Видете , модерното време носи модерни доблести (кафичи , дискотеки и се остало).. Проблемот не е во искачањата по дискотеки и по остали јавни места. Туку поентата е да бидеш виден , во тоа и тоа место , во тоа фиљан кафуле кај што искачаат сите познати фаци. Улицата , онаа шахта по некоја грешка направена токму за седење и летни пијанки , оној влез со скршена врата што смрди на мочки е идеална за целовечерна дружба ама кој те видел таму бе брачко?
Значи да се навратам , не е проблемот во постоењето на такви познати места , поентата е што народов кој живее на овие простори сосема погрешно ги разбира концептите на местата и искачањата. Значи , целиот негов живот додека има 12-20 години му се заснова на планирање каде ќе излезе следниот викенд! Сосема е преценето искачањето , додека некои исклучоци стриктно искачаат за да си поминат топ , во некое кафуле каде што дружбата и неговото друштво вредат за тие 100 денари за тоа пиво , некои сосема погрешно ги сфаќаат и искачаат со цел да бидат видени , да бидат нафурани носејки 435 броја помала маичка да си ги покаже облините стекнати со стероиди во најбедната маалска теретана.. И на крај , Асален тип , кој размислува нормално и знае дека кога е со своето друштво нема потреба да се покажува „еве што сум“ си продолжува по својот пат, да се напие некое пиво , или доколку е поситуиран да се напие вино или шампањско виски или било што , некој си ги дава последните пари од својата плата за да резервира сепаре и да купи џони вокер за да ги импресионира своите имбецили од друштвото кои и онака немаат високо мислење за него
како заклучок би кажал ,
Во ред е седенката на скали во некоја темна уличка , ама во ред е и искачањето по дискотеки и кафичи , секако ДОДЕКА СЕТО ТОА Е УМЕРЕНО!
Значи неможеш стриктно да се одделиш од сите градски случувања и единствена врска со надвор од границите на твоите скали да ти биде преку фб , мсн и други , ама и неможеш па само да се насочиш кон кафулињата и дискотеките.. на крајот на краиштата со едното пропушташ задоволство од физичкото запознавање на некоја личност , а со другото доживуваш банкрот за кратко време..