Знам за кои слики зборуваш и за поздравот, но тоа не е масонски поздрав воопшто (а да не зборуваме што дотичните фотографии кои циркулираат по интернет повеќето се обработени во фотошоп). Масонските поздрави се различни и не се покажуваат никогаш јавно, ниту пак се поздравуваат двајца масони меѓу себе во јавност со соодветните знаци, баш за да не се оддадат непотребно.
Од она што ќе го најдеш како литература и на нет и по книжарници, веројатно е дека 1 од 20 книги ќе биде адекватна и квалитетна литература со квалитетни проучувања, а останатите ќе бидат разно разни теории на заговор и измислици. Нема да те убедувам кое е вистинито, а кое не - тоа е твој избор и твое право. Само секогаш, се што ќе прочиташ, провери го од неколку извори и спореди ги основните факти.
Ако сакаш во врска со нешто конкретно да разговараме, слободно пиши, секогаш сум тука за дискусии.
Поздрав,
Зидарски