iksimkd
ШшшШшшШ...
- Член од
- 31 јули 2007
- Мислења
- 5.000
- Поени од реакции
- 2.184
Рускиот претседател Димитриј Медведев е подготвен да ја посети Македонија заради потпишување на договор за пријателство и соработка, за што вчера разговарал со неговиот македонски колега Ѓорге Иванов на средбата во Санкт Петербург.
Откако руската компанија „Газпром“ се согласи да ја вклучи Македонија во проектот за гасоводот „Јужен поток“, Иванов и Медведев, освен за енергетската соработка, разговарале и за можностите за подобрување на економските односи меѓу Македонија и Русија, и за потенцијалите за отворање на рускиот пазар за македонските производи.
Идната соработка меѓу двете земји ќе се регулира со договорот за пријателство и соработка, чијшто предлог-текст Скопје веќе го достави до Москва. По усогласување на текстот би следело и потпишување на договорот, за кој чин, Медведев најавил подготвеност да ја посети Македонија.
Извор: Дневник