Математичка мистерија

  • Креатор на темата Креатор на темата acetetovo
  • Време на започнување Време на започнување
Никола и Зоран се двајца браќа. Никола е постариот.
Тие заедно имаат 41 година
Збирот на квадратите од нивните години е 901
По колку години имаат браќата Зоран и Никола?
 
Никола и Зоран се двајца браќа. Никола е постариот.
Тие заедно имаат 41 година
Збирот на квадратите од нивните години е 901
По колку години имаат браќата Зоран и Никола?
Да го ставим на мајката на Зоран,а значи и на Никола оти му избра на зоран ова српско име! Инаку x2+y2=901 x+y=41
y=41-x x2+1681-82x+x2=901
2x*x-82x+1681=901
2x*x-82x+780=0
x2-41x+390=0
D=121 x=(41+11)/2=26 Никола е на 26. Зоран е копиле и не се знае на колку е.Но сепак се предплага на 15. Но! Ако не беше кажано кој е постариот немаше да може да се каже кој на колку години е оти има две решенија :)
 
Еден сопственик на текстилна фабрика вака пресметувал:
Сега на работничките, секој ден им исплатувам 8000 денари за дневници. Но ако поединечната дневница ја намалам за 100 денари и отпуштам 7 работнички, вкупно ќе исплатувам 3900 денари
Колку работнички имала фабриката и колкава била дневницата пред намалувањето?
 
според моите пресметки работичките нема ич плата да земат :)
 
7
L7NeBWI.jpg
 
Како можат 6 кокошки да снесат 14 јајца?
 
Како можат 6 кокошки да снесат 14 јајца?
Ти очигледно никогаш не си чувал кокошки :).
Не прашувај прашања чиј одговор не можеш да го разбереш.
А 6 кокошки можат да снесат 14 јајца за 7 дена. Озбилно.
 
Ти очигледно никогаш не си чувал кокошки :).
Не прашувај прашања чиј одговор не можеш да го разбереш.
А 6 кокошки можат да снесат 14 јајца за 7 дена. Озбилно.
Можам да го разберам одговорот доколку ако е јасно напишан. Прашањето е дали можеш јасно да го образложиш решението на задачата? ;)
 
Можам да го разберам одговорот доколку ако е јасно напишан. Прашањето е дали можеш јасно да го образложиш решението на задачата? ;)
Чекај сега ме буниш. Сакаш решение на задачата или одговор на прашањето што го постави ти?
 
Пиљарката Драгица продава праски и кајсии на Зелен Пазар
Кога ја отворила тезгата имала вкупно 240 килограми кајсии и праски
До пладне продала 82 килограми праски и 26 килограми кајсии
И останало три пати повеќе килограми праски од колку кајсии
Колку килограми праски, а колку килограми кајсии имала кога ја отворила тезгата?
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom