Материјалисти

la-loca

Immortal...
Член од
24 јули 2009
Мислења
2.545
Поени од реакции
1.252
Парите не ја купуваат среќата, но поудобно е да плачеш во порше отколку во југо...
 
S

smart ass

Гостин
Парите не ја купуваат среќата, но поудобно е да плачеш во порше отколку во југо...

Ама и едното,и другото вршат работа.

Првото е џабе трошење пари,а југото...хмм...ај еден џип гранд чероки,или може некој доџ:toe:
 
Член од
16 октомври 2009
Мислења
593
Поени од реакции
28
Али 1000 денари да ти даам би го сменил постов у обратна конотација...
ХАХАХХА немора да значи ако тоа влијае на тебе дека ќе влијае и на мене.Со постов си прознаваш дека ти си еден од нив.
 
Кралот Марко

Не прилепчанецот, ами Јас
Член од
6 ноември 2008
Мислења
3.969
Поени од реакции
278
Има реални матерјалисти и потсвесни матерјалисти. Реалните матерјалисти се оние матерјалисти кои реално располагаат со богатство и трупаат пари и се однесуваат така како што се однесуваат. Од друга страна пак потсвесните матерјалисти, се сите останати кои од икс причини не станале или неможат да станат матерјалисти, заради икс причини, па во слободното време ги критикуваат реалните матерјалисти, наоѓајќи си за себе некаква утеха за неможноста да станат реални матерјалисти. :toe:
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.706
Поени од реакции
12.126

Имате ли предрасуди спрема таквите????..
Познавате ли такви,, ви пречи ли нивниот став,, како се однесувате спрема нив,, мислите ли дека можат да се сменат.?????.. Можеби имате некој личен пример? Туѓи искуства?....

Сепак сите сме само луѓе и не треба да градиме разлики помеѓу нас...
Познавам чат пат и не ми пречи и се однесувам како и кон другите и... а зошто да се сменат? Ај ние да се смениме.
Нивна работа за што ќе се закачат, за пари или за идеали, за глисер или за човек.

Значи колку не се замарам. Јас бре гледам во својот двор,не ѕиркам во туѓиот, што ми е гајле кој колку пари има.Боже значи...Битна е човечноста кај човекот, битно е кој е човекот и каков е неговиот карактер.

А ако некој проценува каков материјален статус имам за да се дружи со мене, тогаш да му се плукнам на другарството и дружењето. Такви фејк другарства не ми се потребни.
А така, нивна работа...и сето тоа што го напиша :)

Парите не ја купуваат среќата, но поудобно е да плачеш во порше отколку во југо...
Кајгана мисла на месецот, стварно делува :)
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.706
Поени од реакции
12.126
Најверојатно зошто ќе страдаат во животот, ако не за леб за нешто друго.:smir:
За нивно добро да, но доколку немаме штета од нивните светопогледи...мислам дека тој вид луѓе и да сакаме не можеме да ги смениме-секој смета дека е најправилен неговиот светоглед и начин на живот. Затоа и ми се свиѓа она...да си го гледам првин сопствениот двор, а после се друго :smir:
У ствари мислам дека и не се чести луѓето кои се вртат кон нематеријалното со начин на живот и постапки-можеби само додека дискутираат, но постапките и средствата... Само различно тоа го искажуваме или различно се изјаснуваме за истото. :)
 
bounty_hunter

Фатенко
Член од
13 октомври 2009
Мислења
1.268
Поени од реакции
322

Ех камо сите како тебе да гледаа, прво за себе па потоа за се друго. Ќе немаше кривогледење и љубоморење кој колку и што има, а со тоа секој ќе прекинеше со натпреварување кој повеќе ќе се покаже и автоматски ќе изчезнеше потребата за материјализам.:)
 
Не сум баш и ја до толку светец ама ко Крејзи ин Лав што рече, тоа би требало да ни е некоја патека, водилка...прво себеси да се средиме, после другите, прво својот двор... Инаку и ја сум човек, љубомората и материјалното се исто дел од мене, па на некои теми сум и видно револтиран и љубоморен :)
 
B

Borg_Drone

Гостин
За нивно добро да, но доколку немаме штета од нивните светопогледи...мислам дека тој вид луѓе и да сакаме не можеме да ги смениме-секој смета дека е најправилен неговиот светоглед и начин на живот. Затоа и ми се свиѓа она...да си го гледам првин сопствениот двор, а после се друго :smir:
У ствари мислам дека и не се чести луѓето кои се вртат кон нематеријалното, начин на живот и постапки. Само различно тоа го искажуваме или различно се изјаснуваме за истото. :)
За нивно добро да, но доколку немаме штета од нивните светопогледи...
За ова и ти си во право.

