Ментални нивоа на свеста

Член од
15 април 2009
Мислења
130
Поени од реакции
37
Нивоа на свесност:
1.ALPHA
Подсвесна состојба на умот.(На пр. кога студентот се подготвува за испит, концентриран е на книгата, и до него не допираат надворешните дразби.) Мозочните бранови осцилираат помеѓу 8 и 13 циклуси во секунда.
2.BETA
Свесна, активна состојба на умот. Мозочните бранови варираат од 14 до 30 циклуси во секунда.
3.THETA
Подлабока подсвесна состојба на умот.(Додека опуштено се одмараме, со затворени очи и фокусирани навнатре).Мозочните бранови бележат 4 до 7 циклуси во секунда.
4.DELTA
Не свесна состојба на мисловните активности.(Кога сме во длабок сон, но не сонуваме-соновите се појавуваат во Theta и Alpha зоната.) Науката нема објаснување што се случува во оваа мистериозна зона. Мозочните бранови се помеѓу 1 и 4 циклуси во секунда.
Активностите при мисловни проекции, се одвиваат во Theta , и ја посетуваат Delta зоната Delta е ниво на мистериозниот Универзален Ум.Нивото на кое индивидуализираното ЈАС(ЕГО) станува дел од универзалното и започнува да оперира надвор од линеарниот простор и време е начено НИВО 1.Времето и просторот се наоѓаат во внатрешноста на Универзалниот Ум, кој не е одвоен од нас самите ниту сме ние одвоени од него. Ако се земе во предвид, дека се е меѓузависно и поврзано со мислите, тогаш мислите се онаа реалност која го премостува времето и просторот.Универзалниот Ум е во процес на постојано креирање. Ние сме еден од таквите креирани феномени. Нашето его, или чувството за нашето „одвоено јас“ и` се спротивставува на идејата за Универзален Ум, зошто сака да биде одвоен, но му се допаѓа идејата за мноштво одвоени „јас“.Поради тоа се појавува стравот од смртта и желбата да се продолжи животот што е можно подолго.
Што е појако его-то толку е појака и желбата да се биде поинаков од другите и таа состојба да се задржи што подолго.
Секој сака да биде запамтен како посебност, индивидуалност; никој не сака да сеќаваат на него како на дел од Целината, Универзалното.
Кога умот оперира на Delta ниво, тој се менува: престанува да биде индивидуален и го губи егото, го заборава, се шири, станува поврзан со Целината. Свесното се губи и преминува во несвесно.
Сонувањето е поврзано со REM фазата.Обично се јавува во Alpha нивото кога сонувачот го враќа своето его; на него делуваат информациите од Delta нивото, комбинирано со мемориите од Beta нивото.Сите информации се добиваат од мистериозното „колективно несвесно“....но само малкумина сфатиле дека тој Универзален Ум се наоѓа во секоја индивидуа, а надвор од неа...
 

Кралот Марко

Не прилепчанецот, ами Јас
Член од
6 ноември 2008
Мислења
3.969
Поени од реакции
278
Силва методата дава можност со вежбање да се дојде до тие нивоа и да се искористат во секојдневниот живот..
 

bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.322
Поени од реакции
7.781
Алфа, Бета Гама (ќе ме банираат пак така ми изгледа :icon_lol:).
Добро сериозно го читав Силва и пробував нешто од неговата "Наука", и излезе дека е чиста глупост. Тоа е мое лично искуство, некој ако има поинакво го почитувам тоа. Тоа е што има да кажам за човекот скенирање сонови бла бла бла, се бара логичност во нелогично нешто. Не помагаше ни таа автосугестијата што човек треба си ја вметне на спиење, тотален промашај и то.
 
Член од
18 август 2008
Мислења
680
Поени од реакции
33
Да да,ова е добро објаснето со скица во Силва методата.

Автосугестијата најдобро делува во Тета и Алфа, за да може Делта да ја присвои.

Секоја автосугестија се губи во нивото на Бета, додека пак секоја сугестија најдобро се прифаќа во Бета и Тета.

:helou:
 

Крусер

Тотем Пума
Член од
4 јули 2008
Мислења
3.552
Поени од реакции
1.606
Она што тука не е кажано е следново: во состојба на длабок сон, мозокот влегува во Beta стадиум, како да е свесен и како да врши свесни акции.

Јас ова го нарекувам период на т.н. „дефрагментирање“ на мозокот, кога мозокот ги средува своите впечатоци од денот што поминал и го припрема организмот за следниот ден. Меѓу другото, и заради ова е многу важно човек редовно да спие - инаку ќе му се измешаат сите работи и ќе изгуби контакт со реалноста.

А инаку, јас лично овие фреквенциски области на функционирање на човечкиот мозок далеку од тоа дека би ги нарекол нивоа на свеста, туку домени од физиологијата на човечкиот мозок. Нема тука ништо тајно, бидејќи сè е познато. Ако некој сака да влече мистика, може тиа да го стори од што да е.
 

bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.322
Поени од реакции
7.781
Да да,ова е добро објаснето со скица во Силва методата.

Автосугестијата најдобро делува во Тета и Алфа, за да може Делта да ја присвои.

Секоја автосугестија се губи во нивото на Бета, додека пак секоја сугестија најдобро се прифаќа во Бета и Тета.

:helou:
Супер теорија, ама дали ти практично имаш правено Силва автосугестија, и кои се резултатите од нејзе?
 
Член од
18 август 2008
Мислења
680
Поени од реакции
33
Супер теорија, ама дали ти практично имаш правено Силва автосугестија, и кои се резултатите од нејзе?

Друже побарај на интернет,или земи си книга.

Се` ти е објаснето.

Јас пред неколку дена си најдов една книга заборавена за Силва метод којзнае од кога купена, па почнав. Има околу 40 чекори,6 недели додека да успееш.

Си го програмираш мозокот да работи за тебе.Ти му даваш позитивни команди.

Еве ќе наведам пример:

Ти требаат пари или нешто.

Се релаксираш доведувајќи го умот во АЛФА ниво.
Тогаш не може да расудува, и што ќе му соопштиш тоа ќе ти донесе.

Визуелизираш( тоа е веќе полусон ) како броиш пари и си задоволен.Потоа потврдуваш со афирмација,сфаќаш?

Така 2-3 пати на ден,и притоа треба да избегнуваш да не му сугестираш во БЕТА ниво,бидејќи се` ти е џабе.Он е свесен дека немаш пари, а најтешко е сам себе да се убедиш во Бета ниво.

Ете,накратко..

:smir:
 

bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.322
Поени од реакции
7.781
Се релаксираш доведувајќи го умот во АЛФА ниво.
Тогаш не може да расудува, и што ќе му соопштиш тоа ќе ти донесе.
Визуелизираш( тоа е веќе полусон ) како броиш пари и си задоволен.Потоа потврдуваш со афирмација,сфаќаш?


:smir:
Јас пак си мислев дека само кога ќе го продадам производот од дуќанот само тогаш пари има :), да знаев дека имало полесен начин... :).
Го знам методот и постапката практично сум правел (е сега не знам дали баш таа или некоја друга постапка беше), ама резултат :raz:.
Ти пожелувам успех во практично вежбање на Силва метод :smir:.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom