Масакрот кај Смиљковско езеро | Осудените пуштени да се бранат од слобода

RebelMk

₪ ₪ ₪
Член од
18 октомври 2010
Мислења
1.698
Поени од реакции
1.036
Да, од денес е. Постирав слики од тој настан неколку страни поназад, ќе го побарам сега па ќе ти пратам линк.
Ајде те молам баш напнати сме сите и незнам има ли нови повредени од нашиве :((( ?
 
Член од
22 декември 2011
Мислења
2.322
Поени од реакции
5.358
За џабе чекаме информаци за убиството. Никат нема да се дознае кој ги убил, може само да нагодуваме.
 
Член од
5 јануари 2008
Мислења
2.806
Поени од реакции
3.062
Предлагам да се препознае очигледното - Дека овие провокации имаат за цел да предизвикаат војна, и дека таа војна е посакувана токму од оние кој толку ги мразиш. Ако се врати на ист начин, и се убие недолжен човек како реакција на овие настани, оние кој стојат позади овие мрачни планови, ќе си го добијат изговорот да започнат со тоа што го планираат.
не ми одговори , како го гледаш излезот од оваа ситуација во која што се наоѓаме?
дали велиш дека треба да си ќутиме и да си трпиме ?
 
D

dystopian

Гостин
Едно прашање што нема многу врска со темава, зошто навистина врска немам каде е ова езеро... Вчера седев со другари во Скопје Север и слушнавме далечни пукотници отприлика во истото време кога се случи убиствово. Се сеќавам се насмеавме и рековме нешо у стил "хехех ајде погина некој" :confused:

Е сега прашањето ми е дали е возможно да се чујат тие пукотници од езерото до Чаир/Север или станува збор за нешто неповрзано, зошто пукотници кај што јас живеам и не се толку ретка појава.
 

Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.949
Можда си во право. Ама ако е така, од војна никој не е ќар освен криминалците и трговците со оружје. Затоа и не е баш фер сите албанци да ги клаваме во ист кош со нив
Токму така! Се додека се генерализира, и се обвинува цел народ за постапки на поединци, ќе си имаме конфликти, омраза и војни.
Надминете го националното, согледајте дека патриотизмот и национализмот се отров со сладок вкус, кој го труе човештвото! Бидете луѓе пред се!
 
S

Shellshock nam67

Гостин
И кој е овде крив? Сигурно никој на своја рака (без политичка позадина) нема мене да ме нападне во Чаир. Доколку ме нападне без причина тогаш е психопат и треба да се затвори.

Лошо е што самите си се правиме пиони. Некој ќе ни каже оп и ние скокаме сите. Треба да размислиме со нашите глави.
prosti ova sto ce ti go kazam
ama ce te otepaat kako kuce.
Pak bidi si ti pacifista ama realnosta e taa i sama ja gledas so svoi oci !!!
 

Syn

https://www.youtube.com/watch?v=zBkuNpgACH0
Член од
23 декември 2007
Мислења
29.931
Поени од реакции
45.033
Фер изјава на дечково новинар од 24, не го осуди нападот врз неговото возило и кажа дека ако има некаква кривична за одредени лица ќе бара истите да се повлечат и дека не планира да ги влече децата по судови туку напротив, потполно го разбирал нивниот револт и сваќа дека едноставно сплет на околности било тоа што и нивното возило настрадало во вакви тензични моменти кога у црнило е завиена целата населба.

Истото го рекол и во полиција.

(y)
 

te-ultra

ILLYRIAN
Член од
17 октомври 2011
Мислења
1.930
Поени од реакции
1.100
Profesionalno zastrelani i pritoa legitimirani !!!! Cudni raboti vo poslednite 2-3 meseci !!!
 
Член од
22 декември 2011
Мислења
2.322
Поени од реакции
5.358
Едно прашање што нема многу врска со темава, зошто навистина врска немам каде е ова езеро... Вчера седев со другари во Скопје Север и слушнавме далечни пукотници отприлика во истото време кога се случи убиствово. Се сеќавам се насмеавме и рековме нешо у стил "хехех ајде погина некој" :confused:

Е сега прашањето ми е дали е возможно да се чујат тие пукотници од езерото до Чаир/Север или станува збор за нешто неповрзано, зошто пукотници кај што јас живеам и не се толку ретка појава.
На статијава подоле може да видиш мапа кај се наоѓа точно езерото
http://www.mkd.mk/25850/crna-hronika/trski-za-ribolov-ubistvo-ezero-butel-cauri/
 

Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.949
не ми одговори , како го гледаш излезот од оваа ситуација во која што се наоѓаме?
дали велиш дека треба да си ќутиме и да си трпиме ?
Постојат институции кој се задолжени да ги решаваат овие ситуации. Ако не се ефикасни, постојат механизми да се сменат тие институции! Земањето на правдата во свои раце на поединецот води до хаос и анархија!
 
Член од
26 јануари 2009
Мислења
12.012
Поени од реакции
18.826
Па сигурно убиците не биле некои цвеќиња за мирисање... Зошто досега не биле уапсени... Зошто поседувале оружје? Некој не си ја завршил работата како што треба!
Еве и тебе ќе те прашам, дали си ракувал до сега со огнено оружје? И дали свирепо би убил некој, ако дојде меѓуетничка војна?
Кога веќе државата не може да ти ја гарантира безбедноста во одредени нејзини делови (што во суштина и е нејзината основна цел), се знае кои чекори се превземаат, барем нека го кажат тоа јавно. Наместо тоа државата ни продава илузија и привиден мир преку медиумите. Секојдневно се случуваат етнички напади со оружје, што е премногу за да не се генерализираат работите.
Тоа е реалноста, а ако си ги затвориш очите таа нема воопшто да се смени. И јас сакам да имав армија и полиција кои ќе функционираа и ќе си ја вршеа основната дејност, а тоа е да си го штитат населението наместо да се занимаваат со пишување казни и спроведување закон онаму каде што можат. Јас во оваа полиција изгубив доверба сосема кога пред неколку години се случи грабеж на Прокредит Банка во строг центар на Скопје од страна на Косовари кои улетаа во сред Скопје и решетаа се живо, ранија неколку полицајци и побегнаа пак на Косово и ни трага ни глас од нив. Тоа се има случувано само во Тексас во 19 ти и на почеток на 20 ти век.
 
Член од
7 март 2009
Мислења
1.156
Поени од реакции
812
... се вртат секакви муабети низ населбава, ама јас лично мислам дека виделе нешто што не требале да видат. Најлогички е да е поврзано со Мафија или некаков шверц ,сепак станува збор за професионално убиство,,, се е можно.
И мене ми личи на нешто такво,ама за да ги ликвидираат на таков свиреп начин,јас мислам дека сепак имаат видено нешто ептен големо,можеби се работи за некој канал на дрога во кој се вртат милиони евра годишно.Сепак не знам кој може заради пари или било што др.материјално да направи ваков злочин,ова според мене е пред се злосторство спрема сите луѓе на нашава планета,ама мислам дека и убијците ќе завршат слично,затоа што нели: Кој од меч живее,од меч и ќе загине,поздрав!
 

Kajgana Shop

На врв Bottom