мислам дека тој вид луѓе и да сакаме не можеме да ги смениме
Животот ќе ги промени, ќе страдаат и така ќе научат каде згрешиле.А ако и тогаш не научат, повторно ќе ја направат истата грешка и ќе страдаат уште повеќе.Баш пред некој ден разговарав со еден другар побогат од мене, и детето ова ми го кажа:"Слушај, не е се во парите немој да гледаш во животот низ призмата на парите, ене ја мајка ми така гледаше низ призмата на парите и на крај изгуби се...." Мене нормално, ми падна жал но кога ќе погледнеш подобро на работите, детето од тоа извлекло и поука и сега ќе внимава во иднина, нема да ги повторува грешките што ги правела неговата мајка, а и неговата мајка сега сигурно страда поради тие нејзини грешки, и сега сигурно дека гледа со поинакви очила кон светот.

У ствари мислам дека и не се чести луѓето кои се вртат кон нематеријалното, начин на живот и постапки. Само различно тоа го искажуваме или различно се изјаснуваме за истото.
Мене лично ако ме прашаш, ќе ти го кажам следново:Точно е тоа дека не може да се живее од љубовта, но исто така е точно тоа и дека не е се во парите.Јас пример немам многу пари, на периоди и страдам поради тие пари (како и повеќето граѓани на Република Македонија), но кога ќе подразмислам од една страна пак и добро е пример што мајка ми не е материјалистка (или некој друг од мојата фамилија) и не гледа низ призмата на парите.Ако ништо друго, секое утро кога ќе станам можам со мирна глава да си го испијам кафето, и можам да направам еден нормален разговор со мајка ми, без да се гадам од неа. ;)
А инаку сега немам толку пари, но еден ден можеби и ќе имам, животот е тркало, денес немаш утре имаш, доволно е само да се бориш. :)
 
bounty_hunter

Фатенко
Член од
13 октомври 2009
Мислења
1.268
Поени од реакции
322
Не сум баш и ја до толку светец ама ко Крејзи ин Лав што рече, тоа би требало да ни е некоја патека, водилка...прво себеси да се средиме, после другите, прво својот двор... Инаку и ја сум човек, љубомората и материјалното се исто дел од мене, па на некои теми сум и видно револтиран и љубоморен :)
Нема светци....а, револтот и љубомората се нормални појави, та ние сме луѓе, а тоа се дел од нашите емоции. Лошо е кога дозволуваме парите да ни го диктираат правецот по кој се движиме, затоа што го губиме она највредното, најценетото, нашата душа и заслепени од одсјајот на тие пари ги губиме и нашите емоции. На крај пак се враќаме на првата реченица т.е. без емоции не сме луѓе.

Но, тоа е тоа јас не ги гледам луѓето кој какви се и што имаат. Делата сами по себе зборуваат.

Мене лично ако ме прашаш, ќе ти го кажам следново:Точно е тоа дека не може да се живее од љубовта, но исто така е точно тоа и дека не е се во парите.Јас пример немам многу пари, на периоди и страдам поради тие пари (како и повеќето граѓани на Република Македонија), но кога ќе подразмислам од една страна пак и добро е пример што мајка ми не е материјалистка (или некој друг од мојата фамилија) и не гледа низ призмата на парите.Ако ништо друго, секое утро кога ќе станам можам со мирна глава да си го испијам кафето, и можам да направам еден нормален разговор со мајка ми, без да се гадам од неа. ;)
А инаку сега немам толку пари, но еден ден можеби и ќе имам, животот е тркало, денес немаш утре имаш, доволно е само да се бориш. :)
Интересно, ако не постојат тие проблеми и страдања (заради парите), дали ние ќе го цениме повеќе животот отколку сега?
 
B

Borg_Drone

Гостин
Интересно, ако не постојат тие проблеми и страдања (заради парите), дали ние ќе го цениме повеќе животот отколку сега?
Не знам за другите, но мене ако лично ме прашуваш јас и сега го ценам животот, точно е тоа дека на моменти ти паѓа тешко кај секого се присутни тие периоди, но ако не го ценев животот досега немаше ни да бидам жив, едноставно ќе ме имаше на А1 телевизија, на репортажата на Сијка Пиштолова како сум се фрлил во Вардар со зацементирани нозе во корито и со проштална порака.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom