23.06.2010
COCA COLA ВИ ГО ПРЕТСТАВУВА СКОПЈЕ ГОРИ 2010!!!
Почитувани, со задоволство денес ви го објавуваме целиот line up на фестивалот Скопје гори 2010, на кој како генерален спонзор на наше огромно задоволство се јавува Coca cola.
Фестивалот го отвара белградската група Сви на под. Се работи за веројатно најталентираниот и најекспонираниот нов српски бенд. После нив ќе ги видиме Хрватите Lolobrigida. Минатогодишните победници на регионалното МТВ Адрија за прв пат доаѓаат во Скопје. После нив следува Едо Маајка кој исто така за прв пат доаѓа во Македонија во придружба на деветочлен бенд во живо, и ќе го претстави својот best off Едо албум, кој излегува деновиве.
Уводот во шоуто на Massive Attack ќе го направи со триесет минутен настап фантастичната пеачка и во моментов водечкиот светски Trip hop вокал Martina Topley Bird. Таа е позната како вокал на последните два албума на Tricky. После Martina се разбира со 90 минутно шоу настапуваат ѕвездите на вечерта Massive Atack. Тие ќе исполнат само неколку нумери од последниот албум, а остатоток на вечерта е исполнет со нивниот best off програм!
На оваа турнеа Massive Attack пружаат визуелно невиден спектакал, а помеѓу останатите пејачи кои настапуваат со нив е и легендарниот Horace Endy.
За крај, после Massive Attack како своевидно after party, но на main stage со late night show ќе имаат шанса да покажат што знаат нашите Bei The Fish!
И, за сето ова (скоро 7 часа музички програм), влезниците со симболична цена од 1000 денари од денес, среда, 23.06, веќе се во продажба на вообичаените продажни места низ цела Македонија! Исто така, во продажба ќе бидат пуштени само 500 фан пит влезници, по цена од 1500 денари.
Преземено од
тука