http://kajgana.com/odlozheno-sudenjeto-vo-sluchajot-monstrum
Главниот претрес за случајот Монструм се одложи за почетокот на јануари, откако судот го прифати барањето на адвокатите на обвинетите за петкратното убиство кај Смилковското езеро да направат увид во списите на предметот.
Обвинителката Гордана Гешковска рече дека адвокатите и обвинетите досега имале можност да направат увид во доказниот материјал,
но од нивна страна немало никаква иницијатива и барањето на адвокатите го оцени како одолговлекување на постапката.
Почело је...
На следното рочиште ќе бараат одлагање затоа што документите не им се преведени на албански јазик, па обвинетите незнаат за што се обвинети и не го разбираат обвинението
На третото рочиште ќе се разболи некој обвинет, па заради некое тешко психичко депресивно нарушување нема да биде во состојба да го следи рочиштето и секако мора да се бара одложување додека се подобри неговата ментално душевна состојба
На четврото рочиште некои од адвокатите на обвинетите нема да бидат уредно поканети и секако ќе се бара одложување на рочиштето затоа што не биле навремено известени.
На петото рочиште ќе се бара замена на обвинителката затоа што е престрасна и не го води случајот како што треба
На шестото рочиште пред судот ќе излезе хордата со знамиња и ќе бара слобода за обвинетите и заради тензичноста рочиштето ќе биде одложено
Така некако би требало да се одвиваат настаните.
Не разбирам само, какво одложување, какво презакажување, кратко и јасно, за вакво свирепо дело, приложи докази, донеси одлука и чао, пријатно. Сето тоа по брза постапка, а не вака да си играат мајтап.
За вакви гнаси, нема милост.