Масони

В

влијателен

Гостин
L

Luki Junior

Гостин
Не, самио симбол се смета за масонски симбол.
1 долар ја симболизира американската валута, затава на неа е ставен и самио Вашингтон како најважен преседател на америка, и човек шо меѓу првите се е борил за нов светски поредок. Создаделе го тај нов светски поредок со САД, демократија + капиталистичко општество како официјална државна политика. Сите до еден биле набожни човеци, ама са припаѓале на различни цркви (протестанти, католици, баптисти, евреи, итн). Па Eye of Providence, окото на Господ ги надгледува луѓето, плус доле некаде имаш In God we trust....

И да повеќето са биле масони од татковците на модерна америка.
Биле малку попаметни отколку да опнат распнат исус христос и да се дефинират како тешка хриситјанска држава...
 

Атеист

Дежурен Шаман
Член од
2 февруари 2010
Мислења
7.682
Поени од реакции
4.921
И да повеќето са биле масони од татковците на модерна америка.
Биле малку попаметни отколку да опнат распнат исус христос и да се дефинират како тешка хриситјанска држава...
Значи САД се масонска (основана и управувана) држава? ОК
Дали нејзината надворешна политика е управувана од истите? Дали имаат истите (масоните) влијание на некои поголеми светски случувања? На пр. Париската комуна и Октомвриската револуција?
 
L

Luki Junior

Гостин
Значи САД се масонска (основана и управувана) држава? ОК
Дали нејзината надворешна политика е управувана од истите? Дали имаат истите (масоните) влијание на некои поголеми светски случувања? На пр. Париската комуна и Октомвриската револуција?
Јас по принцип не сам доволно учен, начитан, или па паметен да ти одговорам експертски на прашањето, ама може да ја поразмозгам темата со сопствени зборове и идеи:

Не може една држава да ја карактеризираш со тава шо е било 300 години назад, и водачите шо са верувале лично и какви обреди са правиле. Сите тамо потекнуват од некаде од друго место, и самото потекло и етникум како таков е незначаен. Важно е у шо верува човек, и какви идеи има. Нема ништо лошо да те воде праведен човек, со сопствен ум и чувство за еднаквост, осет за околината, за другите околу него. Плус, вашингтон сакале да го изберат за доживотен преседател, па човеко се откажал после вторио мандат, па останало си традиција дека секој е минлив, менлив, и секојпат има попаметен, помлад и поснаодлив човек од него... На пример там самата функција Преседател има голема моќ и почит (денеска е обама, утре ќе е некој друг) ама кој и да е ќе е лидер на најмоќната земја у свето.

Кај нас се ствара некаква чудна аура околу масонството како организации, демек богати човеци прават чудни ритуали, однесуват се и обелечуват се чудно, и кројат злобни планови како да ги контролират другите човеци... А тава са човеци шо си имат верба у бог, ногу са работливи (тие шо јас ги иам сретнано), и са доста паметни... нема ништо мистично или страшно околу них..


Тие са ја поддржале француската револуција, оти французите са ги поддржале них у војната за независност од британците. Тај е неспорен факт, американците поддржуват дека има клима за демократија и за добар бизнис.
Исто, купена е луизијана од французите у времиина кога Франција е била у незавидна финансиска состојба....

Октомвриската револуција е резултат на фебруарската револуција, и борбат за превласт. Под капата на Комунизмо и Болшевизмо си доаѓа нова инсталација на власт

(е тука не знам дали има масонство... ама има доста организации, дека шо наместо Бог, величат Ленин/Сталин, до степен возвишување кон божество... Имаат редовни кружоци, состаноци, пеат се нови химни, песни у здружен глас, Бистре се идеологија, колат и прогонуват луѓе шо не мислат исто со них. Уриват се шо е старо и го реизградуват од темел, создават се тајни полиции и единици за брзи интервенции (читај егзекуција) кон контра револуционерите, бело гардејците, благородниците......Паааа не знам на тебе, ама на мен тава доста ми личе на нешто слично на Масонството само у ногу поекстремна варијанта)

САД до првата светска војна имат многу мала армија (споредено со територијата и бројо на населението), и финансиската моќ се е префлала на други теми, а не на мешање у надворешната политика на други земји...
 
Член од
19 август 2008
Мислења
848
Поени од реакции
130
He approves the new world order. превод на текстот околу пирамидата.

Семоќното око на Бог ги гледа сите луѓе на земјата... Масонски симбол... Задната Страна на Печато на САД.
Доларот како валута е склопена за новиот државен поредок создаден од татковците на Америка. Нема ништо лошо и контроверзно у него. Човек требе само да верува у Бог (без разлика на религија, секта), да биде умен, паметен, и да има чувство на одговорност.
Annuit Coeptis - најточен превод би било "Со Божји Благослов".
Novus Ordo Seclorum - најточен македонски превод би бил "Нов поредок за иднината" (на англиски - New Order for the Ages). Воопшто нема врска со Нов светски поредок - затоа што Seclorum не значи Светски (Seclorum е множина, и буквално означува доба, а не свет). Нов Светски Поредок е нов израз што не постоел кога е создаден доларот.
Пирамидата со окото е масонски симбол (имам објаснувано за доларот наназад низ форумот - кој не го мрзи, нека побара).
--- надополнето: Jul 16, 2012 3:24 AM ---
Што па баш масонски симбол, не е можеби некоја друга врската?
За кој „нов светски поредок“ станува збор?

The great Seal најдолу, што значење има?
Затоа што дел од комитетот кој го создава дизајнот за доларот, се масони. Интересно сепак е што човекот кој ја предлага пирамидата, не е масон.
Не станува збор за нов светски поредок - објаснив погоре.
Great Seal - голем печат - тоа е официјалниот печат на Америка.
--- надополнето: Jul 16, 2012 3:26 AM ---
...In 1782, the Eye of Providence was adopted as part of the symbolism on the reverse side of the Great Seal of the United States...
...The Eye first appeared as part of the standard iconography of the Freemasons in 1797...
http://en.wikipedia.org/wiki/Eye_of_Providence
Википедија е многу пати корисна, ама во конкретниов случај има пропуст. Севидливото око е дел од масонскиот ритуал многу пред 1797-ма.
--- надополнето: Jul 16, 2012 3:30 AM ---
Значи САД се масонска (основана и управувана) држава? ОК
Дали нејзината надворешна политика е управувана од истите? Дали имаат истите (масоните) влијание на некои поголеми светски случувања? На пр. Париската комуна и Октомвриската револуција?
Не.
 

El Bohemio

Silver Gate
Член од
6 јули 2009
Мислења
1.058
Поени од реакции
943
За време на отворањето на ОИ во Лондон. Масонски симболики и ритуали ? Масоните на форумов, неколку зборови околу ова ? Што тие претставуваат ?
oi-cudna-postolja-za-reflektore.jpg
cudno-otvaranje-oi-500x335.jpg oi-demon-krsti-decu-u-bolnici-500x346.jpg
oi-ceremonija-plodnosti-iz-vavilona.jpg
oi-gori-drvo-spoznaje-na-ziguratu.jpg
oi-sta-je-ovo.jpg
 
Член од
19 август 2008
Мислења
848
Поени од реакции
130
Ниеден од симболите не е масонски. Режисерот и сценаристот на отворањето (Дени Бојл) не е масон.
Првата слика е приказ на индустриската револуција. Не секој триаголник е масонски - овде едноставно ги прикажува градбите од времето на индустриската револуција (кој бил низ Англија, надвор од Лондон, знае точно за што зборувам).
Втората слика е приказ на National Health Services - голема гордост за Британците. Велика Британија е првата западна земја која воведува бесплатно здравство. NHS е најголемиот работодавец во земјата.
Третата слика - гледај Хари Потер, Лорд Волдеморт. Ликот се игра од Ралф Фајнс. Целиот сегмент беше околу ликови од детски книги.
Четвртата - стар пагански обичај, никаква врска со масонерија или било што друго. Постои неколку илјади години, зачуван е само на некои помали острови на северот. Прослава на пролетта и плодноста.
Петтата - Проповед на ридот / Град на ридот. Во Македонија иако се гордееме со тоа што сме Библиска земја, Библискиот симболизам е речиси неприсутен во секојдневието и не го користиме во секојдневниот говор, а и ретко кој е запознаен добро со Библијата. Симболот на одржување на проповед на ридот е од Евангелие по Матеј, 5-то поглавје. Во Македонските изданија е преведено како "Гора", што не е баш најдобар превод (дури и ако се погледне контекстот во кој е напишано во Библијата. Конкретно, погледни го 14-тиот стих - "Вие сте светлината на светот. Не може да се сокрие град, што се наоѓа на врв планина." И во контекст на олимпијадата имаше иста смисла.
Шестата слика - стварно не знам. :)
 
Член од
19 август 2008
Мислења
848
Поени од реакции
130
Како масонски празник - не. Инаку, секој по своему - некои слават, некои не, исто како и со секој друг празник.
 
Член од
6 февруари 2007
Мислења
4.960
Поени од реакции
5.821
Значи САД се масонска (основана и управувана) држава? ОК
Дали нејзината надворешна политика е управувана од истите? Дали имаат истите (масоните) влијание на некои поголеми светски случувања? На пр. Париската комуна и Октомвриската револуција?
http://www.texemarrs.com/082010/baku_oil_fields.htm
http://www.henrymakow.com/000275.html
http://www.bibliotecapleyades.net/sociopolitica/secretsoc_20century/secretsoc_20century05.htm
http://www.moneyteachers.org/Rothschilds+Destroy+US.htm
http://politicalvelcraft.org/2011/08/31/rothschilds-minions-lenin-obama-sun-yat-sen-the-gang-of-counterfeiters/
 

Kajgana Shop

На врв Bottom