Масони

Шкорпион

Corvus oculum corvi non eruit?
Член од
16 октомври 2009
Мислења
7.349
Поени од реакции
7.606
Ne,bidjeki ne me zamaraat takvi videa :)
Но очигледно те замараат вакви теми - иначе немаше да ја спамираш секоја тема во подфорумов со твоите скептични постови од две реченици.

Bi go izgledal videoto ama ne ocekuvam nesto posebno_Odamna se pobieni skoro site conspiracy theories
:)
Навистина? Скоро сите? А кои останале?
 
Член од
5 јуни 2008
Мислења
3.632
Поени од реакции
5.724
Малку слики :)

Големата ложа на Грција

Големата ложа на Франција

Големата ложа на Пенсилванија, САД

Големата ложа на Јапонија

Ложата во Лондон

Големата ложа на Ирска

Ложата во Њу Јорк
 
Член од
4 мај 2009
Мислења
2.476
Поени од реакции
5.545
Видеово е репост -- истиов материјал го постирав пред повеќе од една година. Се'едно, во него се загатнуваат интересни сценарија. Веќе дискутиравме за конфликтот на интереси кој настанува кога на пример, еден полицаец масон апси некого кој е исто така масон, или кога масон судија треба да му пресуди некому кој е масон. Зидарски тврдеше дека нема никакви преференцијални третмани -- демек, и полицаецот и судијата ќе постапат строго според законот.

Мене ова слабо ми е веројатно, особено поради овој затворскиов пример во документарецов. Познато е дека во затвори се одржуваат масонски состаноци. На таквите состаноци присуствуваат и затвореници и полицајци. Ваквото асоцирање е директен конфликт на интереси што дава секаков повод за сомневање во приказната на зидарски. Масонската заклетва за взаемно помагање ги надминува поделбите на полицајци/криминалци, па и непријатели во војна. Очигледно, лојалноста кон масонеријата е поважна од почитувањето на законот и спроведувањето на правдата.

Постои документирано сведоштво од Јара Рибникар, сопруга на предвоениот масон и комунист Владислав Рибникар, по војната директор на весникот „Политика“. Во своите мемоари таа пишува дека, во екот на германската окупација, еден нацистички Ес Ес мајор лично дошол да го извести братот Владислав за иминентното апсење кое му го спремало Гестапо. Јасно, лојалноста на нацистичкиот офицер била првенствено кон масонеријата, а не кон сопствената војска и држава.
 
Член од
19 август 2008
Мислења
848
Поени од реакции
130

Ова не е возможно, од проста причина што според уставот на сите регуларни Големи Ложи, во моментот во кој некој е осуден за кривично дело - веднаш престанува неговото членство во ложата и никогаш повторно не може да биде примен назад. Доколку некој има криминално досие (односно, има кривичен прекршок, дури и да не одлежал затвор, а да добил на пример условна пресуда) - не може да биде примен во ложата. Видеата можат колку сакаат да го тврдат спротивното. Сосема неодамна во САД се случи ваков проблем - кога Шрајн групацијата не сакаше да исклучи од своите редови член против кој има кривична пресуда (за нелегално коцкање). Две ложи веднаш ги прекинаа односите со Шрајн, а сите останати дадоа рок од еден месец (еден редовен состанок) да се исклучи дадениот член (Големата Ложа на Мичиген го имаше веќе исклучено). Се разбира - Шрајн ги почитуваше барањата, па односите се вратија во нормала. (Патем - нивното објаснување беше дека предметот е во апелативен суд, и чекаат да видат пресуда од тој суд - што не е валидно, затоа што масонското членство престанува во моментот во кој првичниот суд носи пресуда. Доколку апелативниот суд ја поништи пресудата, дури тогаш може бившиот член да бара реинсталирање во ложата, врз основа на тоа што за него не постои криминално досие).
Истово ќе се случи со било која ложа. Така што - ако УГЛЕ има членови кои се со криминално досие - ако ништо друго, Големите Ложи од Америка немаше да имаат взаимно признавање со нив.

