- Член од
- 4 мај 2009
- Мислења
- 2.476
- Поени од реакции
- 5.545
Има повеќе причини зошто книгава е фејл. И двата автори, Кристофер Најт и Роберт Ломас, се масони, меѓутоа во однос научно утврдени факти кои ги презентираат, се шарлатани. Неден од двајцава не е нисту историчар, ниту арехеолог, ниту антрополог ниту пак палеолингвист. А се занимаваат со работи од сите овие дисциплини.Во која смисла?
Прво, тие истрчуваат со непотврдена теорија дека масонскиот ритуал на иницијација потекнува уште од древниот Египет (16 век пне) и ритуалот го поврзуваат со смртта на некој си египетски крал. Оваа теорија може да биде забавна за читање, но нема никаква фактолошка поткрепа.
Натаму, се нудат непотврдени претпоставки дека Хирам Абиф бил првиот масон, и дека масонеријата почнува со изградбата на Сломонoвиот храм. Масонските ритуали секако го вклучуваат овој лик и симболиката на храмот, меѓутоа ептен е “far cry” да се тврди дека овие дати треба да се земат како почетоци на масонската организација. На страна бладањата за етимологијата на Абиф од „аби“ што би значело „татко.“ Ова се се’ шарлатански наглабања. Масонеријата официјално постои од 1717.
Исто така, Најт и Ломас излегуваат со теорија (веројатно инспирирана од гностичките евангелија од Наг Хамади) дека потоеле два Исуса: Јехошуа бен Јосиф (еврејски крал) и неговиот брат Јехошуа Барабас. Овие тврдења се исто така во доменот на чиста спекулација која нема никаква фактолошка основа.
Ниедна сериозна научна студија ниту пак релевантен масонски извор не ги зема сериозно овие тврдења ниту пак дава потврда за теориите на Најт и Ломас.
А ти шо ќе кажеш за книгава?