Масони

alek34

Многу искусен форумџија
Член од
23 јуни 2009
Мислења
451
Поени од реакции
25
Daj ni definicija za JAKOST ili podobro dali tivkata reka ili silnata bura dolgorocno e pojaka? Jas ne znam pa bi cenel ako ti mi odgovoris.
јакост е кога летаат твоите авиони и ти правиш пари.

слабост е кога туѓилетаат, а ти плаќаш трошоци.
 
Член од
19 август 2008
Мислења
848
Поени од реакции
130
добро да го превртиме прашањето наопаку кога бегаш да го одговориш директно: како можевте да дозволите еден таков човек (кој има огромни проблеми со државата), да биде избран за најголем мајстор во македонија?


директното беше:
дали згреши нешто или
не бил масон или
масоните не се јаки ни колку управа за цивилна воздушна пловидба, а па камо ли да знаат да изберат водач
Многу точно ти одговорив - имаш сосема погрешно разбирање за масонството. И не само тоа - но воопшто не ја ни познаваш темата.
Не зборувам од негово име (ниту сум член на ложата во Македонија), но Живко Груевски е избран за Голем Мајстор заради своите квалитети и посветеност на масонството. Тој нема законски проблеми со државата, односно не е ниту обвинет за нешто, ниту е осуден, ниту пак има било каква законска пречка за да биде Голем Мајстор. Тоа што една од неговите фирми има спор со државата - тоа е бизнис и политика - и по никаков начин не е врзано за ложата.
Така што - ако згрешил нешто - тогаш згрешил на управата за цивилна воздухопловидба, но тоа си е меѓу нив и си има надлежни државни и меѓународни институции кои се занимаваат со тоа, по никаков начин не ја засега ложата.
Масонската ложа не е бизнис клуб, не е лоби, не се мери нејзината сила според тоа дали фирма на некој од нејзините членови има некакви проблеми или не... Така што неадеквата ти е определбата за "јакост".
Големиот Мајстор на Канадската Ложа во моментов е професор по музика. Ниту е најбогатиот, ниту најмоќниот политички член на ложата. Ние не избираме кој да биде Голем Мајстор според тоа колку е богат или каква позиција има во општеството. Во ложата - сите се еднакви и не постојат разлики според социјалниот статус!
 
Член од
10 јануари 2009
Мислења
289
Поени од реакции
3
zidarski-aj ako sakas komentiraj mi ja poslednata recenica od knigata na brigiski......390str.......ne mi e knigata do mene da ti ja citiram.........no ako ja nemas ke ja najdam pa ke pisam...........pozz:salut:
 
Член од
19 август 2008
Мислења
848
Поени од реакции
130
Еве го цитатот:
"...Масонскиот занает понатаму цвета и во многу други земји и несомнено е една од најголемите утврдени сили на дваесеттиот век..."

Масонството е една од движечките сили на дваесеттиот век, пред се заради масоните кои учествуваат во политиката, науката, јавниот живот. Илјадници пронајдоци - од пеницилинот до интернетот, политичари од Черчил до Хенри Форд, луѓе од водачи на ООН до австронаутите кои стапнаа на месечината, па до актери во Холивуд...
Од секои 10 познати личности на 20тиот век, барем 7 биле масони (немам во предвид квази познати рапери и слично, а луѓе кои се познати по своите дела).
 
Член од
13 јуни 2009
Мислења
57
Поени од реакции
0
се се само не ми е јасно погоре велиш ние! така да за кои вие сакаш да кажеш дека.............и ти си дел од нив мислам,онака само ме интересира,секако доколку не е тајна и......................како си стигналмеѓу нив пошто знам има доста критериуми да се исполнат како на пр. право на крв! ти благодарам однапред
 
Член од
19 август 2008
Мислења
848
Поени од реакции
130
Тоа што некаде си прочитал таква работа од некој што никогаш не бил член и што никогаш не влегол во ложа, не значи дека е точно.
Што тоа значи право на крв?!
 
Член од
16 август 2007
Мислења
1.929
Поени од реакции
1.659
А што ти ги оправдуеш масоните ?
во коа црква одеа тие ??
и во кој бог веруваа ?
 
Член од
19 август 2008
Мислења
848
Поени од реакции
130
Прочитај низ темава...
Секој си оди во својата црква и секој си верува во својот Бог. Тоа нема врска со масонството.
 

cvetanovskiigor

›———————‹
Член од
6 мај 2009
Мислења
1.425
Поени од реакции
57
Зидарски...Што шириш демагогија.Зошто петок 13 ви е несрекен ден.Знаеш?
 
