Видеово е репост -- истиов материјал го постирав пред повеќе од една година. Се'едно, во него се загатнуваат интересни сценарија. Веќе дискутиравме за конфликтот на интереси кој настанува кога на пример, еден полицаец масон апси некого кој е исто така масон, или кога масон судија треба да му пресуди некому кој е масон. Зидарски тврдеше дека нема никакви преференцијални третмани -- демек, и полицаецот и судијата ќе постапат строго според законот.
Мене ова слабо ми е веројатно, особено поради овој затворскиов пример во документарецов. Познато е дека во затвори се одржуваат масонски состаноци. На таквите состаноци присуствуваат и затвореници и полицајци. Ваквото асоцирање е директен конфликт на интереси што дава секаков повод за сомневање во приказната на зидарски. Масонската заклетва за взаемно помагање ги надминува поделбите на полицајци/криминалци, па и непријатели во војна. Очигледно, лојалноста кон масонеријата е поважна од почитувањето на законот и спроведувањето на правдата.
Постои документирано сведоштво од Јара Рибникар, сопруга на предвоениот масон и комунист Владислав Рибникар, по војната директор на весникот „Политика“. Во своите мемоари таа пишува дека, во екот на германската окупација, еден нацистички Ес Ес мајор лично дошол да го извести братот Владислав за иминентното апсење кое му го спремало Гестапо. Јасно, лојалноста на нацистичкиот офицер била првенствено кон масонеријата, а не кон сопствената војска и држава.