Мачки (општи дискусии)

Член од
9 јуни 2011
Мислења
14
Поени од реакции
7
Како да ја спречам мачката да не ми копа по цвеќињата?
Слушнав за лимун - не функционира.
Кажувајте нешто друго!
 
Член од
23 мај 2009
Мислења
958
Поени од реакции
727
Абе луѓе имам мачор стар 3 месец и 15 дена, бела е со плави очи, на интернет читав дека ваквите мачки со бела боја и плави очи 90% се глуви, земав од телефон му пуштав звуци што секоја мачка би изреагирала и исплашила од такви звуци он не реагира, исто така му пуштам правосмукалка над уши па дури и го усисувам со неа и не реагира си игра со правосмукалката, дали тоа значи дека е глув ? И уште нешто не ми е проблем што е глуво доколку е глуво, проблем е излеа дека е глув мн е немирен скока по се што имам дома и само мјаука гласно бидејки не се слуша самиот дека мјаука, а надвор неможам да го пуштам не слуша може кола да го изгази. Кој знае како да го смирам дома да е помирен да му направам некоја играчка и слично доколку е можно да се посмири мачкава, зашто искрено ме мрдна треба 100% да го гледам неможам што се вика ни у вц да отидам... Ве молам за помош...
Тоа што мачето е немирно сосема е нормално. Младо е, сака да игра, ко и секое друго, што е супер. Сигурно ќе се смири коа ќе попорасне-што значи, за оптприлика 6-9 месеци. Тогаш ќе се претвори во досадно маче. Ако го чуваш само во стан, најверојатно ќе треба да го кастрираш.

Една пријателка има бел мачор, дебел кастрат, ама така невидено добра душа, чудо едно...тоа ти е со машкиве, и коа се без јајца знаат да одржат позитивен дух; за разлика од него, тоа женката што ја чува (исто така стерилизирана), права паклена дивљакуша-не дозвољава ни да ја видиш а не пак да ја пипнеш...така да, ти нема да имаш проблем.

Ај, поздрав и уживај во духот на твоето бело глуво пријателче!
--- надополнето: 31 октомври 2012 во 00:27 ---
Како да ја спречам мачката да не ми копа по цвеќињата?
Слушнав за лимун - не функционира.
Кажувајте нешто друго!
1.Да ги тргнеш цвеќињата.
2.Да се помириш со состојбата.

Видиш, мачкиве се малце чудни, ко ќе се фиксираат за нешто, нема помош. Оно едноставно мора да си копа по саксиите ти се сфиѓало тоа или не.

Бај д веј, пази да не ги гризе и јаде, зш некои цвеќиња се отровни.

Ај, ти посакувам многу трпение ;)
 
Член од
20 ноември 2008
Мислења
6.104
Поени од реакции
2.514
Еее и јас во почетокот си бев на слатки маки, ршум правеше мачкава, обожаваше да играт, а сеа веќе е 2-3 години стара, 4-5 пати роди, само за јадејне знајт да мјајнит и да ми се милкат низ нозе. Иначе на столот до оџакот си се топлит и по цел ден спиет. Ако почам да ја гњавам (играм) незаинтересирано ќе застанит пред излезната врата со знак дека сака надвор, и нема што да ја замарам. Едино некогаш и годит чешкање и галење, ама и тоа не го сакат стално.
 
maricka

...
Член од
2 ноември 2009
Мислења
175
Поени од реакции
486
Имам мачор има околу 2 ипол години. Лани зимата многу беше настинат, прво почна да кива, па потоа и кашлаше, му течеше и носето. Може беше настинат околу 3 недели,едвај оздраве.
Е сега лошо е што пак го гледам деновиве како почнува да кива, се плашам дека пак ќе настине.
На ветеринар ми е страв да го носам, зошто еве еден пример, на мои пријатели им беше настинато кучето лани,и викнале ветеринар, му ставил вакцина против настинка но починало кучето, па не им верувам на ветеринарите многу многу.
Сакам да прашам како јас можам да му помогнам на мачево, зошто несакам да се повтори неговата ланска настинка.
 
M

Moon Child

Гостин

Да те предупредам да не му даваш Андол нити било какво друго апче на своја рака. Јас убив едно маче со андол :confused:
Подобро носи го на ветеринар ако се разболи, сигурно таму знаат повеќе од мене или од тебе. И јас така се противев дека нема да го носам мојот мачор на ветеринар за раните што му се појавија на грбот и му опадна крзното, ама кога го однесов ми кажаа што да направам, ми дадоа лек и по 2 недели се стабилизира.
 
^^GoRiLLaZ^^

Happiness...?
Член од
25 јануари 2007
Мислења
5.755
Поени од реакции
8.013
Како маче од 2 месеци да стекне навика на живот у двор, односно да си остане во куќичката што му е надвор? Тактика нешто? :))
 
Дрндалче

...никад не запира...
Член од
11 јануари 2009
Мислења
837
Поени од реакции
338
има ли некој искуство со епилепсија кај мачиња? ве молам споделете искуство...
 
Член од
5 ноември 2010
Мислења
4.841
Поени од реакции
3.873
Како маче од 2 месеци да стекне навика на живот у двор, односно да си остане во куќичката што му е надвор? Тактика нешто? :))
и мојон има куќичка,ама незнам како да го научам да влегува.Ваљда кога ќе биде многу ладно ќе си влегува,а цел живот живее надвор :)
 
V

Vollstandig

Гостин
Како маче од 2 месеци да стекне навика на живот у двор, односно да си остане во куќичката што му е надвор? Тактика нешто? :))
Мачката е слободно животно, и нема да го научиш како кучето во обележаната теритоприја.Најмалце спијат онаму ти каде ќе им кажиш или изгледа добро , како кај кучињата. Мачорот мој на пример спие во ќош, на монитор, во регал, во фиоки, сред соба,безвеза места шо него му се интересни. Мачката на прво земање ја учиш на домот, после сама го учи дворот до каде е и што е и на крај, останува тука.А место за спиење,тешко дека ќе му одредиш.
 
^^GoRiLLaZ^^

Happiness...?
Член од
25 јануари 2007
Мислења
5.755
Поени од реакции
8.013
Мачката е слободно животно, и нема да го научиш како кучето во обележаната теритоприја.Најмалце спијат онаму ти каде ќе им кажиш или изгледа добро , како кај кучињата. Мачорот мој на пример спие во ќош, на монитор, во регал, во фиоки, сред соба,безвеза места шо него му се интересни. Мачката на прво земање ја учиш на домот, после сама го учи дворот до каде е и што е и на крај, останува тука.А место за спиење,тешко дека ќе му одредиш.
Фала, затоа те прашав. Шо значи тоа да не се мачиме... е сега проблемот е што домашните прават проблеми околу чување внатре, дома. Па на пример, ако остане надвор дали ќе му се случи нешто, како на пример некоја болест, студенило, и некој работи поврзано со хигена?

Инаку мачево е повеќе од 2 месеци старо... шо значи уште е мало, фаза на навикнување на нова средина.
 
Член од
23 мај 2009
Мислења
958
Поени од реакции
727
Фала, затоа те прашав. Шо значи тоа да не се мачиме... е сега проблемот е што домашните прават проблеми околу чување внатре, дома. Па на пример, ако остане надвор дали ќе му се случи нешто, како на пример некоја болест, студенило, и некој работи поврзано со хигена?

Инаку мачево е повеќе од 2 месеци старо... шо значи уште е мало, фаза на навикнување на нова средина.

Не е лошо да го зачувате внатре, во домот, за да ја прифати куќата. Коа ќе потпорасне, самото ќе почне да си бара излегување, а коа па ќе почне да брка други мачки, ќе ти доаѓа дома само на јадење и дремка. Она што е битно, ако не сакате да ви се качува по столици, маси, да влегува во кујна итн, е да го научите на зборот НЕ! Никако тепање, туку само со подвикнување (понекогаш у комбинација со благо потчукнување по главата, кај муцката), кога ќе направи нешо шо не сакате. Исто така, научете го да спие во одреден простор, на пример доколку имате ходник-пр.претсобје кај спалните соби, затворете ги сите врати за да му ограничите движење-така ќе се навикне да спие таму навечер-а преку ден дозволете му само да си избере место во куќата (повторно никако по столови и гарнитури, комоди, во скут, на нечиј кревет...туку негде на подот).

