Hooligan
..The President...
- Член од
- 9 февруари 2008
- Мислења
- 2.359
- Поени од реакции
- 701
Бројни отпуштања на работници имало од компаниите “Макстил“, “Миталстил“, “Скопски легури“ и “Фени“, дознава Нетпрес. Нашите информации велат дека од понеделник повеќе нема да одат на работа 550 работници од “Миталстил“, 600 работници од “Макстил“ и 700 од “Скопски легури“. Отпуштања имало и во “Фени“ и во “Силмак“ од Јегуновце, тетовско.
Од кавадаречки “Фени“ за Нетпрес информираа дека уште вчера испратиле на принуден одмор 190 работици. Останатите компании вклучувајќи ја и компанијата “Силмак“, чиј директор бил на службено патување, не беа достапни за коментар.
Како што дознаваме, причината за овие отпуштања е драстичното намалување на цените на фероникелот, феросилициумот и силиконманганот на светските берзи.
Економски експерти изјавија дека загрижувачки за Македонија е фактот што токму оваа индустриска гранка е најголем извозник во земјава, но и учествува со најголем процент во бруто домашниот производ на државата.
Од министерството за финансии немаа никаков коментар за овој проблем, со образложение дека прво мора да се провери дали се точни информациите, а второ тие не можеле да влијаат на намалувањето на цената на фероникелот и силиконмангалот на светските берзи.