Видете вака ZIDARSKI убаво ви објасни дека богатството на фамилијата Рокфелер не е поврзана со масонеријата. Исто така и јас се сложувам со тоа. Можеби некој од Рокфелерите бил масон, но не значи, а и не смее да помислите дека затоа што некојси Рокфелер некогаш бил масон направил многу пари, затоа што тоа е погрешно. Ако беше така тогаш сите богати луѓе ќе беа масони. Масонеријата е организација, пред се јавна организација со тајни белези кои треба да ги знаат само членовите на истата. Но во тоа братство не се зборува за пари и за моќ. Во тоа братство се збори за етичките и моралните особености на човекот, пред се мажот. И секој оној маж кој што е задоволен од себе и, притоа неговата фамилија не пати за ништо, народски да се искажам не е покуса од другите, а истиот тој маж сака да помогне на општеството да нема други фамилии кои се сиромашни, да помогне да земјата во која живее да има поголем развој и така натака тој може да биде масон. Масоните не се поведени од парите, туку од вистината.
И малце да дообјаснам за Фамилија Рокфелер. Според мене тоа богатство го втемелил Давид Рокфелер, како што е познато фамилијата Рокфелери се стари банкари, па сега вклучете ја логиката малце има ли сиромав банкар. А тоа што тој банкар бил Рокфелер е сосема случајно можело да биде било кој и, кога би бил друг вашите сваќања и прашања повторно ќе ги упатувавте за тоа случајно лице.