Од разболување заради студови (од чување надвор) ич да немаш гајле-ниедно домашно маче не смрзнало надвор, тие си имаат природна заштита т.е крзно. Повеќе се разболуваат кога во зима на пример седат преку ден во јако затолена соба а навечер искачаат на многу ладно...така да...не се грижи за тоа, само одлучете каде ќе го зачувате и тоа брзо, зашо ако навикне на одредена состојба, после тешко и мачно одвикнување ;)
 
^^GoRiLLaZ^^

Happiness...?
Член од
25 јануари 2007
Мислења
5.755
Поени од реакции
8.013
Добив одлични совети, фала ви.

Инаку околу исхраната како оди? По колку дневно да се дава? И дали е потребно млеко да конзумира, како што напоменав, се работи за маче повеќе од 2 месеци :)
 
На многу луѓе им е проблем купувањето храна за мачки, заради високата цена. Искрен да бидам и не е кој знае што истата храна, заостаната од по ресторани, со втора,трета класа доаѓа во фирмите за производство на храна за мачки, со додадени адитиви,конзерванси,витамини, се добива т.н храна за мачки.

Јас им купувам риби.Обично во пазарен ден начекувам продавачи, продаваат едни мали риби,секојпат различно име имаат, али се со должина од околу 10-15 цм, 60 денари кило. Купувам 4-5 кг,замрзнувам и имам доста време да ги ранам со истото.

Подготовката не е ич сложена, се чистат рибите од цревата и сл отпад, се ставаат во тенџере, додаваш неколку чешниња лук,да ја сузбие миризбата а и сепак е полезен и за животното. Истите,сварени,си ги чуваш во замрзнувач, јас им давам некогаш повеќе, некогаш ич, зависи што има за јадење по дома...било коски глави од риби, било пилешко, млеко само благо од киселото кај мене пролив ги фаќаше.И ако живее надвор,сигурно ќе си дојди дома со некое врапче, гуштер, глушец ,гулаб и слични чуда...
 
Член од
23 мај 2009
Мислења
958
Поени од реакции
727
Добив одлични совети, фала ви.

Инаку околу исхраната како оди? По колку дневно да се дава? И дали е потребно млеко да конзумира, како што напоменав, се работи за маче повеќе од 2 месеци :)

Ја сум им давала конзервирана храна, сува храна, двете помешани, конзерва помешана со трошки леб (заради добивање на поголема количина), но леб за мачки мислам дека треба да се избегнува (мачките се месождери а не лебождери ;) ). Сум давала и млеко и попара, ама поретко. Сум читала дека кравјото млеко не се препорачува за мачки-но, моите немале никаков проблем, особено додека биле мали. За мали мачиња, по супермаркетите се наоѓа и конзервирана храна и сува со назнака Јуниор. На самата амбалажа може да се види препорачана доза, според возраста и килажата. Можете и да подготвувате храна, но за ова треба повеќе време и да истражиш малце што му одговара и во колкава количина, според возраста. Колку што знам мачка нема да одбие никакво месо, џигер, комбинирано со зеленчук-но храната не смее да биде зачинета, пржена...Избегавај сирово месо. Ако користиш сува храна, обавезно обезбеди му вода.

Јас сум им давала по 3 оброци дневно, но мачка е постојано гладна па може да јаде било кога да и дадеш. Ти препорачувам да му наметнеш режим како ти одговара, никако да не му давате од рака, испод маса, додека ручате. Маче треба да си има свое место, свое тањирче за храна, своја храна...Веруј, во спротивно до таа мера ќе се избезобрази што нема да ве остави на мира ни да и се приближите на трпезариската маса.

Еј, и да не заборавам, ако мачето го чувате дома, оставајте му пристап до садот со песок за нужда преку цел ден-јас песокот го чував во WC-то. Тука е најдобро место, дискретно, нема прљање по цела куќа, лесно е за чистење...и (ова е исто така многу важно) внимателно со употреба на средства за дезинфекција на плочките-на мачите им е во природа да се чистат со лижење, така чистејќи-лижејќи си ги шепите, постои можност да се затрујат.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom