Конкретната книга - Freemasonry for Dummies, е далеку над базични информации. Навистина е штета што е во рамките на оваа колекција, која е точно дека се заснова на базични информации на најразлични теми, па остава погрешен впечаток. Уште поголем апсурд е што уште поквалитетна книга, напишана од навистина почитуван автор е дел од колекцијата "Idiot's Guide"
Тоа што јас го познавам, не е потврда за неговиот кредибилитет. Сепак - ако некој има доверба во моите искази, ќе има доверба во мојата преценка во конкретниов случај. Ако не - живи и здрави.
Кредибилетот на Ходап е потврден од повеќето ложи во Северна Америка, каде важи за еден од најдобрите предавачи на тема масонерија (разгледај го сајтот на Големата Ложа на Индиана, има доста инфо за него).
--- надополнето: 13 август 2012 во 21:18 ---
Значи - се дознава за злоупотреба од страна на масони и одредена група масони се обидува да го заташка тоа. Кога Големата Ложа дознава за тоа заташкување - повторно се случува сценарио 2.
Единствен понов случај во кој Големата Ложа прави обид за заташкување е минатата година со Франција - и во тој случај, меѓународното братство го прекинува меѓусебното признавање (пак - сценарио 2).