Масакрот кај Смиљковско езеро | Осудените пуштени да се бранат од слобода

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
43.294
Поени од реакции
78.952
Ох, батко Грујо и чичко Сашо ги слушале обвинетиве долго пред да се деси масакров.
Ова се шпекулираше уште од кога првпат се спомнаа "смилковските бомби".
 
Член од
2 септември 2010
Мислења
7.148
Поени од реакции
7.515
Ох, батко Грујо и чичко Сашо ги слушале обвинетиве долго пред да се деси масакров.
Ова се шпекулираше уште од кога првпат се спомнаа "смилковските бомби".
И ден после тоа оп на месо од бизон и кавијар.
 

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
43.294
Поени од реакции
78.952
И ден после тоа оп на месо од бизон и кавијар.
Да. Барем тоа гоштевање ден после, е неоспорен факт (на страна што е Велики Петок).
Сега за сега, имаме долго прислушување на идните извршители и голема гозба со бизон и кавијар на Сашо и компанија, ден после масакрот, на Велики Петок.
 
Член од
23 ноември 2011
Мислења
14.322
Поени од реакции
32.862
Настрана каква е правата вистина и кој се е замешан, дури не се докаже вина (или невиност) во повторената постапка, овие, за вакво тешко дело, едно од најтешките не смееа по ниеден основ да бидат пуштени на слобода, нема образложение, нема член од законот што може да го оправда тоа. Огромен скандал и срам за македонското правосудство, за жал само показател дека „сваровски судството“ ќе си продолжи по старо со нови газди, ништо тука коренито нема да се смени се додека ни е дешаваат скандали како овој и политички зделки што го прави Заев исто како што ги правел Груевски пред него.
 
Член од
8 јануари 2012
Мислења
9.979
Поени од реакции
14.757
Настрана каква е правата вистина и кој се е замешан, дури не се докаже вина (или невиност) во повторената постапка, овие, за вакво тешко дело, едно од најтешките не смееа по ниеден основ да бидат пуштени на слобода, нема образложение, нема член од законот што може да го оправда тоа. Огромен скандал и срам за македонското правосудство, за жал само показател дека „сваровски судството“ ќе си продолжи по старо со нови газди, ништо тука коренито нема да се смени се додека ни е дешаваат скандали како овој и политички зделки што го прави Заев исто како што ги правел Груевски пред него.
А што прави Муки сега на Косово со двајца вработени во Агенцијата за разнување и еден ву УБК? Можеби се договора сличен план за пуштање на ``дивите` од Куманово...

 

Klin

Колце
Член од
6 јануари 2014
Мислења
4.398
Поени од реакции
7.848
А што прави Муки сега на Косово со двајца вработени во Агенцијата за разнување и еден ву УБК? Можеби се договора сличен план за пуштање на ``дивите` од Куманово...

Граѓански работи.
 
Член од
8 јануари 2012
Мислења
9.979
Поени од реакции
14.757
Да бре...ја глуп одма помислив на некои други работи:boksix:

Можеби има сезонски попуст во Приштина.....:facepalm:
 
Член од
12 март 2009
Мислења
19.813
Поени од реакции
15.735
Настрана каква е правата вистина и кој се е замешан, дури не се докаже вина (или невиност) во повторената постапка, овие, за вакво тешко дело, едно од најтешките не смееа по ниеден основ да бидат пуштени на слобода, нема образложение, нема член од законот што може да го оправда тоа. Огромен скандал и срам за македонското правосудство, за жал само показател дека „сваровски судството“ ќе си продолжи по старо со нови газди, ништо тука коренито нема да се смени се додека ни е дешаваат скандали како овој и политички зделки што го прави Заев исто како што ги правел Груевски пред него.
ова не е сваровски судство, ова е КАПИТУЛАЦИЈА
...
но можно е да го притворат оној од менувачницата:mad:

Убиените во менувачницата во Кисела Вода познати криминалци: Македонец избеган од затвор, Србин баран со потерница

– Иако за Обвинителството првично се утврдени потребните факти и докази што ја откриваат вистината и одговорноста за тоа што се случило, за да се потврди дали навистина сопственикот на менувачницата делувал во нужна одбрана, потребно е целосно прибирање на сите докази во предметот, по што ќе следува донесување на јавнообвинителска одлука, наведува ЈОРМ во денешното соопштение.
 

Казаки

Атаманот - Army of Christ
Член од
2 септември 2011
Мислења
1.526
Поени од реакции
1.967
Настрана каква е правата вистина и кој се е замешан, дури не се докаже вина (или невиност) во повторената постапка, овие, за вакво тешко дело, едно од најтешките не смееа по ниеден основ да бидат пуштени на слобода, нема образложение, нема член од законот што може да го оправда тоа. Огромен скандал и срам за македонското правосудство, за жал само показател дека „сваровски судството“ ќе си продолжи по старо со нови газди, ништо тука коренито нема да се смени се додека ни е дешаваат скандали како овој и политички зделки што го прави Заев исто како што ги правел Груевски пред него.
Ако пуштените се стварно невини, не требаше да бидат пуштени пред да се најдат вистинските виновници! Вака само му се дава простор и време на вистинските да избегаат... освен ако не легнат нови т.н. невини!!

ПС. Овој преседан допрва ќе се учи во белосветските учебници!
 
Член од
12 март 2009
Мислења
19.813
Поени од реакции
15.735
Ако пуштените се стварно невини, не требаше да бидат пуштени пред да се најдат вистинските виновници! Вака само му се дава простор и време на вистинските да избегаат... освен ако не легнат нови т.н. невини!!

ПС. Овој преседан допрва ќе се учи во белосветските учебници!
Не, се ослободуваат не само невини, дури и убијци ако има битна формалноправна грешка .
Во УСА е ослободен од обвинението за убиство на сопругата и уште едно лице познатиот фудбалер ( уса фудбал)
ама има и друго
Simpson je, u jednom od najkontroverznijih suđenja u istoriji Amerike, oslobođen optužbi za ubistvo supruge i Goldmana. Po privatnoj tužbi porodica žrtava, bilo je određeno da mora da plati 58 miliona dolara odštete, ali je isplatio samo delić te sume.
Izlazak iz zatvora u Nevadi, međutim, ne znači da su njegovi problemi sa zakonom okončani. Goldmanova porodica zaklela se da će ga progoniti dok ne isplati odštetu, što znači da mu sleduje još jedna sudska bitka.[DOUBLEPOST=1512491420][/DOUBLEPOST]Хаки Азири: Вистината за „Монструм“ ќе излезе на виделина, тука сме и не бегаме

не бегаме и по 50 евра? дневно за притвор ќе си земеме ....
 
Последно уредено:
Член од
8 јануари 2012
Мислења
9.979
Поени од реакции
14.757
Ovie vrhovnite sudii(trojca albanci)...kako advokati da im se...a ne sudii:tapp:

Детали од пресуда на Врховен со која се укинуваат пресудите за Монструм и судењето се враќа на старт
објавено: 07.12.2017 00:04:00




Врховниот суд ја објави пресудата со која ги укинува пресудите на Апелациониот и Основниот суд за случајот „Монструм“ и судењето го враќа на почеток. Во продолжение детали од пресудата кои Врховните судии ги сметаат за спорни.

Пресуадата ја донесоа судиите: Јово Вангеловски, Џемаили Саити, Шпенд Деваја, Фаик Арслани и Рахилка Стојковска.

Видно од списите во предметот, во конкретниот случај извршено е вештачење на патничкото моторно возило “Опел Омега“, со рег.бр...Меѓутоа, на одбраната и на обвинетите не им бил дозволен увид на ова патничко моторно возило, поради што одбраната на обвинетите во жалбените наводи, основано укажува дека се доведува под сомнение вистинитоста на утврдените решителни факти. Вредноста на пронајдените биолошки траги во тоа возило, за кои со ДНК анализа било утврдено дека потекнуваат од обвинетиот А.Д., со оглед дека останале неутврдени фактите по однос на наслоните за глава во задниот дел на возилото, а видно од фотографиите, тие се различни по структура, при што го доведуваат во прашање фактот од кое возило се, потоа кој е бројот на шасијата, каде се било регистрирано возилото, дали наслоните за глава на задниот дел се фиксни, или истите можат по потреба да се извадат, монтираат, демонтираат, како и со каква материјална структура се тие наслони.

Во конкрениот случај, во списите на предметот, нема докази дека ова возило било доставено на увид на обвинетите и на бранителите на обвинетите. Жалбените наводи на оваа околност биле и жалбени наводи пред второстепениот суд, меѓутоа Апелациониот суд во својата пресуда не одговорил и не дал аргументирани и образложени одговори, не дава соодветно аргументирано образложение, туку единствено се произнесува дека: “Првостепениот суд правилно оценил дека фактите чие утврдување се бара, со истакнатиот предлог од одбраната, се веќе утврдени од страна на вештите лица при изготвувањето на вештачењата, како и од исказите на вештите лица С.Н., Р.Ј. и Г.М., кои одбраната имала разумна можност да ги дискредитира на главен претрес со поставување прашања.“

По оценка на Врховниот суд на Република Македонија, ваквото образложение во пресудата на Апелациониот суд Скопје, е несоодветно и неадекватно аргументирано, бидејќи принципот на “еднаквост на оружјата“ и концептот на “фер судење“, упатуваат секоја страна во постапката да
има можност да го презентира својот случај, под услови што не ја ставаат во понеповолна положба во однос на спротивната страна.

Во случајот, Врховниот суд на Република Македонија, оценува дека правата на обвинетите и на одбраната биле ограничени до степен, кој значи дека на истите им било оневозможено фер и правично судење во постапката пред првостепениот суд, а имајќи го предвид и погоре наведеното образложение на Апелациониот суд Скопје, исто така и во постапката пред второстепениот суд. Врховниот суд на Република Македонија оценува дека се основани жалбените наводи за погрешна и нецелосно утврдена фактичка состојба.



Пониските судови не утврдиле, на кој начин и со кои дејствија, секој од обвинетите учествувал во дејствието на извршување на предметното кривично дело. Судот наоѓа, дека постои значително сомнение за решителни факти, при што странките во постапката ја проблематизираат и веродостојноста на доказите. Првостепениот суд не го утврдил начинот на извршување на кривичното дело, особено фактот, кој конкретно ги извршил повеќекратните убиства, на кој начин, кој од обвинетите со што пукал и кон кој оштетен.

Посредно изведените докази, содржани во исказите на загрозениот сведок Е-1, сведоците А.Б., Н.К., Н.Д. и Б.М., не даваат одговор на прашањето кои се директните извршители на повеќекратното убиство, на локалитетот С.Е.. Одговорот на ова прашање, не произлегува, ниту од одбраната на обвинетиот Х.А. дадена во истрага, ниту пак тоа произлегува од Секционите протоколи на Институтот, од кои судот го утврдува начинот и причините за настанување на смртта кај убиените. Додека од Наод и мислење бр.1301-1171/12 од 07.09.2012 година, на Институтот и исказот на вештото лице Б.Ј., даден на главен претрес, не може да се утврди прецизно, времето на настанување на смртта, кај убиените, бидејки во наодот е даден широк рамковен период од 10-24 часа.

Пониските судови со сигурност не утврдиле, кој со што пукал врз убиените лица, туку за оваа околност заклучуваат од посредни докази и индиции кои произлегуваат од одбраната на Х.А., и особено од телефонскиот разговор на обвинетиот А., со лицето со прекар бербер, кога тие го употребуваат зборот бурето, што според првостепениот суд има значење на пиштол. Во овој контекст, Врховниот суд смета дека, овие докази, во оваа фаза на постапката треба да содржат поголема доказна вредност, за да се утврдат правно релевантни факти, кои понатаму ке ги
детерминираат правните последици, во однос на правната квалификација на делото и правилната примена на Кривичниот законик.

Судот наоѓа дека теоријата на случај на јавното обвинителство, која се гради на исказите на загрозениот сведок Е-1 и одбраната на обвинетиот Х.А., дадена во истрага, надополнета со останати докази, не го докажува случајот надвор од секое разумно сомнение. На тоа укажуваат и жалбените наводи во однос на контрадикторноста на исказите на загрозениот сведок, кој е сослушан повеке пати во текот на постапката, кај кого се забележуваат суштински разлики, почнувајки од препознавањето во истрага, кога го препознава лицето А.Д.1, кој не е обвинет во оваа постапка, како и во текот на главниот претрес, конкретно наведени од страна на бранителите.

Вака поставената пресуда, која се заснива на исказите на загрозениот сведок и одбраната на обвинетиот Х.А., дадена во истрага, надополнета со материјални докази, како што се телата на убиените, чаури, возила и останати предмети, како и останати докази, како што се изјавите на четворицата сведоци од Ромска националност, кои не ги препознаваат обвинетите како лица кои биле видени на С.Е., од кои судот го утврдил можниот мотив за предметното кривично дело и местото на сторување, не се доволна основа, првостепениот суд да ја заокружи теоријата на поделба на улогите, на секој од учесниците во овој кривично-правен настан, подведувајки го истиот под прифатената правна квалификација, кривично дело -“Тероризам“ од член 394-б став 1 во врска со член 22 и член 394-б став 1 во врска со член 24 од КЗ.

Анализирајки ги овие околности, Врховниот суд на Република Македонија, смета дека утврдената фактичка состојба е погрешно и нецелосно утврдена, ова дотолку повеке што, ако прифатиме дека исказите на загрозениот сведок и одбраната на обвинетиот Х.А., се основата, на која судот ја заснива теоријата на докажување, истите како такви не обезбедуваат континуитет на утврдениот заклучок од страна на пониските судови, за можните сторители на убиствата и мотивот, особено ако се имаат предвид и разликите кои се појавуваат од исказите на овие лица, во однос на тоа, каде се наоѓал обвинетиот А. во 18.00 часот, критичниот ден, дали на С.Е. според исказот на загрозениот сведок, или во населба Т.П., според изјавата на обвинетиот Х.А., кој вели дека го зел од населба С.1 и го однел на последна станица на автобуската линија број
9, а првостепениот суд не сторил доволно напори, оваа контрадикторност да ја расчисти, објаснувајки го овој факт со дистанцата и можноста овој обвинет да се најде на двете места.

Согласно погоре наведеното, со оглед на доказната вредност и на останатите изведени докази, Врховниот суд на Република Македонија наоѓа дека, првостепениот суд не ги утврдил фактите надвор од секое разумно сомнение, а второстепениот суд ја прифатил таквата состојба. Во прилог на ова наоѓање, е и мислењето на Јавниот обвинител на Република Македонија, дадено на јавната седница, во кое, покрај повредата на правото на одбрана, изрази значително сомнение во
решителни факти и се проблематизира веродостојноста на доказите. Врховниот суд на Република Македонија, оценува дека во случајот основани се жалбените наводи на обвинетите изнесени во жалбите преку нивните бранители, за погрешна примена на Кривичниот законик, по однос
на примената на институтот - Соизвршителство од член 22 од КЗ.

Објективната страна на соизвршителството се состои во заедничко сторување на делото со учество во дејствието на извршување, или со превземање на друго дејствие, што во основа не претставува дејствие на извршување, но претставува особен придонес кон извршување на делото. Предуслов е да постои непосреден извршител, а заедно со него по претходен договор во остварување на делото да учествува и друго лице, или лица со превземање на некое друго дејствие.



Субјективната страна на соизвршителството претставува договорот за заедничко извршување на делото, кое најчесто подразбира и поделба на улогите на секој од соизвршителите. Во првостепената пресуда е утврдено дека обвинетите Ф.А. и С.Љ. се соизвршители на кривичното дело – “Тероризам“ од член 394-б став 1 во врска со член 22 од Кривичниот законик, со превземање на друго дејствие, бидејќи постојат непосредни извршители и тоа обвинетите: А.Д., А.И.1 и А.И. кои го превземаат дејствието на извршување повеќе дела на убиство, а заедно со нив по претходен договор во остварување на кривичното дело, учествуваат обвинетите Ф.А. и С.Љ. со превземање на друго дејствие кое претставува особен придонес кон извршување на делото, дејствие значајно за извршување на делото и за самата криминална ситуација. Притоа, првостепениот суд утврдил дека постои поврзаност на дејствијата, односно дејствието на извршување на обвинетите: А.Д., А.И.1 и А.И. и друго дејствие како особен придонес во извршување на кривичното дело, превземено од обвинетите Ф.А. и С.Љ., кое се состои во разгледување на теренот, а сето тоа со цел организирање на брзо и ефективно извршување на убиствата и бегство од местото на настанот, како дел од еден заеднички план на извршување на
делото, па затоа станува збор за заедничко сторување на исто кривично дело.

Второстепениот суд во образложението на пресудата, наведува дека кривичното дело “Тероризам“ по својата природа не претставува ненадеен, импулсивен чин во чии рамки спонтано се формира криминална волја, туку подразбира планска и заедничка акција на повеќе лица -
соизвршители во пошироки временски рамки. Меѓутоа, видно од изреката на првостепената пресуда, за обвинетиот Ф.А. даден е опис за помагање, а првостепениот суд го применува член 22 институтот Соизвршителство од Кривичниот законик. Оттука, законското битие на кривичното дело – “Тероризам“ од член 394-б став 1 во врска со член 22 од Кривичниот законик, не соодветствува со ваквиот опис на дејствието на извршување на обвинетиот Ф.А., за што основано укажува во жалбените наводи.

По однос на квалификацијата на кривичното дело – “Тероризам“ од член 394-б став 1 во врска со член 22 од Кривичниот законик, во списите на предметот не постојат непосредни докази, кој и на кој начин го извршил повеќекратното убиство, како едно од конститутивните обележја на законското битие на ова кривично дело - објективен елемент. Истотака, од изведените докази не произлегува, ниту второто обележје на ова кривично дело, односно не е утврдена постоење на умисла, односно намера за создавање на чувство на несигурност, или страв, кај неопределен круг на лица. Ова, особено со оглед на фактот дека дејствијата на одделните дела, се појавуваат како комплексно дејствије на извршување на ова кривично дело.

Со оглед на погоре наведеното, Врховниот суд на Република Македонија следуваше жалбите на обвинетите, изјавени преку нивните бранители да ги уважи, пресудата на Основниот суд Скопје I Скопје КОК.бр.80/12 и КОК.бр.88/13 од 30.06.2014 година под став I и пресудата на Апелациониот суд Скопје КОКЖ.бр.108/14 од 09.10.2015 година, да ги укине и предметот да го врати на првостепениот суд на повторно судење и одлучување. Во останатиот дел, пресудата на Основниот суд Скопје I Скопје КОК.бр.80/12 и КОК.бр.88/13 од 30.06.2014 година, под став II,
останува неизменета.

При повторното постапување, првостепениот суд е должен да ги има во предвид укажувањата на Врховниот суд на Република Македонија во оваа пресуда, праксата на Европскиот суд за човекови права, да се почитува принципот на “еднаквост на оружјата“ и концептот на “фер судење“, што подразбира секоја страна да има можност да го презентира својот случај под услови што не ја ставаат во понеповолна положба во однос на спротивната страна, а на кој начин ќе се почитуваат правата на обвинетите и правото на одбрана на истите, за да има фер и правично судење во постапката. При повторното постапување, да се изврши повторна оценка на веќе изведените материјални и вербални докази, да се изведат и нови материјални докази, како потполно и целосно би се утврдиле решителните факти, правилно да се примени Кривичниот
законик, а потоа да се донесе правилна и законита пресуда.

Врз основа на погоре наведеното, овој Суд одлучи како во изреката на пресудата, а согласно член 381 во врска со член 362 од Законот за кривичната постапка
 

Klin

Колце
Член од
6 јануари 2014
Мислења
4.398
Поени од реакции
7.848
Предлог да се смени насловот,

Борците за слобода и демократија кои учествувале во битката кај Смиљковско езеро против славомакедонската угнетувачка чизма, засега се бранат од слобода додека се скова планот за целосно ослободување.
 
Член од
10 септември 2016
Мислења
8.960
Поени од реакции
17.756
Шест години поминаа од убиството а моментално никој не е позади решетки.Еве на годишнината ретко кој се сети.Ќе поминат уште неколку години и освен фамилиите никој нема да се сеќава.А во историјата ќе биде само запаметено дека никој не одговарал за убиство на 4 млади деца и возрасен човек кои беа убиени само заради тоа што се Македонци и христијани.
Почивајте во мир браќа никогаш нема да бидете заборавени од вистинските патриоти и до гроб ќе се бориме правдата да биде донесена.Вашата смрт ќе ни дава сила за во иднина да не откажуваме лесно во борбата за Македонија.
А за оние кои ја користеа вашата смрт за политички поени нема да трошам зборови.Нив Господ ќе им плати.
 
Член од
12 март 2009
Мислења
19.813
Поени од реакции
15.735

Kajgana Shop

На врв Bottom