Е компарацијава ти нема врска. Природата на птиците е таква, да пеат. Откако ке пораснат, никој не им е потребен за да им помогне да ги научи да пеат, туку сами инстинктивно тоа го прават, тоа им е вродено. Ние по природа не медитираме,сами по себе откако ке пораснеме или без ралика и кога сме мали, освен ако некој не ни го каже тоа, па ние да го научиме. Сепак медитацијата е некаква постапка која е измислена од човекот, од која тој очекува дека по определен период практикувајки ја ке има вроди некакви резултати, дека ке биде посмирен, посконцентриран, поинтелигентен можеби и тн.Значи се медитира со некаква цел, а не од чиста мира, бидејки ние никогаш во нашиот живот да не дознаевме или прочитавме дека постои нешто што се вика медитација и дека таа се прави на одреден начин, немаше ни да пробаме да ја практикуваме, бидејки то е нешто што треба да се научи, и не е вродено. Да беше вродено, немаше јас да ве прашувам, што треба да мислам,како да седнам, каква музика да пуштам, дали треба ова она бла бла, туку ке знаев самиот што да правам. Сериозно прашувам, дали и вие пред да се почнале да се интересирате и потоа пред самото медитирање сте очекувале некаков ефект од медитирањето? Уствари со попросто прашање ке ми одговорите. Зошто медитирате?