Види друже, има многу приказни, некој верува во тие приказни некој не. Имам читано нешто во врска со човековата генетика и некаде има објаснето демек човековата генетика се состои од дванаесет човечки примероци и плус една рептилоидна форма на човек. Тој вид на ,,човек“ има недостаток на човечки хормони и за да ја задржи формата на човек мора да прима човечки хормони и крв, во спротивно би почнал физички да се менува. Овој процес на формирање на модерните луѓе започнал со распадот на Атлантида и Лемурија како цивилизации кои биле многу напредни пред се технолошки. Тие рептили се дојдени од некоја галаксија (не ми текнува на името) и се Драко суштества.
Главната поента е дека човековите раси како такви исто така се создадени мноогу одамна, и тоа од некој творец кој имал технологија и си играл со генетиката.
Има многу да се пишува на оваа тема која е неприфатлива за модерната наука, и ако денешните научници сами ја побија Дарвиновата теорија.
Сите ние како луѓе имаме дел од таа рептилска генеза, во некои земји е поизразита во однос на други. Ако некој човек има над 30 % од таа генетика, кај него не се добро развиени човековите емоции, и таквите луѓе немаат грижа на совест и за нив народски се користи термин ,,ладнокрвен“, рептилите како животни немаат грејно тело, температурата во нивние тела варира па од таму е тој термин.... итн .
Многу опширна тема за дискусија, незнам дали и има нешто точно во ова, но интересна за тепање време.