Член од
13 јуни 2009
Мислења
57
Поени од реакции
0
pa da nasledis pravo od roditel tatko majka dedo baba ako bile clenovi na loza i ti da dobies pravo da vlezis,dokolku sakas za religijata se slagam celta e sekoj da si veruva vo svoj bog i da e posveten na verata,a kazi mi vaka kako eden od niv koi se kriteriumi za da se vleze vo edna takva loza cisto me interesira mislam ako moze odsekogas me interesiralo
 
Член од
19 август 2008
Мислења
848
Поени од реакции
130
Игор, петок 13-ти не е несреќен ден за масоните, а е народно суеверие и легенда настаната во Франција во раниот 14-ти век. Се врзува со два настани, и обата врзани со Темпларите. Прво - апсењето на Темпларите во 1307ма година, се случило на Петок 13-ти. Потоа, последниот Голем Мајстор на Темпларите е запален на клада во 1314-та година, истотака на Петок 13-ти. Легендата вели, дека пред да умре, горејќи на кладата ги проколнал тогашниот папа и кралот Филип, велејќи дека нема ни година да помине, а тие ќе му се придружат. Истотака - го проколнува народот кој е собран наоколу за да ја гледа егзекуцијата, затоа што дозволил невини луѓе да бидат убиени (мислејќи на Темпларите).
Навистина, за помалку од една година, умираат и папата и кралот Филип. Тоа кај луѓето во Париз предизвикува страшен страв (зборуваме за епоха во која суеверието владее), и се плашат дека тие се следни, заради нивниот грев кон Темпларите. Оделе до таму, што со децении на Петок 13-ти се затворале во домовите или во црквите, уплашени дека смртта ќе дојде по нив.
Основата на легендата се изгубила низ вековите, и повеќето луѓе не знаат од каде потекнува.
Swolf - не е точно - не се наследува правото од родителот (само мажи се масони). Членовите се примаат според личните карактеристики, а не според тоа кој во нивното семејство бил масон.
Во мојата ложа има членови чии татковци и дедовци биле членови на истата ложа, но има и такви кои немале никогаш масон во семејството (како мене). Во ложата, нема никаква разлика меѓу едните и другите, затоа што внатре - сите се еднакви и се третираат еднакво.
Критериумите за влез ги имам на долго и на широко објаснето, ако сакаш детално, барај низ темава (побарај ги моите први постови на форумов), а набрзина ќе ги наведам тука:
- Верба во Бог (без разлика која религија, без разлика дали припаѓа на некоја конкретна црква или не - важно е да се верува во Виша Сила).
- Возраст над 21 година (само во неколку јурисдикции е 18, и само во неколку е 25 години).
- Неосудуваност (ако направиш кривично дело откако ќе станеш член - ќе бидеш исклучен).
- Високи морални вредности (за изневерување на сопругата на пример - те исфрлаат од ложата).
- Углед во средината во која живееш и работиш (по ова не се подразбира богатство или влијание, туку вистински углед - луѓето кои те познаваат да имаат добро мислење за тебе).
Тоа се основните критериуми за членство. Не се дава десеток, ниту било каков дел од приходот, имотот или било што слично (како што многу пати се спомнува на форумов), единствено нешто кое се плаќа е годишна членарина (симболична), со која се плаќаат сметките за просторијата во која се собираме, како и вечерата по собирот.
 
Член од
6 октомври 2008
Мислења
1.884
Поени од реакции
2.087
Zidarski можеш ли на кратко да објасниш кој бил тој Хирам Абиф?:smir:
 
Член од
16 август 2007
Мислења
1.929
Поени од реакции
1.659
Прочитај низ темава...
Секој си оди во својата црква и секој си верува во својот Бог. Тоа нема врска со масонството.
А добро во секој Бог
Чим ида у црква значи има што веруваат во Христос
Тогаш зошто не им е симоболот КРСТ него имаат ставено пирамида нешто тамо ?
 
Член од
19 август 2008
Мислења
848
Поени од реакции
130
Хирам Абиф, според легендата, еден од тројцата Големи Мајстори (заедно со Соломон и Хирам од Тир). Според Библијата, потекнува од Тир и е мајстор на двата столба на Храмот.
Зошто да е симболот крст, кога тоа не е црква, ниту религиозна организација?! Дали на фудбалските тимови во Македонија во кои има играчи Христијани, симболот им е Крст?!
 

Kajgana Shop

На врв Bottom