Капење мачка е тоа е едно лудо искуство ..... првиот пат мака ќе имаш гарантирам па другите пати полесно би требало да е.
Полека ке го водениш немој никако наеднаш во вода да го пикниш зш ке зажалиш
О неее... Па првиот пат мачката е тотално несвесна што ќе се случи и ќе ја сместиш се како што треба и ќе ја избањаш... малце ќе има изненадувања али ќе се снајдеш за првпат.
Е сеа главната финта е што после... откако ќе ја избањаш првпат ќе знае што е WC и следниот пат нема да можеш ни да ја пикнеш во WC...
Штом ќе ја пикнеш еве еден совет како да ја избањаш без помош од други луѓе:
Земаш еден леген и ја ставаш мачката внатре, главата и ја држиш на ивицата од легенот со едната рака, со другата переш шо е можно побрзо.
Сеа тука е умешноста:
Од една страна не треба да стискаш премногу на ивицата да не ја задавиш, а од друга страна мачката е мајстор за протнување и може да ти кидне... а ако ти кидне на сред бањање си наебал. Мислам дека тука финтата е наместо да ја притискаш надоле кон ивицата, да ја држиш за страничните делови од вратот, со палецот и показалецот, но сепак блиску до ивицата за да неможе да ги донесе нозете. Ако успее некако да ги донесе нозете до местото кај што ја држиш пак си наебал пошо сигурно ќе ти кидне.
И на крај откако ќе ја избањаш МОРАШ убаво да ја исушиш... иначе ќе ти настине па после ќе се чудиш! Некои мачки се многу поосетливи и многу лесно се разболуваат! Па откако ќе ја забришеш, чувај ја мачката крај тебе пола до еден саат и потсушувај ја со фен ама од поголема далечина. Мачката би требало да се плаши од звукот на фенот па земи некој потивок и послаб... после хоророт со бањањето и претрпените трауми, сушењево ќе биде a walk in the park за мачката.
Со среќа
Иначе не сите мачки се плашат од вода... кога бев во Албена имаше една мачка што своеволно идеше да се бања во МОРЕТО!... луда мачка.
иначе дај боже да ти се погоди ваква мачка:
http://youtube.com/watch?v=hdlvNX3xscE
Уште еднаш со среќа и поздрав :helou: