Ја мислам дека во неговиов случај не се работи за гливици; претпоставувам дека мисли за зоните кај ушите и од задната страна на шепите, каде што навидум има опаднато крзно-наместо тоа, овде крзното е природно поретко и понежно. Немам маче при рака за да видам и точно да ги опишам овие места, туку само по сеќавање, зашо коа чував и мене ми биле сомнителни овие места, па сум ги посматрала со големо внимание.
Иначе, и мене ми се деси со едно од мачињата што ги чував, да фати некаква габична инфекција-па му ја средив со долготрајно и упорно мачкање со Канестен (мислам, пошо беше одамна). Обично, ваквите инфекции се манифестираат поинаку-прво се појавуваат многу мали оголени зони со правилен кружен облик во големина на зрно грашок и тоа околу образите или негде на телото, а потао брзо се зголемуваат, зо зацрвенување на местото (као со мали ранички).
Мислам дека Горилаз нема од шо да се плаши...