив и тркалата, кога суштествата ќе се подигнеа од земјата, и тркалата се подигнуваа.
20 Каде што ги гонеше духот, таму се движеа, а заедно со нив се подигаа и тркалата, зашто
духот на суштествата беше во тркалата.
21 Па кога суштествата ќе тргнеа, тргнуваа и колцата, а кога ќе застанеа тие, застануваа и тркалата, кога тие се подигаа од земјата, и тр-кала се подигаа со нив, зашто духот на суштествата беше во тркалата.