Мини курс за користење и програмирање на Arduino за почетници

Bidikov

Server guru
Член од
25 јануари 2005
Мислења
2.680
Поени од реакции
693
Курсот претставува вовед во електроника на микроконтролери со помош на Ардуино, има практична природа и би ви овозможил реализирање на вашите проекти или уметнички инсталации.

Повеќе за курсот на : http://wiki.spodeli.org/Хаклаб/Курсеви/Arduino

Пријавувања на : http://0.mk/arduino-prijava

*** Иако не сум директно вклучен во оваа активност доколку имате прашања ќе пробам да ви ги одговорам ...
 

THE_CHOSEN_ONE

1903-2012
Член од
13 август 2007
Мислења
3.724
Поени од реакции
1.333
Не сакам да бидам мрчало ама за вакви курсеви не треба да се плаќа ниту денар.
Освен работните материјали кои треба да се платат по дилерска цена се останато треба да се базира на ентузијазам и добра волја.

Хакерската хипи контра култура која се развивала во Силиконската Долина во раните 70 и 80 години од минатиот век да не ги дала денешните технолошки гиганти ако не биле вљубениците во технологија кои сакале да го споделуваат своето знаење за беспари?

Ардуино е фрејмворк наменет за Андроид платформата да се плаќа таков курс во корен се коси со културата на опен сорс философијата
шеринг ис керинг.
 
Член од
14 јуни 2008
Мислења
1.369
Поени од реакции
1.075
И јас колку што знам Arduino поддржува слободен софтвер. Ај ок да се плати за хардверот ама па да давам плус 2.3к нема смисла.
Да беше некоја симболична цена или па како донација, па кој колку даде ок, сепак мислам дека нема никој да се исциганчи и да не остави ни денар.
Сега дознавам за ова, ако има нешто вакво во иднина можеби би отишол, нормално доколку не е грабеж.
Во меѓувреме тука се онлајн туторијалите.
 
Г

Грејвдигер

Гостин
Луѓе, мора од нешто да опстојува и хаклабот, не е ова прв курс што се одржува од нивна страна, ниту пак ќе биде последен. Сподели знаење си имате секоја сабота и ако сте заинтересирани да слушнете за некоја тема и слично, можете да идете тогаш... или пак било кој ден, скоро секогаш има луѓе таму што работат и може да ви објаснат некои ствари.

Ако мислите дека самите може да научите од онлајн туторијали, отколку што Алекс може да ви објасни во 4 часа х 45 мин. - во ред... никој не ве тера на сила да идете.

http://it.com.mk/it-nastan-haklabot-kika-organizira-mini-kurs-za-koristen-e-i-programiran-e-na-arduino/
 
Член од
14 јуни 2008
Мислења
1.369
Поени од реакции
1.075
Верувај дека 4x45мин не се ни одблизу доволни. Може ќе научиш како да контролираш диоди nxm или nxmxj
ама тоа се онака само да се радуваат децата :).
Ќе има нешто за регулација на ниво на вода, температура, брзина/вртежи на мотор, итн ...?
 

Kajgana Shop

На врв Bottom