Масакрот кај Смиљковско езеро | Осудените пуштени да се бранат од слобода

Член од
28 јануари 2007
Мислења
511
Поени од реакции
228
На форумот на Комити прочитав дека имало сведоци на местото така да ваљда се знаат сторителите, Е сега според изјавата на Грујо дека ќе ги стигне Божја правда нема да ме чуди ако загинат во сообраќајка, ги убијат во акција или нешто слично :))
Нека им е со среќа.
 
Член од
24 март 2010
Мислења
15.155
Поени од реакции
25.638
Не студирам право, па нека биде како што викаш иако сум сигурен декa не ме лажеле :)
Не те лажеле. Ама штом со правници си зборел толку им било дозволено да видат. :D

Од постовите во темава, во едно сум сигурен - голем процент на населението веќе осуди кој е крив а тоа се Албанците. Дури и да најдат дека не се Албанци, народот ќе каже дека е местенка и дека кријат за да нема нови проблеми. Затоа ова е мој последен пост околу националноста на убијците, за кои полицијата ништо не знае а народот знае се.
Националноста на убијците во моментов е небитна. Очигледно дека жртвите се избрани без причина. Сега е битен мотивот и нарачателот.
 
Член од
15 април 2012
Мислења
5
Поени од реакции
7
Ти како покомпетентен од мене, еве ти 50 денари и оди купи ми цигари...кусурот задржи го.
Не е проблем кажи улица и број,ќе добиеш и две кутии цигари и тоа на моја сметка,со таа разлика што јас никаде не се споменав како најкомпетентен или покомпетентен за оваа работа,јас никаде не упатив закани.
 

Channar

гастроентерохепатолог
Член од
3 јуни 2011
Мислења
199
Поени од реакции
255


Све можеш да се изначиташ на темава,од баби до жаби.Бидете барем малце објективни не колку да се пише нешто...
Ај све разбирам реакцииве за Јанкулоска што се,ама што е крив премиерот,претседателот и другите министри уште неможам да сфатам.Сфатив само дека и овој настан си доби еден таканаречен ‘‘политички‘‘ шмек...
1. Не се прогласи ден на жалост во сите општини , туку само во Бутел
2. Никаде го немаше дотичниот премиер барем едно сочуство да изрази спрема семејствата.
Во вакви ситуации се препознава лидерството, сочувството итн.
Башка да башка, такво ни е општеството јебига.
 
Член од
13 октомври 2007
Мислења
3.175
Поени од реакции
434
Уште еднаш доказ за твојата култура(читај болд),и сето тоа како резултат на твојот недостиг од аргументи,мислам нема што повеќе да се дискутира со тебе ипак е ова цивилизирана средина и ова не е начин на комуникација во една таква.И незнам зошто одма скокате и почнувате да вреѓате кога ќе ве здоболи вистината,јас само ти кажав ти посочив дека ти си најмалку компетентна да зборуваш за протести колење бесење на плоштад,дека ќе си ги давела и незнам ти што.. од две причини прво не си отишла ни до продавница во последниве година две имаш целосно изгубено перцепција за надворешниов свет и друго не си способна да кренеш ни тег од две кила и нема што да се вреѓаш тука,јас само побарав од тебе да бидеш пореална оти со тие твои коментари "само да ми паднат во раце" си смешна!
Во тешка заблуда си пријателе...млада убава дама ,страшно интелигентна енергична и способна да се снајде во секоја ситуација на било какво ниво со соговорник.Околу продавницата....можеби нејзина месечна километража е поголема од твојата годишна..
Се извинувам за офф топикот..

п.с. да не ти отиде умот во погрешна насока...јас сум фамилијарен човек и без никакви предрасуди го пишувам ова...просто затоа што е вистина.
 
