Мигрантите и националистите може пак да го запалат Балканот
Кој со години предупредуваше дека ќе се случуваат вакви работи? Кој предупредуваше дека масовната миграција со себе ќе донесе терористички напади како оној во Париз?
Дали сега може да го видите лудилото предизвикано од политиката на отворени граници и лагите за ,,тoлeренацијата и соживотот"? Дали гледате како ве третира насилно наметната миграција и мултикултурализам?
Дали сега го гледате она што репетитивно националистите со години го предупредуваа?
Гледате ли колку е ступидно да се верува во непостоечкиот митски идеал кој вели дека ,,сите може да живееме едни покрај други и едни со други". Сега кристално јасно може да се види што носи иднината на таквата политика.
Безбедноста во едно опшество доаѓа единствено само како резултат на неговата етничка, расна и версна хомогеност. Принудното заедничко живеење на различни етнички групи никогаш не донело мир и безбедност, ниту некогаш ќе донесе. Во тоа никој да не ве лаже.
Може да го наречете запалување на Балканот, терористички напади you name it , но тие ќе се случуваат исклучиво поради тоа што балканските нации како и повеќето европски нации се предадени од внатре. Благодарение на нашите политички и раководни елити потпомогнати од корисните идиоти на платената НВО левица ќе биде дозволено на илјадници потенцијални ,,париски терористи" да се сместат меѓу нас кои ќе генерираат конфликти за што предупредува Нова Македонија. Решавањето на таквите судири не лежи во нивното навремено превенирање, туку лежи во спречувањето да се примат мигрантите привремено или перманенто во Македонија.
Ние сме веќе во една цивилизациска војна, сакале ние тоа да го признаеме или не. Главни предизвикувачи на оваа цивилизациска војна се миграциите од арапскиот свет. Непријателот ни е пред портите. Во Европа веќе се влезени внатре. И кај нас се влезени внатре индиректно, благодарение на едно малцинство кое е верски и културолошки лојално на нив. Најстрашно од се е што арапските инвазионисти влегоа на христијанскиот континент без ниеден испукан куршум. Им беа отворени ширум вратите од границите, беа пречекани со добредојде и им беше дозволено да се движат помеѓу нас. Се разбира благодарение на предавничките политички елити и подмолните лево настроени петоколонаши.
За сите идни конфликти од ваков тип на насловните страни во медиумите не треба да се пишува како етничко и верско насилство, туку како насилство предизвикано од принудното примање на мигрантите, судири предизвикани од наметнатиот мултикултурализам и страдање и омраза предизвикани од предавничката државна и левичарска политика.