Во услови на војна има многу примери во кои масони од спротивставени страни на конфликтот взаимно се помагале. Не гледам ништо спорно во случајов што го наведе, особено гледајќи го историскиот контекст во кој се одвива.
 
Ова е сè фина теорија. Дека е возможно масони да делуваат и да се помагаат во затвор говорат конкретни сведоштва, вклучувајќи го ова во документарецот. Еден познат пример е комуникацијата на Оскар Вајлд во затворот Рединг кога бил осуден за хомосексуалност. Токму за оаа случка има пишувано Јаша Березинер, британски масон и колумнист во Pietre. Знам дека теоријата ви е фина зидарски, ама праксата не ви е секогаш во склад со теоријата. Взаемното помагање на масоните е над многу работи, па и над законите и правдата.
 
Windfucker

Телемит, Темплар, Масон, Сциентолог во целибат
Член од
30 април 2010
Мислења
8.459
Поени од реакции
15.326

Го заборави клучниот збор на зидарски " осуден", сите што се најдуваат на суд до моментот на пресудата се само осомничени.
 
Член од
4 мај 2009
Мислења
2.476
Поени од реакции
5.545
Го заборави клучниот збор на зидарски " осуден", сите што се најдуваат на суд до моментот на пресудата се само осомничени.
Не го заборавив. Оскар Вајлд бил осуден за хомосексуалност и одлежал затворска казна во затворот Рединг. Една многу позната балада ја има напишано токму за неговата двегодишна робија таму: The Ballad of Reading Gaol.

Интересно е како бројот на осомничени масони е диспропорцијален со осудените. Што мислиш зошто?
 
Windfucker

Телемит, Темплар, Масон, Сциентолог во целибат
Член од
30 април 2010
Мислења
8.459
Поени од реакции
15.326
Не го заборавив. Оскар Вајлд бил осуден за хомосексуалност и одлежал затворска казна во затворот Рединг. Една многу позната балада ја има напишано токму тамy The Ballad of Reading Gaol.

Интересно е како бројот на осомничени масони е диспропорцијален со осудените. Што мислиш зошто?
Мислам дека браќата на осомничените со посебни ритуали му помагаат на нивниот брат да се ослободи од обвинението.
Не гледам друг начин таква морална група да може да повлијае на обвинението.
 
Член од
10 јуни 2012
Мислења
129
Поени од реакции
23
Навистина? Скоро сите? А кои останале?
Kako sto se veli vo pravoto se dodeka ne se dokaze vinata ,postoi presumpcija na nevinost na osomnicenoto lice.Se dodeka nesto ne se dokaze so fakti i dokazi ,postoi presumpcija na nevistinitost.Kazi mi ajde koj od konspirativcite dokazal nesto za masonerijata osven kvazi pretpostavki i nelukrativni dijalozi na lokalnata TV.NIKOJ!!!.Drugarot Bodi me napadna deka sum bil platenik!.Paranojata megu lugeto e se pogolema i se e toa po zasluga na lugeto na koi im se voshituvate,onie koi bez dokazi go napagaat Masonskiot red.Koj dokazi tie gi imaat na raspolaganje ,a koi dokazi gi imaat prilozeno nekoi clenovi na temava (Zidarski na pr.).Toj dosega najfer i najtransparentno vi objasni nekoi raboti i vi gi odgovori site prasanja,a go napadnavte vie. Toa e zatoa sto kon se pristapuvate so predrasuda i so presumpcija na vina.Vie pretpostavuvate deka nesto se slucuva ,no nemate dokazi.A se dodeka nema dokazi ,vo pravoto velat ne postoi ni vina :)
 
Член од
4 мај 2009
Мислења
2.476
Поени од реакции
5.545
Паранојата е секако присутна, а богами присутно е и бладање во обемни постови во кои нема ни две релеватни реченици на темава.

Масоните навистина би биле доблесни (како што се рекламираат) доколку во случаи кога, на пример, осомничениот е масон, а јавниот обвинител и судијата се исто така масони, судијата и обвинителот би барале изземање поради конфликт на интереси. Така правдата навистина би имала шанси да биде слепа а обвинетиот би имал непристрасно судење.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom