Zajce... ми припишуваш работи кои не сум ги рекол, ниту ги тврдам.
Едно по едно, ќе се обидам да одговорам на сите постулати кои ти ги постави тука...
Во ложата НЕ СЕ ЗБОРУВА за политика! Никогаш! Политичари масони - да, има многу. Истотака има многу доктори масони, па масонеријата не се занимава со медицина. Професијата на членовите по никаков начин не влијае на она што се случува внатре во самата ложа. Инаку има многу познати политичари и ден денес кои се масони, а во минатото, некои од најпознатите државници - почнувајќи од Черчил, па до Џералд Форд.
Кога некој не ги почитува правилата на ложата - бива исфрлен од истата. Најголемата казна во масонството (и ова секој еден кој е член може да го потврди, затоа што е дел од текстот на церемонијата) - е да бидеш исклучен од братството.
Тајните кои ги спомнуваш, се од езотеричка природа. Односно, тоа не се тајни кои може некој да седне и да ти ги каже или да ги прочиташ некаде. Можеш целосниот текст на ритуалот да го најдеш (токму објавен од луѓе кои напуштиле), дури и на видео да го изгледаш во детаљи, сепак - за непосветениот, тајната на масонството ќе остане непозната - затоа што таа треба да се доживее. Во крајна сметка - тоа е природата на сите езотерички тајни, масонски или немасонски.
Церемонијата воопшто не е понижувачка. Напротив. Видеото за кое зборуваш е измислица - имам тука во оваа тема зборувано за него - детално имам објаснето зошто тоа видео не е вистинито, односно е направено од шарлатани.
Законите на државата се почитуваат, но правата на поединецот се на прво место. Доколку некој се наоѓа во тоталитарен режим, каде е роб, како тогаш да ги почитува законите кои го прават роб? Слободата е пред се.
Околу "лојалноста" на некој научник кон Хитлер... па повеќето научници во негово време ја напуштаат Германија (по настаните од 1936-та година), затоа што или треба да се стават во улога на слуги на тој систем, или да бидат депортирани. Не гледам зошто преминувањето од тоталитарно во демократско општество би било нелојално и како воопшто тоа е врзано со масонството.
Масонството не е еврејско здружение - напротив, потекнува од Христијанска средина, производ на Христијанска култура е и повеќето членови и низ историјата и денес се Христијани.