Не може така да се каже. Постојат околу сто и осумдесет Големи Ложи кои се регуларни и постојат неколку кои се нерегуларни.Zidaski
А може ли и вака да се каже ,(бидејки франција и англија се вечни ривали)
во светот постојат две регуларни ложи една француска и една англикска,која се не зависи една од друга.
и друго што ме интересира конкретно сакаш да кажеш дека ГЛДФ не работи регуларно,или оти ја немат внесенои светилината се нерегуларни,(мене ми ова личе како МПЦ што го има спорот со другите цркви кој уште не ја призбават ,и нас пред нив не прави невеници).
друго не ми е јасно братска организација која уче на еднаквост ,а прави вакви дискреминации,и друго некој добар масон пример од некоја француска ложа која за масонеријата и за човештвото ке даде придонес,нема да биде масон оти не била некоја ложа осветлена .премногу е дикутабилно и нема крај
а реално не верувам дека јас и ти би го решиле овој проблем
оти постои повеке од 200 год
а најтешко е да се договорат 2 страни кој мислат дека се во право,а не погледнат на социјализација,само на гордост.
Воопшто не станува збор за Англиско-Француско соперништво - нема никаква врска со конкретнава тема.
Напротив - Англиската и Француската ложа се во многу добри односи речиси 150 години, пред Големиот Ориент да реши да се откаже од масонските принципи. Споредбата со МПЦ не е добра аналогија - но нема да навлегуваме тука во таа тема.
Истото се однесува и на ГЛдФ - не се формирани на регуларен начин, имаат немасонски постапки низ целото свое постоење - како да ги прифати некој како масони?
Само затоа што некој се нарекува себе си масон и затоа што себе си се мисли за многу просветлен - не значи дека е масон.
Многу е битно да се разбере дека масонството, освен организација која учи на еднаквост, разбирање, толеранција и слично - е исто така организација која учи на придржување до принципите, моралот, вредностите. На основа на тие принципи и вредности, опстојува стотици години. Дали треба на секој кој ќе му текне да си формира маалско клупче и да го нарече масонско, да му се даде признание и да се прифати како таков? Ако некој член на ГОдФ, направи нешто добро и допринесе за човештвото - тогаш ќе му се оддаде почит како на добар и успешен човек, но тој - никогаш нема да биде масон.
Воопшто не станува збор за гордост, туку за критериуми. Во моментот во кој ќе почнеме да отстапуваме од сопствените критериуми, престануваме да бидеме тоа што сме.