Gurdjieff
Bastardo dentro
- Член од
- 12 јануари 2011
- Мислења
- 3.645
- Поени од реакции
- 1.264
Првото болдирано:Е компарацијава ти нема врска. Природата на птиците е таква, да пеат. Откако ке пораснат, никој не им е потребен за да им помогне да ги научи да пеат, туку сами инстинктивно тоа го прават, тоа им е вродено. Ние по природа не медитираме,сами по себе откако ке пораснеме или без ралика и кога сме мали, освен ако некој не ни го каже тоа, па ние да го научиме. Сепак медитацијата е некаква постапка која е измислена од човекот, од која тој очекува дека по определен период практикувајки ја ке има вроди некакви резултати, дека ке биде посмирен, посконцентриран, поинтелигентен можеби и тн.Значи се медитира со некаква цел, а не од чиста мира, бидејки ние никогаш во нашиот живот да не дознаевме или прочитавме дека постои нешто што се вика медитација и дека таа се прави на одреден начин, немаше ни да пробаме да ја практикуваме, бидејки то е нешто што треба да се научи, и не е вродено. Да беше вродено, немаше јас да ве прашувам, што треба да мислам,како да седнам, каква музика да пуштам, дали треба ова она бла бла, туку ке знаев самиот што да правам. Сериозно прашувам, дали и вие пред да се почнале да се интересирате и потоа пред самото медитирање сте очекувале некаков ефект од медитирањето? Уствари со попросто прашање ке ми одговорите. Зошто медитирате?
Има врска компарацијата само кој да ја разбере. Ќе покушам да ти објаснам па како сакаш така свати.
Второто:
не е измислено од човекот, тоа Е природна состојба на него. Најверојатно имаш погрешна претстава за медитацијата и затоа така мислиш. Не е медитација да седиш и да буљаш во едне црна точка, тоа се глупости, со тоа нема ништо да постигнеш. Не ја мешај медитацијата со јогата, таа е на повисок степен од јогата.
Третото:
Вродено е кај човекот. Како дете си во медитивна состојба нон стоп, затоа што не го употребуваш мозокот. Со растење ќе го наполни мозокот со секакви глупости и ќе ја изгуби таа состојба. Немој погрешно да ме разбереш, не велам дека не треебе да учи и да напредува, него со растењето, околностите се такви што самиот се „губи’ во реалноста.Мозокот кога работи тој е секогаш во минатото или во иднината, никогаш не е во сегашноста. Фактички, ние мислиме дека колку повеќе мислиме толку сме по паметни.
Во одреден степен на развојот, мозокот ја превземакомандата над човекот, и наместо ние него да го насочуваме каде да мисли, тој сам си прави што сака. Еве ти еден пример за тоа. Пробај да не мислиш, ќе видиш и сам дека не си во состојба да го направиш тоа. Или друг пример, пробај да задржиш една мисла повеќе од 2мин, (пр. Јас се викам Рајко) ,ќе видиш дека не си во состојба.
Ете баш затоа прави оваа практика, да дојдеш до степен во кој можеш да имаш потполна контрола на самиот себе со помош на свеста.Тогаш си во медитивна состојба на поголем степен. Зошто велам дека е на повисок степан, затоа што таа состојба е погоре од состојбата на птицата и на детето, чија медитивна состојба е инстиктивна.
Покасно има и друга цел...али отом потом.