Игор, петок 13-ти не е несреќен ден за масоните, а е народно суеверие и легенда настаната во Франција во раниот 14-ти век. Се врзува со два настани, и обата врзани со Темпларите. Прво - апсењето на Темпларите во 1307ма година, се случило на Петок 13-ти. Потоа, последниот Голем Мајстор на Темпларите е запален на клада во 1314-та година, истотака на Петок 13-ти. Легендата вели, дека пред да умре, горејќи на кладата ги проколнал тогашниот папа и кралот Филип, велејќи дека нема ни година да помине, а тие ќе му се придружат. Истотака - го проколнува народот кој е собран наоколу за да ја гледа егзекуцијата, затоа што дозволил невини луѓе да бидат убиени (мислејќи на Темпларите).
Навистина, за помалку од една година, умираат и папата и кралот Филип. Тоа кај луѓето во Париз предизвикува страшен страв (зборуваме за епоха во која суеверието владее), и се плашат дека тие се следни, заради нивниот грев кон Темпларите. Оделе до таму, што со децении на Петок 13-ти се затворале во домовите или во црквите, уплашени дека смртта ќе дојде по нив.
Основата на легендата се изгубила низ вековите, и повеќето луѓе не знаат од каде потекнува.
Swolf - не е точно - не се наследува правото од родителот (само мажи се масони). Членовите се примаат според личните карактеристики, а не според тоа кој во нивното семејство бил масон.
Во мојата ложа има членови чии татковци и дедовци биле членови на истата ложа, но има и такви кои немале никогаш масон во семејството (како мене). Во ложата, нема никаква разлика меѓу едните и другите, затоа што внатре - сите се еднакви и се третираат еднакво.
Критериумите за влез ги имам на долго и на широко објаснето, ако сакаш детално, барај низ темава (побарај ги моите први постови на форумов), а набрзина ќе ги наведам тука:
- Верба во Бог (без разлика која религија, без разлика дали припаѓа на некоја конкретна црква или не - важно е да се верува во Виша Сила).
- Возраст над 21 година (само во неколку јурисдикции е 18, и само во неколку е 25 години).
- Неосудуваност (ако направиш кривично дело откако ќе станеш член - ќе бидеш исклучен).
- Високи морални вредности (за изневерување на сопругата на пример - те исфрлаат од ложата).
- Углед во средината во која живееш и работиш (по ова не се подразбира богатство или влијание, туку вистински углед - луѓето кои те познаваат да имаат добро мислење за тебе).
Тоа се основните критериуми за членство. Не се дава десеток, ниту било каков дел од приходот, имотот или било што слично (како што многу пати се спомнува на форумов), единствено нешто кое се плаќа е годишна членарина (симболична), со која се плаќаат сметките за просторијата во која се собираме, како и вечерата по собирот.