Добро бре луѓе, па зарем сеуште ли не сфативте дека ДПМНЕ и СДС се една иста формација(Удбашка), остајте тоа власт-опозиција, опозиција-власт, потполно се исти во секое поле, нема никаква разлика помеѓу нив, нема врска тоа патриоти-непатриоти, десница-левица, тоа само народот го замајуваат !
И јас неколку-кратно досега сум гласал за оваа влада, не дека ги сакам и им верувам, туку дека нема кој друг поасален, но општо земено тешко на нас народот, доколку чекаме Гвујо и Бванко да ја решат ситуацијата и на економски и на демократски и на безбедносен план !
И ДПМНЕ и СДС се една иста/слична формација, тоа се едни две предавнички антимакедонски удбашко-комуњарски фракции кои се тепаат меѓусебно само за власт и ништо друго !
Што дека имаме полиција, кога истата таа го одра народот, место да оди полицијата во Арачиново, во Липково, во Сарај и.т.н. таа дреме по раскрсниците и лупа казни на граѓаните, се со цел поголем буџет за градење на Дизниленди и ставање на пиратски бродови во Вардар !
Министерот за внатрешни работи Гоце Брковски се слика со откриени и конфискувани покер апарати, доктори, цариници, полицајци, професори, службеници на патарина... спектакуларно(како да се терористи)се апсат, демек зеле ’’мито‘‘ и тоа за смешни пари, досега е невиден ваков популизам, во цел свет политичарите се фалат со остварување на некои големи работи, а кај нас Гвујо и Ставрески се фалат со пластични канти за ѓубре за секое домаќинство !
Тешко на овој народ со вакви ’’водачи‘‘, мислам и на сегашниве и на бившите !