Член од
22 јули 2009
Мислења
107
Поени од реакции
32
Значи се сведовме на 2 тези околу убиството:

ТЕЗА 1:
После оние неколку провокации од страна на Албанците за да се дестабилизира регионов, ова МОЖЕБИ е продолжение од тие провокации. Колку да се потсетиме кои беа тие провокации со што сакаа дестабилизација на регионов:

- Обид да му се налепи етничка етикета на Вевчанскиот карневал;
- Албанци со безбол палици претепаа шест Македонци во Скопје, Тетово и Прилеп;
- Десетмина малолетни Албанци претепаа 66 годишен старец во Скопје;
- Серија напади во автобусите на ЈСП во Скопје, при што се повредени десетици луѓе;
- Албанците почнаа да ги палат црквите околу Струшко;
- ПРЕТПОСТАВКА е дека убиството на овие 5 Македонци е продолжение на оваа низа настани за дестабилизација на регионов.



ТЕЗА 2:
Акцијата ДЕТОНАТОР после оние апсења на локални мафијаши во Кочани, Штип и Струга, било планирано да се пресели во Скопје. Скопските мафијаши почувствувале раздвижување на полициски структури во цивилки и со тоа знаеле што ќе им се случува, и оттука следуваат две претпоставки:

Претпоставка 1: Скопските мафијаши испратиле предупредувачки пораки (телефонски, усни, СМС и сл) до МВР веднаш да си ги повлече полициските структури и да не им се меша во работата, во спротивно ќе има крвопролевање. МВР најверојатно има одбиено и си продолжила со работата, и скопските мафијаши ги имаат егзекутирано овие 5 души како порака дека доколку не престанат, следните жртви ќе бидат членови од нивните фамилии.

Претпоставка 2: Овие 4 деца биле некакви соработници на локалните мафијаши (не велам длабоко вмешани, туку некој вид информатори, препраќачи на информации и сл), и кога почуствувале дека им прети казна затвор, ги има фатено паника, па им имаат порачано на нивните „надлежни“ дека доколку допрат до полициска станица, нема да поштедат ниту едно име. По ова следело егзекуција со цел да се замолчат децата. 45 годишниот убиен бил сведок на настанот, па и него го ликвидирале.

Може да се примети дека ДЕТОНАТОР повеќе не се спроведува, што ептен алудира на втората теза, али ќе почекаме и ќе видиме, времето ќе покаже.
 

Zaphod Beeblebrox

Поранешен покул Божино
Член од
7 јуни 2008
Мислења
16.676
Поени од реакции
21.232
А да прекинете да си праите лични муабети на темава? Си имате пораки, профили па таму решете си ги личните проблеми.
 
Член од
17 декември 2008
Мислења
4.232
Поени од реакции
3.868
1. Не се прогласи ден на жалост во сите општини , туку само во Бутел
2. Никаде го немаше дотичниот премиер барем едно сочуство да изрази спрема семејствата.
Во вакви ситуации се препознава лидерството, сочувството итн.
Башка да башка, такво ни е општеството јебига.
Абе друже не се знае причината зошто се убиени дечките,а мислам дека сите сме свесни дека мора да постои некаква!На форумов сите се распишале мирни,добри деца,а никој лично не ги познава дечките какви биле... Зад секој настан има позадина додека не се открие,позадинита на овој џабе да си бладаме...
 
М

Мартин`

Гостин
1. Не се прогласи ден на жалост во сите општини , туку само во Бутел
2. Никаде го немаше дотичниот премиер барем едно сочуство да изрази спрема семејствата.
Во вакви ситуации се препознава лидерството, сочувството итн.
Башка да башка, такво ни е општеството јебига.
Го имаше премиерот изрази сочуство денеска баш гледав изјава, исто и Иванов претседателот ..
 
Член од
22 јули 2009
Мислења
107
Поени од реакции
32
Има ли информација некој од вас да ми каже дали децава се познавале меѓусебе, дали биле другари, пријатели и слично?
 

Kajgana Shop

На врв Bottom