Материјалисти

Ѓорѓески

Бивши Скај Дог
Член од
25 мај 2007
Мислења
6.661
Поени од реакции
945
Епа јас си ги делам спрема раса, религија и националост сите мои пријатели знам кои се бидејќи секој не може да ми биде пријател. Но од друга страна ич не ме интересира колку пари имаат, каква облека носат, кој им е татко а која им е мајка.
Битно е да се разбираме и да имаме заеднички јазик, ништо повеќе.
 
Член од
2 јануари 2009
Мислења
54
Поени од реакции
1
dobro so ke ti smeta ako nekoj od tvoeto drustvo ne e od ista nacionalnost kako na pogolemiot del od drustvoto?
 

Ladies'_Man

Страхотен пич
Член од
31 декември 2008
Мислења
156
Поени од реакции
12
Јас ги делам луѓето според срце.
Ако има добра душа и ако е материјалист,прифаќам.
Не сум јас тука за да судам кој е добар кој е лош.

Јас само живеам.
 
Член од
31 мај 2008
Мислења
803
Поени од реакции
32
абе на сите не нервираат материјалисти ама колку од нас го кажуваат тоа искрено...посебно вие девојки кои ги гледате вашите идни мажиња низ призмата на парите:toe:
 

[zEUs]

Go England!! GO!!
Член од
1 јули 2008
Мислења
4.398
Поени од реакции
535
Никогаш не сум бил а нема да бидам матеаријалиста, и имам окулу себе луѓе кои се како мене можеби не се многу ама важно е дека има такви...:smir:
 

PSYtisfaction

Царевата ќерка
Член од
30 јуни 2006
Мислења
3.922
Поени од реакции
527
Имам пријатели од различни економски статуси, националности, религии, брачни статуси, сексуални ориентации, образовни нивоа... Овие нивни „обележја“ ги дефинираат нив како ентитети, ама не ги образуваат како карактери.

Ич не ми е важно дали луѓето што ме опкружуваат се богати, сиромашни, Бугари, муслимани, педери или со осмо. Се додека се квалитетни личности и додека комуникацијата ни е на иста бранова должина, другото паѓа во сенка кога треба да направам избор за пријателство.

Многу погрешно се прави ваква глупава поделба врз основа на небитни припадности. Муслимани се мрзат со христијани, парајлии се дружат исклучиво со истите ко нив во своето боемски кругови, настануваат социјални поделби, групи, делење. Се согласувам дека поделба и групирање мора да има, ама не врз погрешна основа.
Што не почнат да се делат во групи на пример тие со добра смисла за хумор, или тие со љубов кон уметноста. Или по било кој друг основ поврзан со квалитетите (и мааните) на човековиот карактер и личност, без оглед на националноста, вероисповедта, ориентацијата или финансиската состојба.

Забегав и ја проширив темата, ама си кажав тоа што имам.

Материјалист сум во филозофска смисла, во однос на тоа што полесно ми е да се потпрам на физички видливи објекти и појави, наспроти идеалистичкиот пристап кон духовното, мисловното, идејното.

Материјалист сум во егзистенцијална смисла, во однос на тоа што имам потреба од и сакам да имам основни средства кои ми требаат за да си го приуштам потребното. Кров над глава, храна, образование, социјален живот... А не палати, приватни острови и дијамантска долна облека.

Но не сум материјалист во однос на избор на пријатели и партнери, зошто не ми е тоа приоритетно при проценката на една личност.
 
Член од
12 август 2008
Мислења
501
Поени од реакции
30
Што со таквите луѓе? Мислите ли дека е оправдано да го бираме друштвото според богатството..Или пак да не бидеме со некоја личност само заради тоа што не е како што би рекле на 'исто социјално ниво'....Сум запознала такви луѓе,,кои можеби не ги потценуваат другите,,но едноставно ги оценуваат луѓето според нивниот изглед..
Или пак,,тоа можат да бидат и луѓе на кои едноставно парите им се најважното нешто во животот..ако ги немаат нив ќе бидат несреќни.. Навистина,,парите се потребни за живот,,но не е убаво кога ќе преминат во нечија опсесија...
Имате ли предрасуди спрема таквите????..
Познавате ли такви,, ви пречи ли нивниот став,, како се однесувате спрема нив,, мислите ли дека можат да се сменат.?????.. Можеби имате некој личен пример? Туѓи искуства?....

Сепак сите сме само луѓе и не треба да градиме разлики помеѓу нас...
Познавам такви,една моја школска е таква ,се дружи со друга моја школска само ради корист ,оваа се и плаќа и дава и тоа многу ме нервира не оти и завидувам нешто туку такви личности најмногу мразам,а најжалосно е што оваа богаташкава на некој начин си купи другарка бидејки пред тоа не сакаше никој со неа да се дружи.Да бидеш материјалист е многу жална работа,ако си вреден и ако си паметен ке најдиш начин да заработиш и да си имаш ти свое а не да чекаш од друг и да го користиш и правиш само лице и да бидиш дволичен.А за менување не се менуваат,уверена сум во тоа. :)
 

