Zidarski - А пред 1717г. значи не се знаело јавно за слободното зидарство, па како пред тоа постоело, како се иницирале членови, како се доаѓало до информација дека постои такво езотериско друштво. Ај ако сакаш објасни како пред тоа постоела масонеријата почнувајќи од 1717г. па наназад.........
Не е дека не се знаело јавно за слободното зидарство, но функционирало поинаку. Во 1717-та година, ложите се здружуваат, создаваат Голема Ложа, избираат свои претставници итн. Истото тоа го објавуваат во весниците (во тоа време - единствени медиуми).
Пред 1717, ложите иако соработуваат меѓу себе, сепак, функционираат секоја одделно, со апсолутна автономија. Ложите биле локални - односно, само во рамки на одредено гратче, или во рамки на одредена населба во поголем град. Ова е до релативно скоро така - се менува со растењето на големите градови и мобилноста на луѓето. До пред 60-тина години, луѓето работеле и живееле во непосредна близина, а и сите активности кои ги имале исто биле во непосредната нивна околина. Со развојот на автомобилите (и нивната достапност) и на авто-мрежата, се создаваат услови да се работи на неколку километри оддалеченост од местото на живеење - а соодветно - и да се членува во ложа која е на неколку километри растојание.
Самото тоа, допринесувало за поразличен фокус на активностите на ложата. Членовите биле најчесто роднини, соседи и пријатели. Немало начин непознат да влезе во ложата или да аплицира за членство преку пошта. Веќе постоечки членови, доколку сметале дека некој од нивните блиски може да биде добар кандидат - му кажувале за постоењето на ложата и што таа претставува (тој елемент речиси никогаш и не бил таен, само што не бил толку јавно достапен). Доколку тој пројавел интерес и сакал да се зачлени - тогаш гарантирале за него.