Математичка мистерија

  • Креатор на темата Креатор на темата acetetovo
  • Време на започнување Време на започнување
Треба да се добие 24 од броевите 1, 3, 4 и 6 со помош на основни математички операции (+ - / *), при тоа броевите треба да се користат само еднаш.
 
Можам да го разберам одговорот доколку ако е јасно напишан. Прашањето е дали можеш јасно да го образложиш решението на задачата? ;)
14 јајца за 7 дена ти се 2 јајца у просек по ден. Ако имало 6 кокошки тоа значи дека у просек ти доаѓа по јајце на 3 кокошки. Е сега со 7 кокошки просекот би се зголемил од 2 јајца на ден во 2*1/3 (две цели и една третина) или 7/3. 7/3*3 дена=7 јајца
 
Треба да се добие 24 од броевите 1, 3, 4 и 6 со помош на основни математички операции (+ - / *), при тоа броевите треба да се користат само еднаш.
6 / [ 1-(3/4) ]
6 / [ 1 - 0.75 ]
6 / [ 0.25 ]
= 24
 
1. На еден роденден се пиело бунар. Во едно шише имало 15% бело вино, а во друго шише имало 50% бело вино. Гостите решиле да го истурат бунарот во 4 литарски сад по што бунарот содржел 30% бело вино. Колку литра бунар од првото шише содржи садот отприлика?

2. Перо на една полица имал 4 крими романи, 4 романи научна фантастика и 2 љубовни романи. Ако од полицата земеме две книги, која е веројатноста дека една од нив ќе биде крими роман а другата љубовен роман?
 
аууу, сега пак ептен тешки поставувате. дајте нешто полесно. :icon_mrgr:
џаст кидинг
 
под 1 одговор е 16/7 литри
под 2 одговор е 2/45
Првото да, второто не.

Кај второто крими роман и љубовен роман можеш да избереш на два начина: прво крими роман па после љубовен или љубовен па крими

4/10*2/9 или 2/10*4/9 што значи 4/10*2/9+2/10*4/9=8/90+8/90=16/90=8/45
 
Јас пресметував со комбинации - ако одеднаш ги бираш
и добив 8/45 ( грешно сум скратил )
 
14 јајца за 7 дена ти се 2 јајца у просек по ден. Ако имало 6 кокошки тоа значи дека у просек ти доаѓа по јајце на 3 кокошки. Е сега со 7 кокошки просекот би се зголемил од 2 јајца на ден во 2*1/3 (две цели и една третина) или 7/3. 7/3*3 дена=7 јајца
Чекај сега ме буниш. Сакаш решение на задачата или одговор на прашањето што го постави ти?
Ете го решението на задачата. Да го прецизирам и прашањето: Како може кокошка да снесе третина јајце?
 
Ете го решението на задачата. Да го прецизирам и прашањето: Како може кокошка да снесе третина јајце на ден?
Така што ќе снесе едно јајце на три дена.
 
Така што ќе снесе едно јајце на три дена.
Ако снесува јајце за три дена, тогаш не е можно за седум дена шест кокошки да снесат 14 јајца.
Една кокошка за 7 дена би снела 2 јајца (исто колку и за шест, затоа што третото јајце ќе го снесе на деветиот ден). Шест кокошки за 7 дена би снеле 12 јајца. Фалат две јајца.
Значи не е можно 6 кокошки за 7 дена да снесат 14 јајца, со што и самата задача е лошо поставена. Со тоа што се работи за кокошки и јајца, задачата не ограничува на користење на цели броеви, а истата може да се реши само со користење на дропки.
 
Еве јас ја решавав задачата со тројното правило.
Значи
прв услов: со намалување на деновите се намалува и бројот на јајцата, значи величините се правопропорционални,
втор услов: со зголемување на бројот на кокошки би се зголемил и бројот на јајцата, значи величините пак се правопропорционални.
Па може да се постави пропорцијата:
6 кокошки 7 дена 14 јајца
7 кокошки 3 дена x јајца

односнo x : 14 = 3 : 7 = 7 : 6
x * 7* 6= 14*3*7
x=7
 
moongoses сака да каже дека седмиот ден кокошките нема да снесат јајца, затоа што јајцата се 33% готови.
третиот и шестиот ден секој кокошка ќе снесе јајце, а седмиот ден нема да снесат оти не се готови.
6 кокошки х 2 јајца = 12 јајца
 
Абе остај ти шо сака да каже. Задачата има решение. А за можен и невозможен настан, ви го нудам мојот кокошарник со цели три кокошки за примерок, па броете, прајте статистики и сметајте веројатност колку сакате :D.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom