Се додека најбитните те признаваат и ти се грб ќе гураш без проблем. Швајцарија стана полноправна членка на ООН во 2002ра па тие претходно на референдум со големо мнозинство одбија членство во ООН, Тајван не е ни членка и има поголем бдп од сите екс ју држави у пакет со Грција и Бугарија. Муабетот е нас не не бива нити пак овие Косоварите али тие имаат поголема храброст и муда од нас(од апсект на држава).
Ах, чим Тајван и Швајцарија можат така лабаво да си уживаат, а не се членки на ООН, тогаш може и Косово.
Оваа наивна споредба е на многу нивоа погрешна и служи исклучиво во смирување на јавноста на Косово. Таму ја рецитираат од време на време, додека и они и нивните западни ментори, од петни жили се трудат да ја финализираат државноста со влез во ООН.
Поентата е додека можеа тоа полесно да го направат, они се курчеа, наместо да ја смират топката. Србите го издржаа тој период, а сега глобално-политичката слика на светот, а и регионот, е малку поинаква од пред 10-тина години. Мултиполарноста стана факт, а Кина и Русија се многу повеќе во Србија од пред десетина години. Вучиќ периодот го искористи за безбедносни поврзувања, кои носат гаранции.
Дали е денес полесно ЕУ и САД да ја притиснат Србија, од пред десетина години?
Пази, немам ја дилема дека Србија ќе мора да ја прифати независноста на Косово, само не сум сигурен дека условите ќе бидат исти.
Може сум грешка, може ќе прифатат се, ама мене ми личи дека нема да го решат набрзо проблемот така како што замислиле.
Може и војна пак да биде.
Нас не не бива и Косово одамна ни лепи шамари. Испраќа вооружени групи да напаѓаат тука, а потоа им доделува почести и парична помош на хероите и еден куп други примери кои покажуваат каков е тој едностран однос помеѓу нашите две земји. Нема дилеми за тоа. Може книга да се напише на таа тема.