Ајанта

Македонка
Член од
21 декември 2008
Мислења
580
Поени од реакции
37
Се нервирам кога дискутирам на оваа тема, бидејќи живееме во материјалистичко општество, а јас не можам да се согласам со Мадона:„becouse we are living in a material world, and I am a material girl“, па се чувствувам несфатена и огорчена. Многу е тешко да застапуваш поинаков став, оти луѓето ги вреднуваат твоите постапки не според вашите намери, туку според своите видувања, односно на основа на својот светоглед и животно искуство. Така, се случува човек да има најотворени намери кон некого, а овој тоа да го толкува како потсмев или сожалување, или како обид за искористување. Сакам да кажам дека некои избираат да одат по линија на помал отпор, па најбезбедно се чувствуваат во оној круг каде припаѓаат според видливото, материјалното.
Скоро разговарав со успешен лекар кој живее и работи на Флорида, а има македонски корени и често доаѓа во Македонија. Јас се жалев дека не ми се допаѓа што го градиме општеството според американскиот модел на демократија, најмногу поради тоа што луѓето се вреднуваат според критериум дека кој колку има, толку вреди. Човекот рече дека навистина, во наши услови оваа девиза е со аномалија, но дека во американското општество функционира,односно дека не може да се случи некому кој е квалитетен во својата област да не му е ревалоризиран трудот, па кога луѓето се движат во одреден круг, примарно е дека се на исто интелектуално, а со тоа и материјално рамниште, додека луѓето кои дошле до валкани,брзи, незаслужени пари, не се прифатени во тие кругови, и покрај тоа, или токму поради тоа што само материјално држат чекор.
Сепак, јас живеам овде и сега и сеуште не се согласувам со девизата дека вредиш онолку колку што имаш.
 

Annabel

Неутрална*
Член од
18 декември 2008
Мислења
1.298
Поени од реакции
183
Не знам зошто настанаа тие материјалисти кога сите сме исти-ЛУЃЕ,да не соблечат сите голи сите исти ќе бидеме.
Луѓе кои што неможат да си ја задоволат душата од некоја причина се осврнуваат на тоа да соберат и да имаат што е можно повеќе пари ама на крајот пак не се задоволни и пак им фали нешто.Секако дека парите се важни и потребни за задоволување на најосновните потреби,но да се претерува со тоа и парите да се ставаат над се друго во животот мислам дека е чиста безсмислица.
 
Член од
27 септември 2007
Мислења
1.028
Поени од реакции
440
Вчера на школо баш правевме муабет со школските што гледаме кај партнер карактер или пари, и јас нормално си викам карактер, и еден школски ми вика другарка ти дечко и ја вози во џип а тебе во што те вози твојот дечко, леле му викам па мене што ми фали ако не ме возат во џип, пешки може се шеткаме али важно имаме разбирање слога и љубов, си викам какви се нема луѓе - МАТРЕЈАЛИСТИ:tapp:
 

Smile=)

културно-вулгарна
Член од
13 октомври 2008
Мислења
510
Поени од реакции
27
Мразам материјалити.. Имам сретнато неколку.. Многу плитки луѓе.. Се трудам да ги избегнувам..
Луѓето ги гледам по карактерот.. Не по материјалните работи кои ги поседува.. :toe:
 

Гладиус

notusually
Член од
14 август 2008
Мислења
5.508
Поени од реакции
1.728
Што со таквите луѓе? Мислите ли дека е оправдано да го бираме друштвото според богатството..Или пак да не бидеме со некоја личност само заради тоа што не е како што би рекле на 'исто социјално ниво'....Сум запознала такви луѓе,,кои можеби не ги потценуваат другите,,но едноставно ги оценуваат луѓето според нивниот изглед..
Или пак,,тоа можат да бидат и луѓе на кои едноставно парите им се најважното нешто во животот..ако ги немаат нив ќе бидат несреќни.. Навистина,,парите се потребни за живот,,но не е убаво кога ќе преминат во нечија опсесија...
Имате ли предрасуди спрема таквите????..
Познавате ли такви,, ви пречи ли нивниот став,, како се однесувате спрема нив,, мислите ли дека можат да се сменат.?????.. Можеби имате некој личен пример? Туѓи искуства?....

Сепак сите сме само луѓе и не треба да градиме разлики помеѓу нас...
Немам предрасуди...Се дружам со секакви луѓе. Меѓутоа моето мислење за материјалистите е многу ниско. Тоа се луѓе кои имаат недостаток од љубов, гижа и разбирање и се’ што имаат им се парите. Таквите луѓе во глобала се многу себични и самобендисани...
И тоа што ги оценуваат другите според изгледот, всушност е потценување...
Познавам доста такви личности. Во кругот на блиското друштво имам една таква личност (читај ДАМАТА). И секој пат за нова фаца која ќе помине пред нас дамата има коментар како бил некој облечен, како немал пари и бла бла...Меѓутоа затоа ние другите сме тука за да ја приземјиме давајќи и на знаење дека и неа некој ја гледа од страна и го збори истото за неа...Како и да е, тоа што е неможеш да го смениш...Дамата секогаш ќе си остане материјалиста, било тоа да е на љубовно, семејно или пријателско поле...
 
R

RAYTHEON23

Гостин
materijalisti ima mnogu za zal no sepak se druzime i jas cesto se trudam da gi ubedam...ama jabe pusti pari....ne e prasanjeto za razlika na lugeto..tuku pogolemo
sistemot DRZAVATA gubi MITO KORUPCIJA koj prima ako ne materijalist.....:smir:
 
Член од
4 октомври 2009
Мислења
257
Поени од реакции
13
Okolu mene ima premnogu materijalisti ziv primer e na drugar devojkata,nejze ne i e ubavo u vrskata deckoto ja vara,ja tepa premnogu ja nervira za ic nisto no ona misli deka deckoto ima kesh a ustvari e svirec dobro glumi i ona go drzi :vozbud:najebala :pusk:
 

Kajgana Shop

На врв Bottom